See also ebooksgratis.com: no banners, no cookies, totally FREE.

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Марен Маре - Википедија

Марен Маре

Од Википедија, слободна енциклопедија

Марен Маре
Marin Marais

Основни информации
Родено име Марен Маре
Роден(а) 31 мај, 1656
Знаме на Кралството Франција
Париз, Франција
Умрел(а) 12 август, 1728
Знаме на Кралството Франција
Париз, Франција
Жанр(ови) Барок
Занимање/ња Композитор
Гамбист
Инструмент(и) виола да гамба

Марен Маре (фр. Marin Marais) (31 мај 1656, Париз15 август 1728, Париз) е француски композитор и изведувач на виола да гамба. Учел композиција кај Жан-Баптист Лили, чии опери често ги диригирал, како и со мајсторот на бас виола да гамба Мисје де Сан-Коломб во времетраење од 6 месеци. Во 1676 бил најмен како музичар на кралскиот двор во Версај. Како дворски музичар бил многу успешен, па во 1679 бил назначен за главен виола да гамбист на кралот („ordinaire de la chambre du roy pour la viole“), титула која ја имал сѐ до 1725.

Вил мајстор на виола да гамба и најистакнатиот композитор за тој инструмент во земјата. Составил пет книги со Дела за виола да гамба (Pièces de viole) (1686-1725), генерално свити за генералбас. Овие биле прилично популарни на дворот, и по овие бил запамтен како оној што „основал и зацврстил царство на виолата да гамба“ (Хубер ле Блан, 1740). Други дела се Дела во трио (Pièces en trio) (1692) и четири опери (1693-1709), од кои особено забележителна е Алкиона (1706) по сцената на бура.

Еврар Титон ду Тије го ставил и Маре во неговото дело Le Parnasse françois, искажувајќи се за две од неговите дела:

Едно дело од четвртата негова книга насловено како Лавиринт, менува разни скали, удира разни дисонанци и ја изразува збунетоста на човек заглавен во лавиринт преку сериозни, а потоа и брзи премини; потоа тој излегува среќно и завршува со грациозна и природна шакона. Но тој уште поуспешно ги изненади музичките познавачи со неговите дела насловени како Скала [La Gamme], кое е кое е симфониско дело кое неприметно се искачува по скалилата на октавата; потоа оди пак надолу, така поминувајќи низ хармонични песни и мелодични тонови, разните звуци на музиката.

Како и со Сан-Коломб, од приватниот живот на Марен Маре по неговото полнолетство се знае многу малку. Се оженил за парижанката Катерина д'Амикур на 21 септември 1676. Имале 19 деца.

Факсимили на сите пет книги насловени како Pièces de viole (Дела за виола да гамба) се издадени од Éditions J.M. Fuzeau. Потполно критичко издание на сите негови инструментални дела е едицијата во седум тома од Џон Хсу, издадена од Broude Brothers.

[уреди] Во филм

Маре и неговата музика оигурираат во филмот Сите утра на светот (Tous les matins du monde) (1991), атмосферски, прецизно замислен живот на Мисје де Сан-Коломб. Во филмот значајна улога игра музиката на Маре, меѓу кои и подолгото дело Ѕвоната на Св. Женевива (Sonnerie de Ste-Geneviève du Mont-de-Paris) (1723).

[уреди] Медија

[уреди] Надворешни врски


aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -