Холандски јазик
Од Википедија, слободна енциклопедија
Холандски Nederlands |
||
---|---|---|
Изговор: | недерлантс | |
Зборуван во: | Холандија, Белгија, Суринам, Аруба, Холандски Антили. Во Франција и Германија е застапен како малцински јазик, а во Јужна Африка и Индонезија како колонијален јазик. Исто така е и имигрантски јазик во САД, Бразил, Канада, Австралија и Нов Зеланд. | |
Вкупно зборувачи: | 30 милиони : 23 милиони зборувачи на холандски и 7 милиони на африканс (2006)[1] | |
Јазично семејство: | Индоевропско Германско Западногерманско Долно-франконско Холандски |
|
Писмо: | Холандска латиница | |
Официјален статус | ||
Официјален јазик во: | Аруба Белгија Европска Унија Холандија Холандски Антили Суринам |
|
Регулиран од: | Nederlandse Taalunie (Холандски јазичен сојуз) | |
Јазични кодови | ||
ISO 639-1: | nl | |
ISO 639-2: | dut (B) | nld (T) |
ISO 639-3: | nld | |
|
Холандскиот јазик е еден од западногермански јазици, подгрупа на германската гранка на индоевропските јазици. Го зборуваат околу 23 милиони луѓе, главно во Холандија, Белгија и Суринам, а го зборуваат и помали групи во делови од Франција, Германија и неколку поранешни холандски колонии. Близок е со другите западни германски јазици (како англискиот, фризискиот и германскиот), а помалку со северногермански јазици. Литературниот холандски (Standaard Nederlands) е официјален јазик во главните подрачја на зборување, а е контролиран од „Холандскиот јазичен сојуз“ (Nederlandse Taalunie).
Холандските зборови имаат претежно германско потекло, значително повеќе од англиските (коишто имале големо француско влијание). Во холандскиот јазик се создаваат зборовни сложенки од повеќе зборови, како кај германскиот и скандинавските јазици, што го прави многу поблизок до нив.
[уреди] Референци
- ↑ (холандски) Hoeveel mensen spreken Nederlands als moedertaal? (Колку луѓе зборуваат холандски како мајчин јазик?), Холандски јазичен сојуз, 2005.