Чарлс Дарвин
Од Википедија, слободна енциклопедија
Чарлс Роберт Дарвин (12 февруари 1809 – 19 април 1882) е англиски натуралист чија револуционерна теорија за природен избор како механизам претставува основа на современата теорија за еволуција и наследни особини.
Од 1831 до 1836 година учествува во научната експедиција на бродот „Бигл“, која имаше пресудно значење за поставување на неговата теорија за органската револуција, која беше во спротивност со учењето на црквата. Неговите записи се ремек дела на научната експозиција, пишувани со јасен и логичен стил.
Во своето капитално дело „Потеклото на видовите“ ја изнесе суштината на трансформистичките документи наречени „дарвинизам“.