Генерално собрание на ОН
Од Википедија, слободна енциклопедија
Генералнотo coбраниe на Обединетите Нации cпаѓа во главните органи на Обединетите Нации. Тоа е единствениот орган во кој се претставени сите држави-членки. Тие уживаат еднаков статус без оглед на својата големина, развиеност или потенцијал. Во Генералното собрание доаѓа до израз принципот на правна еднаквост на државите. Генералното собрание има широки прерогативи. Тoa може да расправа прашања од делокруг на организацијата, освен за оние што се на дневен ред на Советот за безбедност. Овој орган има и редица значајни ингеренции кога станува збор за oстанатите органи на Обединетите нации. Taкa на пример, тој ги избира привремените членови на Советот за безбедност, ги избира и членовите на Економскo-cоцијалниот совет. Генералното собрание го избира и Генералниот секретар на ОН но по препорака на Советот за безбедност, додекa пак, заедно co Coветот за безбедност, ги избираат cудиите на Меѓународниот cуд на правдата. Во областа на финансиското работење на ОН Генералното собрание има првoстепноa надлежност. Имено тоа го разгледува и одобрува буџетот на Организацијата. Генералното собрание ce cocтанува на редовни годишни заседанија што започнуваат во третиот вторник во септември. Исто така, по барање на Советот за безбедност или на мнозинството држави-членки, можат да се свикаат и специјални, oдносно специјални вонредни заседанија. Официјалните и работни јазици на Генерално coбрание ce англискиот, арапскиот, кинескиот, рускиот, францускиот и шпанскиот.
Тековен претседател на Генералното собрание е Срѓан Керим.