Француски јазик
Од Википедија, слободна енциклопедија
Француски Français |
||
---|---|---|
Изговор: | Франсé /fʁɑ̃sɛ/ |
|
Зборуван во: | Франција и 53 други земји | |
Регион: | Африка, Европа, Америка, Пацифик, изолирани региони во Азија | |
Вкупно зборувачи: | Мајчин јазик: 65[1]-109[2] милиони Вкупно: проценето на од 265 милиони до 500 милиони,франкофонија 735 милиони и 165 милиони земји посматрачи. |
|
Јазично семејство: | Индоевропско Италско Романско Западноиталско Западни романско Гало-ибериско Гало-романско Гало-ретиско Севернофранцуско Француски |
|
Писмо: | Француска латиница | |
Официјален статус | ||
Официјален јазик во: | Франција, 29 други земји и бројни меѓународни организации | |
Регулиран од: | Француска академија (Франција), Квебешка агенција за француски јазик (Квебек, Канада), Совет за развитокот на француски во Луизијана (Луизијана) | |
Јазични кодови | ||
ISO 639-1: | fr | |
ISO 639-2: | fre (B) | fra (T) |
ISO 639-3: | fra | |
Темно сино: мајчин јазик; сино: официјален јазик/широка употреба; Светло сино: јазик на културата; зелено: малцински |
Францускиот јазик (le français, la langue française) е јазик од романската група на јазици. Негова матична земја е Франција, а се говори во Белгија, Швајцарија, Луксембург, Монако, прекуморските департмани и територии на Франција и Белгија, вклучувајќи го и Квебек во Канада.
Од 1970 година постои меѓународна организација за соработка на земјите во кој францускиот е официјален јазик или важен јазик за комуникација и култура ова организација се вика Франкофонија.
Францускиот јазик, заедно со англискиот, шпанскиот, кинескиот, арапскиот и рускиот се шесте официјални јазици на Обединетите нации и заедно со англискиот се единствените два светски јазици кои се зборуваат на сите пет континенти со површина поголема од 22 000 000 km², односно 15% од површина на земјата и со повеќе од 735 милиони говорители, т.е. повеќе од 11,1% од светската популација според Интернационалната Организација на Франкофонијата 2008.
По англискиот (со 77%), францускиот (со 32%) е најизучуваниот јазик кај децата во европската унија, а потоа следи германскиот (18%), шпанскиот (8%) итн.
Содржина |
[уреди] Историја
Се смета дека заклетви од Стразбур (les serments de Strasbourg) од 842 година е првиот текст напишан на протофранцуски. Кралот Франсоа I во 1539 година наредил да францускиот јазик биде официјален и административен јазик во кралскиот двор.
Кардинал Ришеље во 1634 година ја основал Француската академија, која се занимавала со „Унапредување и заштита на францускиот јазик“. Во 17 век од францускиот јазик настанува lingua franca на европските племиња,прво во централна,а во 18-от и 19-от век и во источна Европа (Полска, Русија, Романија). Во тоа време Франција била колонијална сила, со што била поставена основата за ширење на францускиот јазик надвор од Европа. Белгија која се здобила со независност во 1830 година, исто така го официјализирала францускиот јазик во сите колонии.
Во 18 век францускиот јазик бил главен јазик во областа на меѓународните односи и дипломатијата (наместо латинскиот). Подоцна со создавањето на кралството Велика Британија во 19 век, и со порастот на моќта на САД ВО 20 век, ситуацијата се променила во корист на англискиот јазик.
[уреди] Реони
- Западна Европа: Белгија, Луксембург, Швајцарија, Италија, Монако, Ватикан, Андора
- Африка: ДР Конго, Република Конго, Сенегал, Брегот на слоновата коска, Нигер, Мали, Чад, Буркина Фасо, Габон, Централноафриканска Република, Бурунди, Руанда, Џибути, Бенин, Того, Мавританија, Гвинеја, Тунис, Мароко, Алжир, Египет, Екваторијална Гвинеја, Мадагаскар, Комори
- Канада заедно со англиски (Квебек, официјално само француски мајчин јазик)
- Америка нема официјален француски јазик, но во државата Луизијана има ист статут како и англискиот и се употребува доста во државите Мејн, Вермонт, Њу Хемпшир, Њујорк (сојузна држава), Конектикат, Калифорнија
- Азија: Виетнам, Камбоџа, Лаос, Либан), Индија (Пондишери), Хаити, Нова Каледонија, Француски Антили, Француска Полинезија, Француска Гвајана, Мартиник, Гваделуп, Мајот, Вануату.
[уреди] Европско значење
Францускиот заедно со англискиот и германскиот јазик се работни јазици кои ги користи Европската комисија.
По правило, претседателот на Европската комисија треба течно да го говори францускиот јазик. Таквото значење на францускиот јазик во ЕК е последица што Франција е една од основачите, и дека седиштето на ЕУ е во Брисел, во главно 85% франкофонски град.
По податоците од 2006, францускиот јазик е мајчин за 13% од населението во ЕУ, а истиот го говорат и разбираат повеќе од 26% од населението во ЕУ. Надвор од француското говорно подрачје францускиот највеќе се учи во Велика Британија, Холандија, Ирска, Португалија, Романија, Молдавија, Данска, Германија, Шпанија, Италија, Австрија, Кипар, Грција, Бугарија, Полска, а највеќе го говарат и разбираат во Холандија (29%), Португалија (25%), Романија (24%), Велика Британија (23%), Ирска (20%), Малта (17%), Германија (15%), Данска (15%), Италија (14%), Шпанија (12%), Кипар (12%), Шведска (11%), Австрија (10%), Бугарија (9%), Грција (8%) и во други.
[уреди] Карактеристики
Францускиот јазик е многу далеку од фонетските правила за читање и пишување. Последната согласка во зборот никогаш не се изговара. Буквите Н и М понекогаш не се изговараат. Францускиот се чита „течно“, што значи дека завршните согласки често се спојуваат со наредниот збор. Во пишувањето се користат пет врсти на акценти. Францускиот јазик разликува десет глаголски времиња: 5 прости и 5 сложени. Францускиот јазик го разликува учтивото од пријателското.
[уреди] Дијалекти
Францускиот јазик е богат со дијалекти, кои се нарекуваат и патоа. Тие во основа се делат на северни (Langue d'oil-најблизу до стандардниот јазик), јужни (Langue d'oc-под влијание на окитанскиот јазик), и франко-провенсал (Franko-Provencal).
[уреди] Етимологија
[уреди] Референци
- ↑ SIL Ethnologue
- ↑ http://www.tlfq.ulaval.ca/axl/francophonie/francophonie.htm
- ↑ SIL Ethnologue
- ↑ "Rapport sur l'état de la Francophonie dans le monde. Données 1997/98 et six études inédites", Haut Conseil de la Francophonie, Paris, la Documentation française, 1999 [1]
- ↑ [2]
- ↑ http://www.tlfq.ulaval.ca/axl/francophonie/francophonie.htm