Густав Леонхарт
Од Википедија, слободна енциклопедија
Густав Леонхарт (холандски: Gustav Leonhardt) (роден на 30 мај, 1928, во 'с-Гравеланд) е истакнат холандски клавијатурист, диригент, музиколог, наставник и уредник. Бил истакнат поборник во движењето за автентична музичка изведба. Како клавијатурист, изведувал и снимал на чембало, органа, клавиорганум (комбинација од чембало и органа), клавикорд и фортепијано.
Од 1947 до 1950, Густав Леонхарт учел органа и чембало во класата на Едуард Милер при школата Скола Канторум во Базел. Како чембалист за прв пат настапил во Виена во 1950 и таму учел музикологија. Потоа бил професор по чембало на Музичката академија од 1952 до 1955 и Амстердамскиот конзерваториум од 1954. Бил и црковен органист.
Леонхарт за прв пат ги снимил делата за чембало на Јохан Себастијан Бах во раните 1950-ти. Овие плочи му помогнале да се прослави како одличен чембалист и инзвонреден Бахов интерпретатор. Во 1954 го водел Леонхартовиот барокен ансамбл со прочуениот англиски контратенор Алфред Делер и за прв пат снимил две Бахови кантати. Во ансамблот учествувала и жена му, Мари Леонхарт и Едуард Мелкус (виолини), Алис Хофелнер (виола), Николаус Харнонкорт (виолончело) и Мајкл Пигет (обоа).
Иако Леонхарт има диригирано и изведувано најразлична музика од барокниот и класицистичкиот период, најпознат е по низа снимки (во соработка со Харнонкорт) на сите Бахови кантати направени низ временски период од 20 години, од 1971 до 1990.
[уреди] Надворешни врски
- Густав Леонхарт на Интернет Филмската база на податоци (англиски)
- Кратка биографија на www.bach-cantatas.com (англиски)
- Дискографија (англиски)