Web Analytics

See also ebooksgratis.com: no banners, no cookies, totally FREE.

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Томас Гејнсборо - Википедија

Томас Гејнсборо

Од Википедија, слободна енциклопедија

Томас Гејнсборо

Автопортрет, 1759
Родено име Томас Гејнсборо
Роден 14 мај 1727 (крстен)
Садбури, Сафолк, Англија
Умрел 2 август 1788
Националност Англичанец
Поле Сликар
Познати дела Г-дин и Г-ѓа Ендрјус
Синото момче

Томас Гејнсборо (англ. Thomas Gainsborough) (крстен на 14 мај 17272 август 1788) е еден од најславните британски портретисти и пејзажни уметници во XVIII век.

Содржина

[уреди] Живот

[уреди] Сафолк

Гејнсборо е роден во 1727 во Садбури, Сафолк, Англија. Татко му бил учител и тргувал со волна. На 14-годишна возраст го вчудоневидил татка си со неговата вештина со молив, па во 1740 го пратил да учи уметност во Лондон. Таму најпрвин учел кај клишистот Хјуберт Грејвлот, па подоцна се запознал со Вилијам Хогарт во неговото училиште. Еден од неговите ментори бил Францис Хејман. Во тој период Гејнсборо допринел кон украсувањето на Томас Корамовата фондација за деца и бутките во Воксалските градини.

Во 1740-тите Гејнсборо се оженил за Маргарет Бар, вонбрачна ќерка на Војводата од Бофорт, кој им доделил годишно следување од £200. Гејнсборовите слики, кои главно биле пејзажни, се продавале слабо. Во 1748–1749 се вратил во Садбури и се задржал на портретура.

Г-дин и Г-ѓа Ендрјус (1748-49), Национална галерија, Лондон, неговото најпознато дело од сафолшкиот период.
Г-дин и Г-ѓа Ендрјус (1748-49), Национална галерија, Лондон, неговото најпознато дело од сафолшкиот период.

Во 1752 со семејството (жената и две ќерки) се преселил во Ипсвич. Тука се зголемил бројот за нарачки на портрети, но клиентелата му се состоела од локални трговци и штитоносци. Морал и да позајмува пари.

[уреди] Бат

Во 1759 Гејнсборо со семејството се преселил во Бат. Таму изучувал портрети од Антонис ван Дајк и потоа успеал да привлече повисока клиентела. Во 1761 започнал да праѓа дела на изложби на Друштвото на уметности (денес Кралско друштво на уметностите и станал еденод првите негови членови); од 1769, па натаму приложувал дела на годишните изложби на Кралската академија. Намерно избирал портрети на славни или озлогласени клиенти за да привлече внимание. Со овие изложби тој се здобил со име на државно ниво, па затоа бил поканет да биде основачки член на Кралската академија во 1769. Меѓутоа тој не се сложувал добро со академијата и затоа прекинал да изложува слики кај нив во 1773.

[уреди] Лондон

Синото момче, 1770
Синото момче, 1770

Во 1774, гејнсборо со семејството се преселил во Лондон, во Шомбершката куќа, Пал Мал. Во 1777 повторно почнал да изложува слики во Кралската академија, меѓу кои и портрети на современи славни лица, како на пример Војводата и Војвотката од Камберленд. Неговите дела продолжиле да се изложуваат шест години.

Во 1780 насчликал портрет на кралот Џорџ III и кралицата и потоа добил многу кралски нарачки. Ова му дало влијание во академијата, па со тоа можел да го диктира начинот на изложување на неговите дела. Меѓутоа во 1783 ги тргнал сликите од престојната изложба и ги преместил во Шомбершката куќа.

Во 1784 починал кралскиот сликар Алан Ремзи, па кралот бил приморан да му го даде местото на Гејнсборовиот соперник и претседател на академијата, Џошуа Рејнолдс. Меѓутоа и покрај ова, Гјенсборо и понатаму останал омилениот сликар на кралското семејство.

Во подоцнежните години Гејнсборо често сликал едноставни и обични пејзажи. Заедно со Ричард Вилсон бил еден од иницијаторите на британската пејзажна школа во XVIII век; иако заедно со Џошуа Рејнлдс, Гејнсборо бил доминантниот портретист во Британија во втората половина на XVIII век.

Г-дин и Г-ѓа Вилијам Халет, 1785 -  пример за зрелиот стил на Гејнсборо
Г-дин и Г-ѓа Вилијам Халет, 1785 - пример за зрелиот стил на Гејнсборо
Г-ѓа Томас Хиберт, Нова пинакотека
Г-ѓа Томас Хиберт, Нова пинакотека

[уреди] Уметност и коментари

Гејнсборо сликал повеќе од обзервирање на природата (и човековата природа) отколку со примена на формални академски правила. За поетската чувствителност на неговите слики се изјаснил сликарот Џон Констабл на следниов начин: „Гледајќи ги сликите, ни надоаѓаат солзи во очите, а не знаеме од каде“. Самиот Гејнсборо рекол“, „Смачено ми е од портрети, и многу сакам да си ја земам мојата виола да гамба и да заминам во некое пријатно селце, каде ќе можам да сликам пејзажи и да ги уживам преостанатите денови во мир и леснотија.

Неговите најпознати дела, како Портрет на Г-ѓа Греам; Мери и маргарет: Ќерките на сликарот; Вилијам Халет и неговата жена Елизабет, род. Стивен, позната како Утринска прошетка; и Девојче со куче и бардак, ја искажуваат уникатната индивидуалност на неговите клиенти.

Единствениот помошник му бил внукот Гејнсборо Дупонт. Гејнсборо умрел од рак на 2 август 1788 на 62-годишна возраст.

[уреди] Категорија

  • Англиска слиакрска школа
  • Британска уметност
  • Листа на британски уметници
  • Хамфри Гејнсборо
  • Холивелс Парк, Ипсвич
  • Слики од Томас Гејнсборо

[уреди] Наворешни врски

Commons logo
Викимедија Ризницата има категорија поврзана со

Static Wikipedia (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2007 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2006 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu

Static Wikipedia February 2008 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu