See also ebooksgratis.com: no banners, no cookies, totally FREE.

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Википедија:На денешен ден/Архива/Мај - Википедија

Википедија:На денешен ден/Архива/Мај

Од Википедија, слободна енциклопедија

Ова е Архивата на рубриката „На денешен ден...“

Истата има започнато да функционира на 25 јуни 2007.


Јануари - Февруари - Март - Април - Мај - Јуни - Јули - Август - Септември - Октомври - Ноември - Декември

Начин на користење на шаблоните во рубриката


Денес е сабота, 21 јуни 2008; часот е 03:32 (UTC)

На денешен ден во Мај
п в с ч п с н
  1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31
 
Архива на значајните настани подредени по дати и прикажани на Главната страница
2008 година

[уреди] 1 мај

Настани

1707  Англија и Шкотска се обединуваат и го формираат Кралството Велика Британија
1834  Британските колонии го укинуваат ропството.
1886  Во Чикаго, САД, избувна штрајк на околу 40.000 работници кои истапија со барањето за осумчасовен работен ден. На Првиот конгрес на Втората интернационала, што се одржа во Париз, во 1889 година беше решено секоја година на 1 мај, во знак на сеќавање на чикашките работници, да се одржуваат масовни демонстрации. Од 1890 година 1 мај се слави не само во знак на борбата за осумчасовен работен ден, туку како манифестација на класната солидарност на работничката класа во целиот свет.
2001  Како реакција на масакрот кај Вејце, во насилни демонстрации во Битола се запалени повеќе од 40 албански куќи, дуќани и фирми.
2004  Естонија, Кипар, Латвија, Литванија, Малта, Полска, Словачка, Словенија, Унгарија и Чешка станаа членки на Европската Унија.


Родени

1909  Јанис Рицос, поет на грчката левица. Добитник на Златен венец на СВП.
1924  Иван Антонов, доајен на македонското радио и телевизиско спикерство.
1929  Ралф Дарендорф, германски социолог
1949  Пол Тејтул Сениор, основач на Оринџ Каунти Чоперс.


Починале

1873  Дејвид Ливингстон, шкотски мисионер и истражувач
1904  Антонин Дворжак, чешки композитор
1978  Арам Хачатурјан, ерменски композитор (р. 1903.)
1994  Ајртон Сена, еден од најголемите возачи на автомобилското натпреварување во светот на „Формула 1“.


[уреди] 2 мај

Настани

1903  Во селото Смилево, демирхисарско, почна Смилевскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ на ТМРО. За претседател на Конгресот беше избран Даме Груев. Мнозинството на Конгресот се изјасни за кревање востание.
1945  СССР го објавил освојувањето на Берлин во Втората светска војна. Војниците на Црвената aрмија го развиориле црвеното знаме над Рајхстагот.
1949  Во Струмица е формиран Народниот театар „Антон Панов“. Во театарот беше изведена првата претстава, „Бегалка“ од македонскиот писател Васил Иљоски.
1952  Првиот авион на млазен погон - Де Хавиленд Комет-1 го направи првиот комерцијален лет на релација Лондон-Јоханесбург.
1999  Во текот на бомбардирањето на СР Југославија, aвијацијата на НАТО употреби „графитни бомби“, предизвикувајќи распад на електроенергетскиот систем на земјата. 70% од СР Југославија остана во мрак.
2008  Циклонот Наргис го зафати Мијанмар (поранешна Бурма) и предизвика катастрофално уништување и поплави, при што загинаа над 100.000 луѓе.


Родени

1660  Алесандро Скарлати, италијански композитор († 1725.).
1729  Катерина II, руска царица († 1796.).
1892  Манфред фон Рихтхофен - Црвениот барон, германски пилот († 1918.).
1975  Дејвид Бекам, англиски фудбалер.


Починале

1519  Леонардо да Винчи, италијански уметник и пронаоѓач (р. 1452.).
1957  Џозеф Мекарти, американски сенатор (р. 1908.).


[уреди] 3 мај

Настани

1494  Кристофер Колумбо го откри островот денес наречен Јамајка.
1945  Народната влада на Демократска Федеративна Македонија, по предлог на Комисијата за јазик и правопис при Министерството за просвета донесе решение за утврдување на македонската азбука. Азбуката првпат е отпечатена во весникот „Нова Македонија“ број 104, на 4 мај, 1945 година.
1979  Со убедлива победа на конзервативците на британските парламентарни избори е извршена смена на кормилото на власта, а Маргарет Тачер стана прва жена премиер во британската историја.


Родени

1469  Николо Макијавели, италијански политичар, дипломат, воен стручњак, поет и комедиограф.
1917  Киро Глигоров, поранешен македонски претседател.


Починале

1481  Мехмед II Освојувачот, Отомански султан (р. 1432.).


[уреди] 4 мај

Настани

1494  Кристофер Колумбо пристига на Јамајка
1814  Наполеон Бонапарта пристига на островот Елба, каде што е протеран по својот пораз
1886  Во Чикаго се случуваат Хајмаркетските немири поврзани со штрајкот од Први мај
1904  САД ја започнале изградбата на Панамскиот канал.
1953  Ернест Хемингвеј е награден со Пулицеровата награда за „Старецот и морето“.
1979  Маргарет Тачер станува првата жена премиер на Британија
1993  Управата за ПТТ на Република Македонија е примена во членството на Меѓународната унија за телекомуникации - организација на ООН во областа на телекомуникациите со седиште во Женева.


Родени

1928  Хосни Мубарак, египетски претседател
1929  Одри Хепберн, британска актерка со белгиско потекло


Починале

1903  Гоце Делчев, еден од најголемите идеолози на народноослободителното движење на македонскиот народ кон крајот на 19-от и во почетокот на 20-от век.
1980  Јосип Броз Тито, претседател на поранешна Социјалистичка Федеративна Република Југославија.


[уреди] 5 мај

Настани

553  Јустинијан I го свикал Петтиот вселенски собор во Константинопол.
1891  Петар Илич Чајковски диригирал на отворањето на концертната сала Карнеги Хол во Њу Јорк.
1936  Трупите на фашистичка Италија под команда на генерал Пјетро Бадољо го окупираа главниот град на Етиопија, Адис Абеба.
1961  Во Флорида, САД од лансирната рампа на Кејп Канаверал, Алан Шепард со космички брод е лансиран како прв американски космонаут во вселената.
1993  Република Турција и Република Македонија воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади.


Родени

1818  Карл Маркс, германски политички филозоф.
1846  Хенрик Сенкиевич, полски писател, нобеловец.
1963  Џејмс ЛаБри, вокалист на американската прогресивна метал група Dream Theater.


Починале

1821  Наполеон Бонапарта, француски император и војсководец.


[уреди] 6 мај

Настани

1682  Луј XIV го преселил својот двор од Лувр во новиот замок Версај.
1889  Во Париз официјално е отворена Ајфеловата кула во рамките на Универзалната изложба од 1889. Конструктор на кулата е инженерот Густав Ајфел. Кулата е поставена во парискиот парк Шан де Марс и е висока 320 метри.
1937  Цепелинот Хинденберг се запалил и изгорел при слетувањето во близина на Њу Јорк при што загинале 36 луѓе. Оваа несреќа го означила крајот на цепелинот како редовно воздушно превозно средство.
1991  Во Сплит е убиен Сашко Гешовски, прва македонска жртва во конфликтот во поранешна СФРЈ. Тој ден Гешовски бил на должност стражар во командата на воено-поморската област во Сплит каде на протести излегле околу 30.000 демонстранти.
1994  Во Мексико на Генералното собрание на Светската организација за нумерирање на артиклите (ЕАН), како редовен член е примена и македонската организација ЕАН-МАК.
1994  Кралицата Елизабета II и претседателот Франсоа Митеран свечено го отвориле тунелот под Ла Манш, железничка врска помеѓу Обединетото Кралство и Франција.
2007  Претседателски избори во Франција: Николас Саркози е избран за претседател на Франција.


Родени

1848  Васил Апостолов Икономов, македонски учител, фолклорист, етнограф, печатар, преведувач и калиограф.
1856  Сигмунд Фројд, австриски научник, основач на психоанализата.
1868  Николај II, руски цар (убиен 1918.).
1953  Тони Блер, британски политичар.
1954  Дора Бакојани, грчка јавна личност.


Починале

1949  Морис Метрлинк, белгиски писател од фламанско потекло.
1992  Марлен Дитрих, прочуена американска филмска актерка од германско потекло.
1993  Велко Силјаноски, редовен професор на Филолошкиот факултет во Скопје, основоположник на дисциплината фонетика на англиски јазик.


[уреди] 7 мај

Настани

1755  На иницијатива на големиот руски научник Михаил Василевич Ломоносов е отворен Московскиот универзитет, кој првобитно имаше само филозофски, правен и медицински факултет. Универзитетот набргу стана центар на руската наука.
1838  Луј Дагер, француски сликар го откри методот на механичко сликање, односно ја пронајде фотографијата.
1929  За првпат е доделена наградата „Оскар“, што секоја година ја доделува Академијата за филмска уметност и наука во Холивуд, САД, за најдобар американски филм, за најдобра машка и женска улога, за режија, сценарио и друго.
1939  Втора Светска војна: Германија и Италија склучија пакт, познат како „Оска Берлин - Рим“.
1993  Со одлука на Владата на Република Македонија од 20 април 1993 година, 7 мај е востановен како Ден на македонската полиција, а по повод истиот ден во 1903 година, кога на Смилевскиот конгрес на ТМОРО е извршена реорганизација на власта и безбедноста.
1999  Бомбардирана Кинеската амбасада во Белград, во текот на воздушната кампања на НАТО против СР Југославија. Во инцидентот загинаа тројца кинески дипломати, а настанот предизвика гнев кај раководството на НР Кина. Официјалниот став на НАТО алијансата беше дека се работи за грешка.


Родени

1833  Јоханес Брамс, германски композитор, еден од најзначајните романтичари и мајстор на соло песната.
1840  Петар Илич Чајковски, најистакнат руски композитор и еден од најголемите симфоничари на 19-от век.
1861  Рабиндранат Тагоре, индиски поет и философ.


Починале 7 мај (починале)

[уреди] 8 мај

Настани

1886  Фармацевтот Џон Стит Пембертон го изумил газираниот пијалок подоцна наречен „Кока-Кола“.
1898  Одиграни се првите натпревари од Италијанската фудбалска лига.
1902  На Мартиник еруптирал вулканот Монт Пеле и го уништил градот Сен-Пјер убивајќи над 30.000 луѓе. Само неколку жители преживеале.
1921  Во Шведска е укината смртната казна.
1945  Втора светска војна: Нацистичка Германија капитулира.
1992  Република Филипини ја призна Република Македонија.
1995  Република Македонија и Република Сингапур воспоставија дипломатски односи.


Родени

1828  Жан Анри Динан, швајцарски филантроп, основоположник на Црвениот Крст и на Женевските конвенции.
1884  Хари Труман, триесет и третиот претседател на САД.
1914  Глигор Смокварски, македонски композитор, кларинетист и музиколог.


Починале

1880  Гистав Флобер, француски писател.


[уреди] 9 мај

Настани

1926  Американците Ричард Брет и Флојд Бенет први го прелетаа со авион Северниот пол, што беше голем подвиг на младата недоволно сигурна авијација.
1945  Во Берлин, нацистичка Германија го ратификува актот за безусловна капитулација, потпишан во Ремс, Франција, на 7.05.1945 година. Победата на антихитлеровската коалиција се одбележува на 9 мај како Ден на победата над фашизмот.
1947  Во Скопје, во македонскиот народен театар е прикажана првата оперска претстава на Македонски јазик. Тоа беше операта „Кавалерија рустикана“ (или „Селска чест“ како што е запишано на првиот плакат) од Италијанскиот композитор Пјетро Маскањи.
1978  Во Рим, во автомобил, е пронајдено телото на поранешниот италијански премиер, Алдо Моро.


Родени

1874  Хауард Картер, англиски египтолог.


Починале

1805  Фридрих Шилер, еден од најпознатите германски поети и драмски писатели.
1903  Пол Гоген, француски сликар.


[уреди] 10 мај

Настани

1497  Италијанскиот морепловец Америго Веспучи тргна на првото патување во новиот свет. Во текот на патувањето, вплови до бреговите на Хондурас и на Бразил и откри нов континент меѓу Европа и Азија, наречен по него Америка.
1877  Романија прогласува независност од Отоманската Империја
1989  Алпинистите Димитар Илиевски (35) од Битола, Виктор Грошељ (36) од Љубљана и Стипе Божиќ (37) од Сплит го освоија највисокиот врв на светот, Монт Еверест. Притоа загина Димитар Илиевски.


Родени

1876  Иван Цанкар, словенечки писател, поет, раскажувач, драматург и публицист.
1878  Густав Штрасеман, германски канцелар
1899  Фред Астер, американски филмски артист и танчер.
1960  Боно, ирски пејач
1966  Џонатан Едвардс, англиски атлетичар
1969  Денис Бергкамп, холандски фудбалер


Починале

1977  Џоана Крафорд, американска артистка.
2006  Александар Зиновјев, руски философ, социолог, есеист и литературен сатиричар.


[уреди] 11 мај

Настани

1867  Со Лондонскиот Договор, потврдена е независноста и неутралноста на Луксембург.
1946  Во Милано со концертот на кој диригираше Артуро Тосканини, повторно е отворена миланската Скала. Била изградена во 1778 година, од Џузепе Пермарини и во неа може да присуствуваат 3.000 гледачи. Во неа настапуваа славните Италијански уметници: Енрико Карузо, Тито Руфо, Амелита Гали - Курчи и други. Името го добила според црквата Санта Марија Скала, која се наоѓаше на местото каде што е изградена оваа оперска зграда, која повеќепати е обновувана.
1973  Долниот дом на Парламентот на Сојузна Република Германија ја потврди спогодбата за воспоставување на односи меѓу двете Германии. Со тоа е заклучен долгогодишниот период на отворено непријателство и непризнавање на Демократска Република Германија како суверена држава.


Родени

1904  Салвадор Дали, шпански сликар и протагонист на надреализмот во Франција и САД.
1929  Гане Тодоровски, македонски поет.


Починале

1708  Жил Ардуен Мансар, француски архитект
1916  Макс Регер, германски композитор, пијанист и музички педагог, претставник на доцниот романтизам.
1976  Алвар Алто, фински архитект


[уреди] 12 мај

Настани

1993  Република Македонија воспостави дипломатски односи со Република Босна и Херцеговина.
1993  Швајцарија ја призна Република Македонија.
1994  Со руско посредство, склучено е примирје со што е прекината ерменско - азербејџанската војна во Нагорно-Карабах.
2004  Бранко Црвенковски ја презема должноста Претседател на Република Македонија.
2008  Катастрофален земјотрес од 7,9 степени по Рихтер во централна Кина однесе над 22.000 животи.


Родени

1932  Дарко Дамески, еден од најистакнатите македонски, театарски, филмски и телевизиски актери.


Починале

1707  Карл фон Лине, шведски ботаничар - систематичар, прв претседател на Шведската академија на науките, еден од најголемите дескриптивни ботаничари на сите времиња.


[уреди] 13 мај

Настани

1871  Во Италија е донесен закон со кој на Светата столица и се дозволува да има седиште во Ватикан.
1901  Македонскиот драматург Војдан Чернодрински ја формира првата македонска театарска група „Скрб и утеха“.
1961  Преку ТВ Белград е емитувана првата емисија на ТВ - студио Скопје, наречена „Балкански концерт“ која ја изведоа првенците на Балетот при македонскиот народен театар, Елпида Пакоска и Јован Пашти.
1981  Атентат врз папата Јован Павле II во Рим. Папата го преживеа атентатот.
1990  Крвава пресметка меѓу навивачите на загребски Динамо и белградска Црвена Звезда на стадионот Максимир во Загреб.
2001  Формирана е Владата на широката коалиција, во која учествуваат најзначајните политички субјекти ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДПА и ПДП со премиер Љубчо Георгиевски.


Родени

1840  Алфонс Доде, француски писател.
1842  Артур Саливен, познат британски композитор и диригент.
1882  Жорж Брак, француски сликар.


Починале 13 мај (починале)

[уреди] 14 мај

Настани

1643  Четиригодишниот Луј XIV станува крал на Франција по смртта на татко му, Луј XIII. Мајка му Ана од Австрија станува регент до неговото полнолетство.
1948  Прогласена е независната држава Израел. Арапските соседи веднаш ја напаѓаат, со што започнува Војната за независност.
1955  Седум комунистички земји и СССР потпишуваат договор за меѓусебна одбрана познат како Варшавски договор.
1999  Во текот на бомбардирањето на СР Југославија, авиони на НАТО погодија колона со бегалци на Косово. Загинаа 87 лица.


Родени

1727  Томас Гејнсборо, познат англиски портретист и пејзажист
1771  Роберт Овен, англиски социјалист, еден од најпознатите претставници на утопискиот социјализам.


Починале

1912  Аугуст Стриндберг, шведски писател (р. 1849)
1998  Френк Синатра, американски пејач и глумец (р. 1915)


[уреди] 15 мај

Настани

1926  Во Загреб проработи првата среднобранова радио-станица на Балканот.
1957  Велика Британија ја изврши првата термонуклеарна проба во централен Пацифик.
1988  По осум години војна, Советската армија го започна своето повлекување од Авганистан.
1992  Во Перт, Австралија, отворен е првиот Македонски информативен центар надвор од границите на Република Македонија.
1992  Нападнат воен конвој на ЈНА во Тузла, Босна и Херцеговина. Убиени 49 војници.
1995  Кај селото Богомила, велешко, е предадена во употреба првата електроцентрала на реката Бабуна.


Родени

1859  Пјер Кири, француски физичар и хемичар.


Починале

1987  Рита Хејворт, американска актерка.
1994  Олга Спиридоновиќ, една од најпознатите театарски и филмски актерки во поранешна Југославија.


[уреди] 16 мај

Настани

1795  Филип Пинел, француски природонаучник и лекар за душевни болести, во париската болница „Салпетриер“, отвори прво одделение за душевни болести.
1943  Германските нацисти го задушија востанието, кое на 19 април 1943 година почна во Варшавското гето, едно од најголемите што за Евреите го изгради хитлеровата власт по окупацијата на Полска. Од 70.000 жители во гетото загинаа 13.000. Се спасија само околу 80-тина жители.
1974  Собранието на СФРЈ го прогласи Јосип Броз Тито за доживотен претседател на државата.
2007  Николас Саркози ја презеде претседателската функција во Франција.


Родени

1898  Десанка Максимовиќ, српска поетеса († 1993.)
1898  Растко Петровиќ, српски поет, патеписец и дипломат.
1905  Хенри Фонда, американски филмски актер.
1924  Дауд Џавара, гамбијски државник.
1953  Пирс Броснан, ирски глумец
1966  Џенет Џексон, американска пејачка
1970  Габриела Сабатини, аргентинска тенисерка.
1973  Тори Спелинг, американска глумица
1974  Лаура Паузини, италијанска поп пејачка
1986  Меган Фокс, американски модел и актерка.


Починале

1985  Жан Дифибе, вајар и архитект, еден од најзначајните француски сликари по Втората светска војна.


[уреди] 17 мај

Настани

1973  Специјалниот сенаторски комитет во САД, ја започна истрагата за аферата „Вотергејт“, во која беше вмешан и тогашниот американски претседател, Ричард Никсон.
1994  Во Малави се одржуваат првите повеќепартиски избори.
1994  Во Скопје е отворен Првиот меѓународен саем на книги и либрографика.


Родени

1749  Едвард Џенер, пронаоѓач на вакцината против големи сипаници.
1904  Жан Габен, француски филмски и театарски артист.
1924  Митко Илиевски, еден од основоположниците на Катедрата по филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје.


Починале

1395  Крале Марко, македонски феудален владетел, крал и легендарен јунак од усното народно творештво.
1984  Ирвин Шо, американски раскажувач и драмски писател.


[уреди] 18 мај

Настани

1954  Стапи во сила Европската конвенција за човекови права.
1974  Индија изврши прва нуклеарна проба во пустината во Раџастан, со што стана шеста држава која изврши нуклеарен тест.
1977  Во Москва за време на Дванаесеттото генерално собрание на ИКОМ, 18 мај е прогласен за Меѓународен ден на музеите.
1980  Стотици илјади луѓе ја презедоа контролата над јужнокорејскиот град Квангџзу, по немирите во кои единиците на воената хунта убија најмалку двесте продемократски демонстранти.


Родени

1711  Руѓер Бошковиќ, физичар, математичар, астроном, филозоф и дипломат.
1872  Бертранд Расел, англиски филозоф.
1872  Јане Сандански, македонски револуционер.
1920  Карол Војтила, римокатолички свештеник, кој под името Јован Павле Втори во 1978 година, по 455 години, стана првиот папа кој не потекнува од Италија.


Починале

1799  Пјер Огистен Карон де Бомарше, француски писател.
1800  Александар Суворов, руски кнез и генералисимус
1908  Карл Колдевеј, германски поларен истражувач.


[уреди] 19 мај

Настани

1906  Официјално е отворен тунелот Симплон под Алпите меѓу Италија и Швајцарија, долг 19,77 километри.
1990  Во Велес е формирано Движењето на екологистите на Македонија (ДЕМ) кое во 1993 година е примено во најпознатите европски и светски асоцијации.


Родени

1890  Нгујен Тат Тан, познат како Хо Ши Мин, претседател на Демократска Република Виетнам од 1945 до неговата смрт во 1969 година.


Починале

1825  Клод Анри Сен Симон, француски социјалист, утопист и философ.
1994  Жаклина Кенеди Оназис, поранешна американска „прва дама“, сопруга на претседателот на САД Џон Кенеди..


[уреди] 20 мај

Настани

1875  Во Париз се одржа Дипломатска конференција за метарот, беше основано Меѓународното биро за мерки и тегови. Со тоа започна да се средува хаосот кој в ладеше во областа на метрологијата на мерните единици на одделни физички големини.
1876  Во селото Разловци во Источна Македонија избувна Разловечкото востание на македонскиот народ против османлиската војска. И покрај неуспехот на востанието, тоа имаше големо значење за будењето на националната свест и за народноослободителната борба на македонскиот народ.
1926  Со мирот во Џеда потпишан со кралот Ибн Сауд, Велика Британија ја призна независноста на Саудиска Арабија.
1990  Во Романија на првите слободни избори по 45 години победи партијата Фронт за национален спас.


Родени

1799  Оноре де Балзак, француски писател, автор на околу стотина книги со повеќе од две илјади ликови.


Починале

1981  Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Доситеј, прв архиепископ охридски и македонски, поглавар на Македонската православна црква.


[уреди] 21 мај

Настани

996  Шеснаесетгодишниот Ото III е прогласен за Свет Римски Император.
1871  Француската војска ги нападнала бунтовниците на Париската комуна и ги совладала по еднонеделни улични борби во Париз. Околу 30.000 комунари биле убиени.
1881  Основан е Американскиот Црвен Крст од страна на Клара Бартон.
1904  Во Париз, основана е меѓународната фудбалска асоцијација ФИФА.
1927  Американскиот пилот Чарлс Линдберг летна со авион преку Атлантикот на пат долг 5.850 километри. По 33 часа и 29 минути, Линдберг слета во Париз и стана херој, за кого со голема возбуда зборуваше целиот свет.
1932  Прво прелетување на Атлантикот од страна на жена. (Амелија Ерхарт, која поради лошо време слетала во Ирска)
1945  Венчавка на американските актери Хемфри Богарт и Лорин Бекол.
1956  Американците ја исфрлија првата хидрогенска бомба во Пацификот.
1992  Владата на Република Македонија донесе одлука за формирање на Македонско прес-биро.
2003  Катастрофален земјотрес го погодува северен Алжир, убивајќи повеќе од 2,000 лица.
2006  На референдум во Црна Гора граѓаните се изјаснуваат за независност од СР Југославија.



Родени

1471  Албрехт Дирер, германски сликар и гравер.
1921  Андреј Сахаров, советски физичар, дисидент и нобеловец


Починале

1991  Раџив Ганди, индиски премиер


[уреди] 22 мај

Настани

1819  Парниот брод „Савана“, изграден во Џорџија, САД, пристигна во Ливерпул, во Велика Британија. Тоа беше првиот параброд кој за само 25 денови го преплови Атлантикот.
1918  Германските воени авиони го бомбардираа Париз. Во историјата, тоа беше прво авионско бомбардирање на еден град.
1947  Хари Труман потпишал акт со кој на Грција и се дава воена и економска помош за борбата против комунизмот. Оваа помош овозможила пресврт во граѓанската војна во Грција, и како резултат на тоа, егзодус на македонците од северна Грција.
1972  Цејлон го доби називот Шри Ланка. Овој ден се прославува како национален празник на Шри Ланка.


Родени

1813  Рихард Вагнер, германски композитор, реформатор на операта и централна личност во нејзиниот развој во втората половина на 19 век.


Починале

1564  Жан Калвин, верски реформатор, основач на калвинистичката протестантска црква.
1885  Виктор Иго, француски писател, основач на францускиот романтизам во 19 век.


[уреди] 23 мај

Настани

1514  Во Унгарија почна селанската буна под водство на благородникот Ѓерѓ Дож. Унгарските селани кои бараа враќање на „старите права“, по четиримесечни борби зазедоа поголем дел од територијата. Војската на Дож беше разбиена кај Темишвар, а загинаа околу 70.000 востаници. Ѓерѓ Дож беше свирепо убиен.
1905  Со ираде - указ на турскиот султан Абдул Хамид, Власите се признати како посебен народ во Отоманското царство. Националните организации на Власите на Балканот го слават овој ден како Национален ден на Власите.
1962  Властите во Израел соопштија дека е уапсен поранешниот нацист, Адолф Ајхман, на кој ќе му се суди како на воен злосторник.
1992  Во Струга, во организација на Сојузот на студентите на Република Македонија, почна Првата македонска универзијада.
1995  Република Македонија и Украина воспоставија дипломатски односи.
1995  Сан Мајкросистемс (Sun Microsystems) го претстави програмскиот јазик Јава.


Родени

1951  Анатолиј Карпов, руски шаховски велемајстор и светски првак.
1972  Рубенс Баричело, бразилски возач на Формула 1.


Починале

1906  Хенрик Ибзен, норвешки писател и драматург.
1994  Џо Пас, прославен американски гитарист


[уреди] 24 мај

Настани

1928  Професорот на Лондонскиот универзитет, Александар Флеминг, го пронајде пеницилинот, прв антибиотик, ефикасен лек против многу болести.
1940  Јосиф Бродски, руски поет, добитник на Нобеловата награда за литература.
1954  Во Скопје, на сцената на скопската опера е изведена првата македонска национална опера „Гоце“, од македонскиот композитор Кирил Македонски.
1994  Во стампедо на муслиманските аџии во Мека, во Саудиска Арабија загинаа 270 лица.
1996  Во Штип е поставен камен-темелникот на црквата „Свети Кирил и Методиј“.


Родени

1734  Жан Пол Мара, познат француски револуционер, еден од водачите на француската буржоаска револуција.
1905  Михаил Шолохов, еден од најголемите руски прозаисти.


Починале

1543  Никола Коперник, полски астроном.


[уреди] 25 мај

Настани

1810  Во Рио де ла Плата (сегашна Аргентина) започна бунт против шпанскиот колонијален режим и власта ја презеде привремена влада. Овој ден се прославува како Ден на независноста на Аргентина, иако таа формално е прогласена во јули 1816 година.
1911  Претседателот на Мексико, Порфирио Дејас поднесе оставка на функцијата по победата на револуционерните сили над владините трупи во граѓанската војна во државата.
1946  Парламентот на Трансјорданија го прогласува емирот Абдула I за крал.
1958  Во Гостивар почна со редовно производство фабриката за производство на огноотпорни материјали „Силика“.
1963  Во Адис Абеба заврши Самитот на африканските држави, на кој учесниците потпишаа Договор за создавање Организација на африканско единство.
1979  Се случи најтешката несреќа во историјата на американското воздухопловство. Веднаш при летнувањето од чикашкиот аеродром се урна авионот „ДЦ-10“ на „Американ ерлајн“, при што загинаа 272 патници и членови на екипажот.
1997  Кинотеката на Македонија е примена за рамноправен член на Меѓународната асоцијација на филмските архиви.


Родени

1902  Стале Попов, македонски писател.


Починале 25 мај (починале)

[уреди] 26 мај

Настани

1882  Германскиот бактериолог Роберт Кох (1843-1910) на собирот на берлинските лекари соопшти дека го открил бацилот што ја предизвикува туберкулозата и оти пронашол лек за оваа болест - тубекулин. Кох го откри и причинителот на колерата од која во минатите столетија умираа десетици илјади луѓе во светот. За овој труд во 1905 година ја доби Нобеловата награда за медицина.
1972  Во Москва е потпишан договор меѓу САД и Советскиот Сојуз за ограничување на стратегиското нуклеарно вооружување.
1994  Весникот на албански јазик „Флака е влазеримит“ почна да излегува како дневен весник.


Родени

1799  Александар Пушкин, руски поет и писател († 1837.).
1964  Лени Кравиц, американски музичар.


Починале

1512  Бајазит II, отомански султан (р. 1447.).


[уреди] 27 мај

Настани

1703  Рускиот цар Петар Велики, на утоката на реката Нева, во Балтикот, основа град, кој според него е наречен Санкт Петерсбург (до 1914 година), Петроград (до 1924 година), Ленинград (до 1992 година), а потоа Санкт Петерсбург. Од 1712 до 1918 година беше престолнина на Русија.
1957  Пуштен е во погон првиот агрегат на ХЕЦ „Вруток“.
1996  Република Македонија и Обединетите Арапски Емирати воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасадори.


Родени

1878  Исидора Данкан, позната северноамериканска балерина, сопруга на рускиот поет Сергеј Есенин.
1912  Кирил Миљовски, македонски револуционер, академик, општественик и прв ректор на Универзитетот во Скопје.


Починале

1840  Николо Паганини, италијански композитор и виолинист.
1964  Џавахарлал Нехру, државник кој беше симбол на нова Индија.


[уреди] 28 мај

Настани

1882  Германскиот бактериолог Роберт Кох (1843-1910) на собирот на берлинските лекари соопшти дека го открил бацилот што ја предизвикува туберкулозата и оти пронашол лек за оваа болест - тубекулин. Кох го откри и причинителот на колерата од која во минатите столетија умираа десетици илјади луѓе во светот. За овој труд во 1905 година ја доби Нобеловата награда за медицина.
1972  Во Москва е потпишан договор меѓу САД и Советскиот Сојуз за ограничување на стратегиското нуклеарно вооружување.
1994  Весникот на албански јазик „Флака е влазеримит“ почна да излегува како дневен весник.


Родени

1805  Илија Марков - Малешевски, прочуен македонски ајдутски војвода во втората половина на 19 век.
1822  Дедо Иљо Малешевски, прочуен македонски ајдутски војвода, во втората половина на 19-тиот век, кој учествуваше во битките против Турците.


Починале

1805  Луиџи Бочерини, италијански композитор и виолончелист.


[уреди] 29 мај

Настани

1453  Турскиот султан Мехмед II успева по скоро двомесечна опсада да го освои Константинопол, по што градот претрпел уште едно пљачкосување и разурнување.
1953  Сер Едмонд Хилари и шерпасот Тенсинг Норкај први во историјата на човештвото се искачија на највисокиот врв на земјата, „покривот на светот“ Монт Еверест, висок 8.848 метри.
1996  Република Македонија во Хелсинки и формално пристапи кон Завршниот документ на Конференцијата за европска безбедност и соработка.
1996  Во Будимпешта, Република Македонија е примена за рамноправна членка на Европската конференција за транспорт - ЦЕМТ.


Родени

1917  Џон Кенеди, претседател на САД.
1923  Олга Спиридоновиќ, една од најпознатите театарски и филмски актерки во поранешна Југославија.


Починале

1982  Роми Шнајдер, австриска филмска артистка.


[уреди] 30 мај

Настани

1498  Кристофер Колумбо, шпански морепловец со Италијанско потекло со шест бродови исплови од шпанското пристаниште Санлукар на третото патување во новиот свет, за време на кое ги откри Тринидад и брегот на Јужна Америка.
1973  Западна Германија и Чехословачка постигнаа Договор за нормализација на односите, ставајќи крај на 32-годишните несогласувања меѓу двете земји.
1981  Во Бангладеш во обидот за државен удар, убиен е претседателот Аиаур Рахман.
1998  Во земјотресот, што ја зафати северната авганистанска провинција Тахар, загинаа најмалку три илјади лица.


Родени

1876  Владимир Назор, хрватски писател.
1922  Александар Матковски, прв доктор на историски науки од Македонија и прв историчар ориенталист.
1928  Густав Леонхарт, холандски клавијатурист и диригент
1964  Венко Андоновски, македонски писател.


Починале

1431  Јованка Орлеанка (Жан Д' Арк), француска национална хероина од Стогодишната војна (1337 - 1453.).
1640  Петар Паул Рубенс, фламански сликар.
1778  Франсоа Волтер, француски писател, историчар и филозоф.
1918  Георгиј Валентинович Плеханов, руски филозоф, политичар, историчар, критичар, естетичар и социолог.


[уреди] 31 мај

Настани

1942  Чехословачките патриоти го убија водачот на Гестапо, Рајнхард Хајдрих, еден од најсуровите нацистички злосторници, организатор на најмасовните масакри врз Полјаците, Евреите и Русите. Во знак на одмазда, нацистите го уништија селото Лидице и ги убија нивните жители.
1961  Јужна Африка се прогласи за Република, за претседател е избран Чарлс Робертс Сварт, а државата го напушти Британскиот комонвелт.
1962  Во Израел е извршена смртна казна со бесење врз нацистичкиот злосторник Адолф Ајхман, еден од главните егзекутори на Хитлеровото „конечно решение“ на еврејското прашање во Европа. Во судскиот процес е утврдено дека Ајхман е виновен за смртта на шест милиони луѓе.
1991  Во Лисабон е потпишан мировен Договор за Ангола, според кој, по околу 16 години заврши граѓанската војна во таа африканска земја.


Родени

1656  Марен Маре, француски композитор за виола да гамба
1872  Јане Сандански, истакнат македонски револуционер, војвода и еден од раководителите на ТМОРО и доследен следбеник на Гоцевите идеи.


Починале

1594  Јакопо Робусти Тинторето, Италијански сликар.
1809  Франц Јозеф Хајдн, австриски композитор.
1962  Адолф Ајхман, нацистичкиот злосторник, обесен после судскиот процес во кој е утврдено дека е виновен за смртта на шест милиони луѓе.

Ова е Архивата на рубриката „На денешен ден...“

Истата има започнато да функционира на 25 јуни 2007.


Јануари - Февруари - Март - Април - Мај - Јуни - Јули - Август - Септември - Октомври - Ноември - Декември

Начин на користење на шаблоните во рубриката


Денес е сабота, 21 јуни 2008; часот е 03:32 (UTC)

На денешен ден во Април
п в с ч п с н
  1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31
 
Архива на значајните настани подредени по дати и прикажани на Главната страница
2008 година

[уреди] 1 април

Настани

527  Византискиот император Јустин I го именувал својот внук Јустинијан I за ко-владетел и наследник на престолот.
1826  Семјуел Мори го патентирал моторот со внатрешно согорување.
1951  Формиран е Архивот на Македонија - Ден на архивистите на Македонија.
1976  Стив Џобс и Стив Вознијак ја формираат компанијата Епл (Apple).
1826  Семјуел Мори го патентирал моторот со внатрешно согорување.
2001  Холандија станала првата земја во светот што го озаконила бракот меѓу исти полови.
2001  Поранешниот претседател на Сојузна Република Југославија Слободан Милошевиќ се предал на специјалната полиција за да одговара за обвиненијата за воени злосторства пред меѓународниот трибунал во Хаг.
2002  Холандија станала првата земја што ја легализирала еутаназијата.


Родени

1578  Вилијам Харвеј, англиски доктор
1755  Жан Антелм Брија-Саварен, француски гастроном и писател.
1815  Ото фон Бизмарк, прв канцелар на обединета Германија во 1871 година.
1868  Едмонд Ростан, француски неороматичарски поет и драмски писател.
1873  Сергеј Василевич Рахманинов, руски композитор, пијанист и диригент.
1908  Абрахам Маслов, американски психолог
1920  Наум Наумовски - Борче, народен херој на Македонија.
1924  Миодраг Петровиќ - Чкаља, српски актер и комичар.
1929  Милан Кундера, чешки писател


Починале

1917  Скот Џоплин, американски џезер


[уреди] 2 април

Настани

1453  Мехмед II Освојувачот ја започнува опсадата на Константинопол кој ќе падне на 29. мај истата година.
1792  Озаконет е доларот како парична единица во САД.
1975  Завршена е ЦН Кулата во Торонто, Канада која во тоа време била највисоката градба на светот со 533,33 метри.
1982  Аргентина извршила инвазија на Фолкландските острови што го означил почетокот на Фолкландската војна помеѓу Обединетото Кралство и Аргентина. Војната завршила по два и пол месеци, на 14. јуни истата година со пораз на Аргентина и повлекување од островите.


Родени

1725  Џакомо Казанова, италијански авантурист, писател и најпознат заводник во историјата.
1805  Ханс Кристијан Андерсен, дански писател.
1840  Емил Зола, француски писател, творец и најизразит претставник на натуралистичкиот правец во книжевноста.


Починале

1791  Оноре Габриел Мирабо, француски политичар и државник.
1872  Семјуел Морзе, северноамерикански сликар и пронаоѓач.
2005  Карол Војтила, римокатолички свештеник, кој под името Јован Павле Втори во 1978 година, по 455 години, стана првиот папа кој не потекнува од Италија.


[уреди] 3 април

Настани

1789  Прославениот војсководец Џорџ Вашингтон положи заклетва и така стана прв претседател на САД, новата држава на северноамериканскиот континент.
1917  Владимир Илич Ленин се вратил во Русија од прогонство и застанал на чело на Руската револуција од 1917. Пред болшевичките водачи го претставил својот реферат „За задачите на пролетаријатот во сегашната револуција“ познат и како Априлски тези.
1945  Во Скопје, со изведувањето на претставата „Платон Кречет“ од советскиот драматург Александар Корнејчук, во режија на Димитар Ќостаров, а во превод на Блаже Конески, почна континуирано да работи Македонскиот народен театар.
1948  Претседателот на САД Хари Труман го потпишал Маршаловиот план со кој ја овластил помошта на САД од 5 милијарди долари за обновата на 16 Европски земји по Втората светска војна.
1973  Во Њу Јорк, САД е воспоставен првиот телефонски повик од мобилен телефон.
1986  ИБМ го претставил новиот производ „ПЦ Кабриолет“ (англ. PC Convertible), првиот преносен компјутер со димензии слични на денешните.
2008  И покрај намерата на другите 25 членки, Грција го спречи приклучувањето на Македонија кон НАТО, оправдувајќи го овој потег со потребата за подобрување на соседските односи со решавање на спорот со името на Македонија.


Родени

1924  Марлон Брандо, американски актер († 2004.).
1930  Хелмут Кол, поранешен канцелар на Германија.
1961  Еди Марфи, американски актер и комичар.


Починале

1882  Џеси Џејмс, американски разбојник (р. 1847).
1897  Јоханес Брамс, германски композитор, пијанист и диригент.
1990  Сара Вон, американска џез пејачка (р. 1924).
1897  Греам Грин, англиски писател (р. 1904).


[уреди] 4 април

Настани

1905  Во Индија земјотрес во близина на Кангра однел најмалку 20.000 животи.
1945  Втората светска војна заврши на територијата на Унгарија, од каде што Црвената армија ги протера германските војски.
1945  Во Скопје излезе првиот број на весникот „Флака е влазеримит“ („Пламен на братството“), прво гласило на албански јазик во Македонија.
1949  Во Вашингтон, министрите за надворешни работи на САД и на 11 западноевропски држави го потпишаа Северноатлантскиот пакт (НАТО), со кој е создадена силна воено-политичка формација на западните сојузници.
1968  Борецот за правата на американците со афричко потекло, Мартин Лутер Кинг е убиен во Мемфис, САД.
1969  Во Хјустон, САД е извршена првата операција за вградување на вештачко срце во човековиот организам. Пациентот умрел по четири дена.
1973  Во Њу Јорк, САД официјално e отворен Светскиот трговски центар, целосно разурнат во терористичките напади на Ал-Каеда од 11. септември 2001.
1975  Мајкрософт е основан од Бил Гејтс и Пол Ален.
1994  Марк Андерсен и Џим Кларк го основале Нетскејп.


Родени

186  Каракала, римски император (п. 217).
1884  Исороку Јамамото, воен адмирал, јапонски поморски командант (п. 1943).
1932  Антони Перкинс, американски актер (п. 1992).
1932  Андреј Тарковски, руски режисер и сценарист (п. 1986).
1979  Хит Леџер, австралиски глумец (п. 2008).


Починале

1617  Џон Напиер, шкотски математичар (р. 1550).
1929  Карл Бенц, германски дизајнер на мотори, пронаоѓач и инженер (р. 1844).
1931  Андре Мишелин, француски индустријалец, производител на автомобилски гуми (р. 1853).
1968  Мартин Лутер Кинг, борец за граѓански права и за мир (р. 1929).
1988  Славјанка Влахчева, прва медицинска сестра во Македонија.


[уреди] 5 април

Настани

1942  Во екот на Втората светска војна Јапонија ја нападнала Шри Ланка.
1654  Со мирот во Вестминстер заврши првата англо-холандска војна. Со победата врз Холандија, Англија ја скрши холандската надмоќност на море.
1955  Британскиот премиер Винстон Черчил поднесе оставка на функцијата. Неговото премиерско место го наследи шефот на братанската дипломатија Ентони Идн.
1989  Виетнам соопшти дека до 30 септември 1989 година ќе ги повлече сите војници од Камбоџа што означи крај на меѓусебниот десетгодишен конфликт.
1992  Српските сили воспоставиле опсада на Сараево. Градот останал под опсада до 29 февруари 1996, што е најдолгата опсада во современата воена историја.
1998  Најдолгиот висечки мост на светот, мостот Акаши-Каикио во Јапонија, е отворен за сообраќај.
1999  Властите во Либија ги предадоа двајцата Либијци осомничени дека во декември 1988 година ја предизвикале експлозијата на американскиот патнички авион „Боинг 747“ над местото Локерби во Шкотска, при што загинаа 270 лица.




Родени

1588  Томас Хобс, англиски филозоф, продолжувач и систематизатор на класичниот англиски емпиризам. Познат е по максимата „Човек на човека му е волк“ (п. 1679).
1908  Херберт фон Карајан, австриски диригент (п. 1989.).
1962  Кирсан Иљyмжинов, актуелен претседател на ФИДЕ и престедател на руската Република Калмикија.


Починале

1794  Жорж Дантон, француски револуционер, противник на монархијата во Француската буржоаска револуција.
1987  Калипсо Налча, прва жена - професионална артистка во Македонија.


[уреди] 6 април

Настани

885  Во Велиград, Велика Моравија (денешна Чешка), умрел и бил погребан Свети Методиј.
1814  Наполеон абдицирал и подоцна бил протеран на островот Елба, близу до Италија.
1896  Во Атина почнале првите модерни Олимписки игри кои биле организирани од страна на Французинот Пјер де Кубертен, претседател на Меѓународниот олимписки комитет од 1896 до 1925 година. На игрите кои завршиле на 14 април, учествувале 484 натпреварувачи.
1909  Американскиот поларен истражувач Роберт Едвин Пири (1856 - 1920) прв стигнал на Северниот пол. Пири го испитал и најсеверниот дел на Гренланд („Пириева земја“) и напишал неколку дела за своите патувања, како што се „Најблиску до полот“, „Северниот пол“ и „Тајните на поларните патувања“.
1917  САД во Првата светска војна, по вонредното заседание на Конгресот, ѝ објавиле војна на Германија.
1941  Нацистичка Германија без објава ги нападнала Југославија и Грција. Нападот започнал со бомбардирање на Белград, кој е речиси целосно разорен, а 12.000 луѓе го загубиле животот.
1991  Во Прилеп почнал Првиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.
1994  Започнал геноцидот во Руанда кој однел над 500.000 животи, откако е соборен авионот кој ги превезувал претседателите на Руанда Џувенал Хабјаримана и на Бурунди Циприен Нтаријамира.


Родени

1483  Рафаело Санти, италијански сликар, најголем претставник на ренесансата во сликарството († 1520.).
1890  Антони Фокер, холандски дизајнер на авиони († 1939.).
1927  Гери Мулиган, американски џез музичар († 1996.).
1965  Стефан Петерхансел, француски моторциклист и автомобилист.


Починале

885  Свети Методиј, заедно со брат му Кирил основоположник на словенската писменост (р. околу 815.).
1199  Ричард Лавовско Срце, Крал на Англија (р. 1157.).
1520  Рафаело Санти, италијански сликар, најголем претставник на ренесансата во сликарството (р. 1483.).
1528  Албрехт Дирер, германски сликар и гравер (р. 1471.).
1887  Иван Крамској, руски сликар.
1971  Игор Стравински, руски композитор (р. 1882.).
1992  Исак Асимов, американски писател од руско потекло (р. 1920.).
2000  Хабиб Бургиба, основачот на современ Тунис (р. 1903.).
2005  Рение III, Принцот од Монако (р. 1923.).


[уреди] 7 април

Настани

1348  Во Прага е основан Карловиот Универзитет, прв во централниот дел на Европа.
1795  Франција го усвоила метарот како основна мерка за должина.
1906  Везув еруптирал и го уништил градот Неапол во Италија.
1939  Втора Светска војна: Фашистичка Италија започнала инвазија врз Албанија.
1945  Втора Светска војна: Американските авиони го потопија најголемиот јапонски воен брод „Јамато“.
1947  Умре американскиот автомобилски магнат Хенри Форд. Првите „бензински кочии“ ги конструирал во 1896 година, а од 1899 го започнал производството на автомобили.
1948  Во рамки на Обединетите Нации, основана е Светската Здравствена Организација.
1953  Даг Хамаршелд, шведски дипломат, е избран за генерален секретар на Обединетите нации.
1963  Усвоен е новиот устав на Југославија, со кој таа се преименува во Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ), а Јосип Броз Тито е прогласен за доживотен претседател.



Родени

1915  Били Холидеј, американска џез пејачка.
1939  Френсис Форд Копола, американски режисер.
1944  Герхард Шредер, германски канцелар.
1964  Расел Кроу, новозеландски актер.


Починале

1614  Ел Греко, шпански сликар со грчко потекло.
1947  Хенри Форд, основач на компанијата Форд Мотор.
1953  Димитар Влахов, македонски револуционер, политичар и публицист.
1968  Џими Кларк, шкотски автомобилист.


[уреди] 8 април

Настани

1513  Шпанскиот истражувач Хуан Понсе де Леон ја открил Флорида и ја прогласил за Шпански посед. Во 1819. Шпанија ја продала Флорида на САД за 5 милиони УСД и ветување дека ќе се откажат од претензии кон Тексас.
1820  Милоска Венера е откриена на островот Милос во Грција и станала првостепена атракција кога била изложена во Лувр во Франција, иако некои не ја делеле воодушевеноста, на пример Пјер-Огист Реноар рекол дека „потсетува на голем џандар“.
1904  Франција и Обединетото Кралство потпишале „Срдечен сојуз“, предвесник на Антантата која била воен сојуз во текот на Првата светска војна и Втората светска војна, и крај на долговековните војни помеѓу двете земји.
1971  Во Лондон почна Првиот конгрес на Ромите кој траеше до 11 април. По тој повод Организацијата на обединетите нации го прогласи 8-ми април за Светски ден на Ромите.
1993  Со акламација во Генералното собрание на ОН, Република Македонија е примена како 181 рамноправна членка на Организацијата на обединетите нации под името „Поранешна Југословенска Република Македонија“.
1995  Република Македонија и Сојузна Република Југославија воспоставија дипломатски односи.


Родени

1870  Анастас Лозанчев, Македонски револуционер († 1945).
1909  Круме Кепески, македонски педагог, лингвист, преведувач, собирач на македонски народни умотворби, граматичар, автор на првата Македонска граматика († 1988).
1938  Кофи Анан, седми Генерален секретар на ООН, добитник на Нобеловата награда за мир во 2001.


Починале

1848  Гаетано Доницети, италијански оперски композитор, романтичар, творец на музика, полна со драмска динамика.
1973  Пабло Пикасо, шпанско-француски сликар, еден од најголемите светски сликари.


[уреди] 9 април

Настани

1387  Османлискиот цар Мурат I го освоил Солун.
1682  Роберт Кавалие де Ла Сал го открил устието на реката Мисисипи, го прогласил за француска територија, и го нарекол по својот крал - Луизијана.
1865  Воениот водач на Конфедерацијата генерал Роберт Ли се предал заедно со своите војски на силите на Унијата (САД) со што завршила Граѓанската војна во САД.
1867  Сенатот на САД со еден глас мнозинство го ратификувал договорот за купување на Алјаска од Царска Русија за 7.200.000 УСД, или околу 4,75 центи за хектар.
1873  Од Солун во Велес пристигна првиот воз. Поради тоа, 9 април е прогласен за Ден на македонските железничари.
1909  Турски офицери на импровизираното игралиште на полјанката зад некогашната Учителска школа во населбата Ислахане (Идадија) во Скопје го одиграа првиот натпревар меѓу себе. Овој датум е прогласен за Ден на македонскиот фудбал.
1967  Првиот лет на Боинг 737.
2003  Багдад и Ирак биле освоени од коалиционите сили предводени од САД.


Родени

1821  Шарл Бодлер, еден од најголемите француски писатели во 19 век.


Починале

1626  Франсис Бекон, англиски филоsоф и државник.
1983  Александар Доброхотов, руски педагог и кореограф на Балетот при Македонскиот народен театар во Скопје.


[уреди] 10 април

Настани

1915  Патувајќи од Мелник за Неврокоп, во близина на Рожденскиот манастир, врховистичките наемници го убија Јане Сандански, врвна личност во македонското национално ослободително движење пред и после Илинденското востание од 1903 година.
1948  Започна изградбата на хидроцентралите „Маврово“.
1953  Избран е Даг Хамаршелд од Шведска, вториот генерален секретар на Организацијата на обединетите нации. Роден е во 1905 година, а загина во авионска несреќа во Катанга, во 1961 година.


Родени

1847  Џозеф Пулицер, значајно име во американското новинарство.


Починале

1915  Јане Сандански, истакнат македонски револуционер, војвода и еден од раководителите на ТМОРО и доследен следбеник на Гоцевите идеи.
1964  Лазар Личеноски, македонски сликар.


[уреди] 11 април

Настани

1713  Потпишан е Утрехтскиот мировен договор како дел од тринаесетгодишната Војна за шпанското наследство помеѓу речиси сите поголеми Европски сили од 18.век.
1919  На Мировната конференција во Париз е формирана Меѓународната организација на трудот.
1921  Првиот спортски радио-пренос. Се пренесувал боксерски меч помеѓу Џони Реј и Џони Данди во САД.
1945  Втора Светска војна: Американските војници го ослободија нацистичкиот концентрационен логор Бухенвалд.
1964  Фриц Фрелинг и Дејвид Депати ја лансирале серијата цртани филмови со Пинк Пантер и истата година освоиле Оскар за кус анимиран филм.
1991  Советот за безбедност на ОН го објави формалниот крај на Заливската војна, прифаќајќи го ветувањето од страна на властите во Ирак дека ќе платат за штетите од војната и ќе го уништат оружјето за масовно уништување.
1992  Регистриран е Македонскиот олимписки комитет (МОК), формиран на 20. март истата година. За прв претседател е избран д-р Васил Тупурковски.
1995  Во Скопје е формирано Здружението за примена на македонскиот литературен јазик во службената и јавната комуникација.


Родени

1755  Џејмс Паркинсон, англиски лекар, ја открил болеста на нервниот систем наречена по него († 1824).
1981  Алесандра Амброзио, бразилски модел.
1987  Џос Стоун, англиска пејачка.


Починале

1514  Донато Браманте, италијанскиот архитект.
1854  Карл Фон Базедов, познат германски лекар и научник.
1985  Енвер Хоџа, албански политичар и државник.
2007  Курт Вонегат, американски писател (р. 1922).


[уреди] 12 април

Настани

1204  Крстоносците го освоиле и опустошиле Константинопол.
1861  Започнала Американската граѓанска војна со нападот на силите на Конфедерацијата на Форт Сумтер во Јужна Каролина.
1903  Меѓу железничката станица во Истборн и градчето Мидс, во англиската грофовија Сасекс, воведена е првата редовна автобуска линија во светот.
1945  Дотогашниот потпретседател Хари Труман станал претседател на САД, откако претседателот Франклин Рузвелт починал додека бил на функција.
1961  СССР го лансирале во орбита околу Земјата вселенскиот брод „Восток -1“ во кој се наоѓал првиот човек во вселената: 27-годишниот космонаут Јуриј Алексеевич Гагарин.
1966  Американските авиони првпат ја бомбардираа територијата на ДР Виетнам, со што почна ескалацијата на војната во Индокина.
1981  Првиот лет на првото повеќекратно употребливо и пилотирано вселенско летало „Колумбија“ на НАСА.
1992  Отворен е Паркот Дизниленд во Париз, прв во Европа.


Родени 12 април (родени)

Починале

1945  Франклин Делано Рузвелт, претседател на САД, кој на должноста беше избран четири пати.


[уреди] 13 април

Настани

1898  Француската академија на науките објави дека Марија Склодовска - Кири, хемичар и физичар од полско потекло откри нов елемент кој го доби името радиум.
1913  Во Општинскиот театар во Битола е одржана првата кинопретстава. Прикажана е премиерата на филмот „Градинарот Лаврициус“.
1943  Германците објавиле дека во окупираниот дел на Русија, во Катинската шума, нашле масовни гробници со повеќе од 4.000 поранешни полски воени заробеници кои силите на СССР претходно ги заробиле по нападот на Полска во 1939-1940. Откритието ги нарушило односите меѓу СССР и другите сојузници во Втората светска војна. Русија го признала масакрот дури во 1990.
1913  Во Општинскиот театар во Битола е одржана првата кинопретстава. Прикажана е премиерата на филмот „Градинарот Лаврициус“.
1970  Експлодирал еден од двата резервоари со кислород во вселенското летало Аполо 13 и екипажот бил во смртна опасност сѐ до враќањето на Земјата четири дена подоцна.


Родени

1519  Катерина де Медичи регент на Франција и сопруга на Анри II крал на Франција († 1589.).
1885  Ѓерѓ Лукач, унгарски филозоф, естетичар, политичар, еден од најзначајните марксистички филозофи на 20 век († 1971.).
1906  Антон Панов, македонски драмски писател († 1968.).
1906  Семјуел Бекет, Ирски писател и нобеловец († 1989.).
1963  Гари Каспаров, руски шахист-велемајстор, светски шаховски шампион (1985. - 2000.).


Починале

1695  Жан де Ла Фонтен, француски поет и баснописец.


[уреди] 14 април

Настани

1865  Во театарот Форд во Вашингтон Џон Вилкес Бут го застрелал претседателот на САД Абрахам Линколн.
1894  Во Њу Јорк е претставен кинетоскопот на Едисон, апарат за гледање на подвижни слики, предвесник на филмот.
1912  Британскиот патнички пароброд „Титаник“ на своето прво патување преку Атлантикот кон Њу Јорк, удрил во санта мраз во Северниот Атлантик и потонал следното утро при што загинале 1503 луѓе.
1915  Турција извршила инвазија на Ерменија. Политичките обвинувања за тоа дека Турција извршила геноцид врз десетици илјади лица во Ерменија постојат и денес.
1941  Усташите, хрватска екстремно десничарска нацистичка и фашистичка организација, се задолжени за управувањето со Независната држава Хрватска од Силите на оската по инвазијата врз Југославија од 6. април истата година.
1992  Во гарнизонот во Охрид пристигнал првиот регрут на Армијата на Република Македонија.
1994  Цариниците во Република Македонија за првпат го одбележаа својот празник - Ден на Царинската служба на Република Македонија.
1995  Република Македонија и Големата Социјалистичка Либиска Народна Џамахирија воспоставија дипломатски односи.


Родени

1907  Франсоа Дувалие, хаитски диктатор
1957  Михаил Плетњов, руски пијанист, диригент и композитор


Починале

1759  Георг Фридрих Хендл, германскиот композитор.
1930  Владимир Мајаковски, руски писател
1964  Рејчел Карсон, американска екологистка
1986  Симон де Бовоар, француска писателка и философ.
1997  Видое Подгорец, македонски писател


[уреди] 15 април

Настани

1912  По сударот во санта мраз нешто пред полноќ предходниот ден, потона прекуатланскиот брод Титаник. 1517 лица го загубија животот.
1923  Инсулинот станува општо достапен за болните од дијабетес.
1955  Во државата Илиноис во САД е отворен првиот ресторан Мек Доналдс.
1992  Во касарните во Скопје, Битола, Штип и Охрид пристигнаа првите регрути од регуларниот состав на Армијата на Република Македонија.
1994  Потпишан е општиот договор за трговија и царински тарифи ГАТТ.


Родени

1452  Леонардо да Винчи, Италијански ренесансен уметник, градител и научник († 1519.).
1489  Синан, Отомански царски архитект (п. 1588.).
1707  Леонард Ојлер, швајцарски математичар и физичар († 1783.).


Починале

1765  Михаил Василевич Ломоносов, руски научник, писател, академик и енциклопедист со светски глас.
1865  Абрахам Линколн, шеснаесеттиот претседател на САД.
1980  Ванчо Николески, истакнат македонски писател.
1980  Жан Пол Сартр, француски филозоф и писател.
1992  Александар Матковски, прв доктор на историски науки од Македонија и прв историчар ориенталист.
1997  Д-р Иван Пухан, еден од основачите на Правниот факултет во Скопје.


[уреди] 16 април

Настани

1945  Формирана е првата македонска влада на чело со Лазар Колишевски
1991  Собранието на Социјалистичка Република Македонија го усвои нацрт-амандманот за бришење на атрибутот „Социјалистичка“ пред името на Социјалистичка Република Македонија.
2007  Во Хаг започна судскиот процес против поранешниот македонски министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски за наводни воени злостроства во конфликтот во 2001. Покрај Бошкоски обвинет е и Јохан Тарчуловски.


Родени

1646  Жил Ардуен Мансар, француски архитект
1844  Анатол Франс, француски писател
1889  Чарли Чаплин, најголем артист на немиот филм.
1924  Хенри Мансини, познат американски композитор на музика за многу филмови.
1927  Бенедикт XVI, римски папа


Починале

1828  Франциско Хосе де Гоја, шпански сликар и гравер.
1859  Алексис Токвил, француски историчар


[уреди] 17 април

Настани

1941  Кралството Југославија капитулира пред нападот на Силите на оската во Втората светска војна.
1961  Инвазија во Заливот на свињите: 1511 кубански бегалци во САД, обучени и финансирани од ЦИА, се истоваруваат во Заливот на свињите на Куба со цел да го соборат Фидел Кастро.
1971  Излегува во продажба првиот соло албум на Пол Мекартни McCartney.


Родени

1894  Никита Сергеевич Хрушчов, советски политичар и државник.
1912  Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Гаврил, поглавар на Македонската православна црква.


Починале

1790  Бенџамин Франклин, американски државник, филозоф, физичар, економист и писател.
1993  Тургут Озал, осми по ред турски претседател.


[уреди] 18 април

Настани

1941  Со одбрение на Хитлеровата врховна команда, единиците на Петтата бугарска армија, со Шестата и со Седмата пешадиска дивизија, ја започнаа воената окупација на Македонија.
1942  Американската авијација првпат го бомбардира Токио.
1951  Во Париз, Белгија, Западна Германија, Италија, Луксембург, Франција и Холандија потпишаа Договор за создавање Европска заедница за јаглен и челик.
1954  Гамал Абдел Насер стана премиер и воен гувернер на Египет.
1955  Во индонезискиот град Бандунг започна афроазиска конференција на 29 земји, на која се потврдени принципите на деколонизација и создавање на „третиот свет“.
1980  Јужна Родезија под името Зимбабве стана 50-та независна држава во Африка.
1994  Странските хуманитарни организации соопштија дека етничките масакри на припадниците на племињата Хуту и Тутси, за време на кои се убиени околу милион лица, ја зафатиле целата територија на Руанда.
1996  Република Македонија и Република Руанда воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади.


Родени

1977  Леополд Стоковски, американски диригент од полско потекло, пропагатор на современата музика, еден од најпознатите диригенти во светот.


Починале

1955  Алберт Ајнштајн, физичар, најистакнат теоретичар на новата епоха во физиката.


[уреди] 19 април

Настани

1587  Англискиот адмирал Сер Френсис Дрејк ја потопува шпанската флота кај Кадиз.
1775  Во Масачусетс, започнува американската војна за независност од Велика Британија.
1839  Со Лондонскиот Договор, се формира кралството Белгија, а потврдена е и независноста на Луксембург.
1909  Јованка Орлеанка е прогласена за светица.
1943  Втора Светска војна: Започнува неуспешно востание против нацистичката окупација во варшавското гето.
1945  Втора Светска војна: Американските војници го зазедоа германскиот град Лајпциг.
1956  Склучен е бракот помеѓу американската актерка Грејс Кели и Рение III.
1961  Американската инвазија на Заливот на Свињите, во Куба, завршува со неуспех.
1971  СССР ја лансира вселенската станица „Салјут“ во орбитата околу Земјата.
1993  Кралството Холандија ја призна независноста на Република Македонија.
1995  Бомбардирана е федералната зграда на Оклахома Сити (Оклахома, САД). 168 мртви.
1997  Демократската и Либералната партија се обединија формирајќи ја Либерално демократската партија.
1999  Германскиот парламент се враќа во Берлин.
2000  Боинг 737 на Air Phillipines се урива на аеродромот во Давао, убивајќи 131 лице.
2005  Јозеф Ратцингер е прогласен за папа (Бенедикт XVI).


Родени

1772  Давид Рикардо, англиски економист.
1979  Кејт Хадсон, американска актерка
1987  Марија Шарапова, руска тенисерка


Починале

885  Методиј Солунски, македонски и сесловенски учител и просветител.
1588  Паоло Веронезе, венецијански маниристички сликар
1768  Џовани Антонио Канал, повеќе познат како Каналето, венецијански сликар
1824  Џорџ Гордон Бајрон, англискиот поет.
1882  Чарлс Дарвин, британски научник, творец на теоријата на еволуцијата на живите суштества.
1906  Пјер Кири, француски физичар и хемичар, нобелов лауерат.
1989  Дафне ди Марие, англиска писателка


[уреди] 20 април

Настани

1972  Американското вселенско летало „Аполо 16“ се спушти на површината на Месечината.
1991  На 11-от Конгрес на СКМ - Партија за демократска преобразба е формиран Социјалдемократскиот сојуз на Македонија
1999  Во Џеферсон Каунти, Колорадо е извршен масакр во средното училиште Колумбина


Родени

571  Мухамед, основач на исламот.
1808  Наполеон Трети, француски император
1923  Тито Пуенте, американски музичар
1929  Гро Харлем Брунтланд, норвешки премиер
1949  Масимо Далема, италијански премиер
1967  Мајк Портној, американски музичар
1972  Кармен Електра, американска актерка


Починале

1854  Вилхелм Шелинг германски филозоф и последен претставник на германската класична филозофија. Во своето учење го поврзуваше Фихтеовиот идеализам со Спинозовиот пантеизам.
1872  Људевит Гај, голем хрватски идеолог и водач на Илирското движење.
1889  Адолф Хитлер, водач на Третиот рајх и на нацистичка Германија, еден од најголемите злосторници на историјата во човештвото.
1982  Ацо Шопов, истакнат македонски писател и академик.
1995  Милован Ѓилас, југословенски политичар


[уреди] 21 април

Настани

753 п.н.е.  Според преданието, Ромул и Рем го основале градот Рим.
1836  Војската на Тексас под водство на Сем Хјустон ги победила Мексиканските сили на генералот Антонио Лопез де Санта Ана во решавачката битка на Тексашката револуција.
1944  Жените во Франција добиле право на глас.
1918  Прва светска војна Германскиот воен пилот Манфред фон Рихтхофен познат како Црвениот барон е погоден и убиен во небесна битка над Во сур Сом во Франција.
1946  Во Скопје е изведена првата премиера на Куклената секција при Македонскиот народен театар. Тоа беше претставата „Силјан Штркот“, според истоимената народна приказна.
1956  Елвис Присли за прв пат е на прво место на топ-листите.
1967  Неколку дена пред општите избори во Грција, полковникот Јоргос Пападопулос спровел државен преврат со кој воспоставил воен режим во земјата кој траел следните 7 години.
1994  Во населбата Драчево, кај Скопје е предадена во употреба земската сателитска станица за директна телекомуникациона врска меѓу Република Македонија и САД.


Родени

1729  Катерина II Велика, руска императорка (по новиот календар 2.мај) († 1796).
1816  Шарлота Бронте, англиска писателка († 1855).
1926  Елизабета II, кралица на Обединетото Кралство.
1947  Иги Поп, американски рок-пејач.


Починале

1910  Марк Твен, американски писател, еден од најголемите хумористи на своето време.


[уреди] 22 април

Настани

1500  Португалскиот морепловец Педро Кабрал стигнал до Бразил и го прогласил за Португалски посед. Ден на откривањето на Бразил.
1920  Стапија во штрајк поштарите во Македонија. - Ден на поштарско-телеграфските работници на Македонија.
1964  Танганика и Занзибар се обединиле во заедничка држава - Танзанија.
1970  Во САД се одржаа најмасовните демонстрации во историјата за зачувување на животната средина. - Ден на планетата Земја.
2007  Ѓорѓи Трендафилов е избран за претседател на ВМРО-Народна партија


Родени

1451  Кралицата Изабела I од Кастилја и Леон (п. 1504).
1707  Хенри Филдинг, англиски писател
1724  Имануел Кант, основоположник на германската класична философија.
1870  Владимир Илич Ленин - организатор на Октомвриската револуција во Русија и основач на СССР, социолог и марксист. Ги воспоставил тајната полиција Че-Ка и Црвениот терор, и во име на револуцијата ги убивал и затворал политичките и класните противници.
1881  Александар Керенски, руски политичар
1884  Ото Ранк, австриски психолог (п. 1939).
1891  Никола Сако, американски анархист (п. 1927).
1899  Владимир Набоков, руски писател (п. 1977).
1904  Роберт Опенхајмер, американски физичар (п. 1967).
1916  Јехуди Мењухин, еврејско-американско-британско-швајцарски виолинист (п. 1999).
1930  Драги Костовски, македонски артист.
1937  Џек Николсон, американски актер
1982  Кака, бразилски фудбалер
1988  Маја Никшиќ, македонска убавица


Починале

2007  Томе Арсовски, македонски писател


[уреди] 23 април

Настани

1972  Во Скопје е поставен камен-темелник на Соборниот архиепископски храм на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“, кој е осветен на 12 август 1990 година.
1982  Пуштен е во продажба Зет-Икс Спектрум.
1996  УНЕСКО го промовира Светскиот ден на книгата, по повод годишнината од смртта на Сервантес, Шекспир и Де Ла Вега


Родени

1858  Макс Планк, германски физичар.


Починале

1616  Вилијам Шекспир, англиски поет и еден од најголемите драмски писатели во светот.
1616  Мигуел де Сервантес, прочуен шпански писател, автор на првиот реалистички роман во шпанската литература, ненадминливиот „Дон Кихот“.
2007  Борис Елцин, руски претседател.


[уреди] 24 април

Настани

1184. п.н.е.  Според преданието, Данајците навлегле во опсадената Троја преку групата скриена во подарениот Тројанскиот коњ. Оттука поговорката: „Не им верувај на Данајците ни дарови кога носат“.
1854  Врховниот суд на САД донесе пресуда дека патентот за машина за шиење му припаѓа на механичарот Елиас Хау. Тој ја конструира машината за шиење и во потрага за покровител отиде во Англија, каде директорот на патувачкиот театар „Сингер“ и други луѓе го измамија и почнаа да ја произведуваат познатата „сингерка“. Своето право на патентот, Хау го доби по судски пат и секојдневно примаше по 4.000 долари за лиценцата.
1898  Шпанија објави војна на САД по американскиот ултиматум за повлекување на Мадрид од Куба.
1945  Втора Светска војна: Американската армија го ослободи германскиот нацистички концентрационен логор Дахау.
1949  Во Скопје се одржа првото Универзитетско собрание во Македонија. Притоа е формиран Скопскиот универзитет. Во 1969 година, при одбележувањето на 20-годишнината од работата, Универзитетот го доби името „Кирил и Методиј“, а од 12.11.1992 година, „Свети Кирил и Методиј“.
1970  Лансиран е првиот кинески вештачки сателит.
1995  Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување дипломатски односи меѓу Република Македонија и Република Полска на амбасадорско ниво.


Родени

1942  Барбара Стрејсенд, американска актерка и пејачка.


Починале

1905  Христо Узунов, еден од плејадата големи македонски револуционери во борбата за македонското социјално и национално ослободување.
1993  Митко Илиевски, еден од основоположниците на Катедрата по филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје.


[уреди] 25 април

Настани

1719  За прв пат е објавен романот на Даниел Дефо Робинзон Крусо.
1859  Според проектот на францускиот конзул во Александрија Фердинанд де Лесепс, започна изградбата на Суецкиот канал, со кој Средоземното Море е поврзано со Црвеното Море. Каналот има големо стратегиско и економско значење, затоа што е најкраток пловен пат од Европа до земјите на Средниот и Далечниот Исток.
1959  Пловниот пат Сент Лоренс, кој ги поврзува Големите Езера преку реката Сент Лоренс и систем од канали со Атлантскиот океан е отворен за пловидба.
1945  Во Сан Франциско, САД, почна основачката конференција на Организацијата на обединетите нации, во чија работа учествуваа 45 земји, членки на антихитлеровската коалиција. Право на учество имаа земјите кои до 1 март 1945 година им објавија војна на силите на Оската. Учесниците на конференцијата ја потпишаа Повелбата на ООН на 20 јуни, а ја ратификуваа на 24 октомври 1945 година (Ден на ООН).
1960  Во Битола е основано Друштво за наука и уметност. Друштвото е основано со цел да го потикнува развојот на научната мисла, да го проучува минатото, да извршува истражување и унапредување на сите области во развојот на градот и околината.
1979  Во Битола е основан вториот универзитет во СР Македонија, „Свети Климент Охридски“.
1996  Република Македонија и Хондурас воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади.


Родени

1874  Џилјелмо Маркони, Италијански инженер и пронаоѓач.


Починале

1744  Андерс Целзиус, шведски физичар и астроном.


[уреди] 26 април

Настани

1962  Во Кејп Канаверал, во САД, лансиран е првиот меѓународен сателит за телекомуникациски цели, заеднички американско-британски потфат.
1964  Со обединувањето на Тангањика и Занзибар е прогласена Обединетата Република Танзанија.
1986  Катастрофа во нуклеарната централа Чернобил, СССР. 57 луѓе загинале во несреќата, уште околу 9.000 илјади од директни последици на радијацијата, а 336.000 лица биле евакуирани и раселени од околината на Чернобил.
1992  Владата на Република Македонија донесе одлука за признавање на Република Босна и Херцеговина.
1992  Република Македонија монетарно се осамостои. Новата македонска валута доби име „денар“.
1993  Република Албанија ја призна независноста на Република Македонија.


Родени

121  Марко Аврелиј, римски цар и филозоф.
1564  Вилијам Шекспир, англиски поет и еден од најголемите драмски писатели во светот.
1900  Чарлс Рихтер, еден од пионерите на сеизмологијата и творец на скалата според која се мери јачината на земјотресот.
1910  Меша Мехмед Селимовиќ, босански писател.


Починале 26 април (починале)

[уреди] 27 април

Настани

1521  На својот пат околу светот, кај Мактан на Филипините, убиен е Фернандо Магелан во борба со домородците предводени од главатарот Лапу-Лапу. Дел од експедицијата го продолжува и успешно го завршува патувањето во 1522. година.
1810  Бетовен ја компонирал „За Елиза“.
1905  Кај месноста Свиланово, во близина на селото Рајчани, кочанско, во борба против османлиската војска загина Никола Карев, македонски револуционер, социјалист, организатор и претседател на Крушевската Република од 1903 година.
1960  Прогласена е независноста на африканската држава Того, поранешна француска колонија.
1961  Прогласена е независноста на Сиера Леоне, поранешна британска колонија во Африка.
1992  По распадот на СФРЈ, Србија и Црна Гора ја формирале Сојузна Република Југославија.
1993  Еритреја стекна независност од Етиопија по три децении граѓанска војна и референдум на кој Еритрејците гласаа за независност.
1993  Претставници на Кина и Тајван, за првпат од 1949 година, се сретнаа во Сингапур.


Родени

1791  Семјуел Морзе, американски физичар и сликар.
1986  Eлена Ристеска, македонска поп-пеачка.


Починале

1521  Фернандо Магелан, португалски морепловец.
1905  Никола Карев, истакнат македонски социјалист и револуционер.
1983  Димо Тодоровски, академик познат македонски вајар.
1983  Кирил Миљовски, македонски револуционер, академик, општественик и прв ректор на Универзитетот во Скопје.


[уреди] 28 април

Настани

1962  Во Кејп Канаверал, во САД, лансиран е првиот меѓународен сателит за телекомуникациски цели, заеднички американско-британски потфат.
1964  Со обединувањето на Тангањика и Занзибар е прогласена Обединетата Република Танзанија.
1986  Катастрофа во нуклеарната централа Чернобил, СССР. 57 луѓе загинале во несреќата, уште околу 9.000 илјади од директни последици на радијацијата, а 336.000 лица биле евакуирани и раселени од околината на Чернобил.
1992  Владата на Република Македонија донесе одлука за признавање на Република Босна и Херцеговина.
1992  Република Македонија монетарно се осамостои. Новата македонска валута доби име „денар“.
1993  Република Албанија ја призна независноста на Република Македонија.


Родени

1924  Кенет Каунда, замбиски државник, прв претседател на Замбија.
1937  Садам Хусеин, ирачкиот диктатор.


Починале

1918  Гаврило Принцип, атентаторот на Франц Фердинанд.
1945  Бенито Мусолини, Италијански диктатор и фашист.
1992  Френсис Бејкон, најпознатиот англиски сликар на 20-от век.


[уреди] 29 април

Настани

1429  Јованка Орлеанка на чело на неколку стотици Французи ги победи англиските освојувачи и го зазеде градот Орлеан.
1672  Луј XIV извршил инвазија на Холандија.
1945  Втора светска војна: Германските окупациски сили во Италија безусловно капитулирале пред Сојузниците.

Втора светска војна: Адолф Хитлер се венчал со својата долгогодишна партнерка Ева Браун во бункерот во Берлин. Следниот ден двајцата се самоубиле.

Втора светска војна: Војската на САД го ослободила концентрациониот логор Дахау.

1968  Мјузиклот „Коса“ - репрезентативно дело на хипи-движењето и пацифизмот премиерно е прикажан на Бродвеј во Њу Јорк, САД.
1997  Во Луксембург, Република Македонија и Европската унија ја потпишаа спогодбата за соработка.
1999  При бомбардирањето на НАТО на СР Југославија, урната е највисоката зграда во земјата - телевизиската кула (203м) на планината Авала, близу до Белград.
2005  Сирија целосно се повлекла од Либан, окончувајќи ја 29-годишната окупација.


Родени

1769  Артур Велзли Велингтон, англиски војсководец.


Починале

1898  Дедо Иљо Малешевски, прочуен македонски ајдутски војвода, во втората половина на 19-тиот век, кој учествуваше во битките против Турците.
1898  Илија Марков - Малешевски, прочуен македонски ајдутски војвода во втората половина на 19 век.
1980  Алфред Хичкок, британски филмски режисер.


[уреди] 30 април

Настани

1916  Летното сметање на времето за првпат во светот се применува во Обединетото Кралство.
1944  Во селото Стаевци, кумановско, проширениот Иницијативен одбор за свикување на АСНОМ го одржа првото заседание.
1975  Американците го напуштија Сајгон, со што заврши 20-годишната интервенција на САД во Јужен Виетнам.
1992  Во Скопје, Редакцијата на весникот „Нова Македонија“ и новинската агенцијата Франс прес од Париз, потпишаа долгогодишен договор со кој весникот се вклучува во користењето на генералниот сервис на агенцијата.


Родени

1945  Адолф Хитлер, водач на Третиот рајх и на нацистичка Германија, еден од најголемите злосторници на историјата во човештвото.


Починале

1883  Едуар Мане, француски сликар, непосреден претходник на импресионистите.
1903  Јордан Поп Јорданов - Орцето, еден од организаторите на Солунските атентати.


Јануари - Февруари - Март - Април - Мај - Јуни - Јули - Август - Септември - Октомври - Ноември - Декември

Начин на користење на шаблоните во рубриката


aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -