See also ebooksgratis.com: no banners, no cookies, totally FREE.

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Википедија:На денешен ден/Архива/Октомври - Википедија

Википедија:На денешен ден/Архива/Октомври

Од Википедија, слободна енциклопедија

Ова е Архивата на рубриката „На денешен ден...“

Истата има започнато да функционира на 25 јуни 2007.


Јануари - Февруари - Март - Април - Мај - Јуни - Јули - Август - Септември - Октомври - Ноември - Декември

Начин на користење на шаблоните во рубриката


Денес е сабота, 21 јуни 2008; часот е 04:23 (UTC)

Шаблон:Октомври 2008 Извор

[уреди] 1 октомври

Настани

1795  Белгија е освоена од Франција.
1827  Руската армија под Иван Паскевич го освојува Јереван, завршувајќи го милениумот на Муслиманска доминација во Армениа.
1843  Вести од Светот почнува со издавање во Лондон.
1869  Австрија ги издава првите поштенски картички.
1880  Првата фабрика за електрични лампи е отворена од Томас Едисон.
1891  Во САД, Калифорнија, се отвора Универзитетот Стенфорд.
1908  Форд претставува Модел Т кола.
1943  Околу 4.000 балисти заедно со германските офицери и војници на планината Буковиќ, кичевско, извршија напад врз слободната територија на Западна Македонија.
1978  Тувалу станува независна држава.


Родени

1207  Кралот Хенри III на Англија
1644  Алесандро Страдела, италијански композитор
1791  Сергеи Аксаков, руски писател
1891  Анѓел Динев, македонски општественик и публицист. Во своите дела „Македонските Словени“, „Илинденската епопеја“ и „Политичките убиства во Бугарија“, смело го истакнува постоењето на македонската нација. Учесник е во македонското националноослободително движење.
1904  Владимир Хоровиц, најпознат пијанист во 20 век.
1927  Том Босли, американски актер
1954  Мартин Стрел, словенски пливач


Починале

1684  Пјер Корнеј, француски писател
1708  Џон Блоу, британски композитор
1923  Ефрем Чучков, македонски револуционер и војвода, член на ВМРО.
1994  Пол Лорензен, германски филозоф
2003  Анте Поповски, македонски поет


[уреди] 2 октомври

Настани

1187  Саладин го освојува Ерусалим по 88 годишно владеење на Крстоносците.
1608  Пред Државниот совет во Хаг, холандскиот оптичар Ханс Либертеј го демонстрира првиот употреблив дурбин. Познатиот Галилеј првиот дурбин го употреби кон ѕвезденото небо, а Коперник и Њутн го усовршија толку многу што тој стана незаменлив инструмент во науката.
1935  Расистичка Италија ја нападна Етиопија, една од ретките независни држави во Африка.
1944  Нацистите го загушуваат Варшавското Востание.
1990  Киднапираниот кинески Боинг 737, слетувајќи на кантонскиот аеродром, се урива во два други авиона, убивајќи 132 лица
1991  Сите странски средства за информирање оценуваат дека „Белград почна нова воена офанзива“ и Југославија повторно е на работ на општа граѓанска војна.
1992  Во Рим, пред италијанскиот Парламент познат под името Монтециторио се одржаа протестни манифестации во полза на признавањето на Република Македонија.


Родени

1847  Паул фон Хинденбург, германски офицер и политичар
1869  Махатма Ганди, познат индиски национален водач, хуманист и политичар кој се бореше за помирување и соработка меѓу Индијците со индуистичка и муслиманска вера.
1904  Греам Грин, британски писател
1913  Карл Милер, германски фудбалер
1935  Омар Сивори, аргентински фудбалер
1951  Стинг, британски музичар и актер


Починале

1629  Антонио Цифра, италијански композитор
1850  Сара Бифен, англиски уметник
1962  Борис Ј. Букреев, руски математичар
1973  Пааво Нурми, фински атлетичар
1985  Рок Хадсон, еден од најпознатите холивудски артисти.
2001  Франц Биебл, германски композитор


[уреди] 3 октомври

Настани

1873  Капетан Џек и другарите се обесени за нивното учество во Модок војната
1918  Кралот Борис III на Бугарија го презема тронот
1929  Кралството на Србите, Хрватите и Словените е преименувано во Кралство на Југославија, \"Земја на Land of the South Slavs\".
1932  Ирак добива независност од Британија.
1943  Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија упати Манифест до македонскиот народ во кој се изнесени основните прашања во врска со ослободителната борба на македонскиот народ, карактеристиките на ослободителното движење, потребата за единство на македонскиот народ со сите националности во ослободителната борба.
1954  Во Лондон на конференцијата на девет западни земји е одлучено СР Германија да стане член на Северноатланскиот пакт.
1995  Врз претседателот на Република Македонија Киро Глигоров е извршен атентат. Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди во пределот на главата. На местото на атентатот загина неговиот шофер Александар Спировски, а е повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски.
1995  Франција и понатаму го игнорира Меѓународниот притисок и изврши нова нуклеарна проба во јужен Пацифик.


Родени

1720  Јохан Петер Уз, германски поет
1858  Елеонора Дусе, италијанска актерка
1895  Сергеј Александрович Есенин, руски лиричар чии најпознати дела се „Задушница“, „Триптих“, „Советска Русија“ и други
1911  Мајкл Хордерн, англиски актер
1929  Берт Стерн, американски фотографер
1938  Тереза Кесовија, хрватска пејачка


Починале

1690  Роберт Барклеј, шкотски писател
1701  Џозеф Вилиамсон, англиски политичар
1910  Жан Анри Дигнан, швајцарски филантроп, основач на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во 1863 година кој подоцна прерасна во меѓународна организација. Во 1901 година ја доби Нобеловата награда за мир.
1931  Карл Ниелсен, дански композитор
1994  Дуб Тејлор, американски актер
2004  Џенет Ли, американска актерка; останува запаметена по туш-сцената во Хичкоковиот Психо.


[уреди] 4 октомври

Настани

1725  Формирање на Росарио во Аргентина.
1824  Мексиканскиот народ по долготрајна борба против шпанската колонијална војска се избори за независност и го прогласи Мексико за република со неофицијален назив Соединетите Држави Мексико.
1883  Првото патување на Ориент Експрес.
1940  Сретнување на Адлоф Хитлер и Бенито Мусолини кај преминот Бренер.
1941  Во селото Чучер, скопско, е формиран првиот Народноослободителен одбор во Македонија, За прв претседател беше избран Петар Крстев Урдаревски.
1957  Советскиот Сојуз го лансира во орбитата околу Земјата првиот вештачки сателит „Спутник 1“ со пречник од 58 сантиметри и со тежина од 83 килограми.
1993  Во Москва беше емитувана одлуката на претседателот Елцин за воведување вонредна состојба во главниот град на Русија. Со неа се забранува секакво собирање, односно забрането е одржување на митинзи и демонстрации. Руската Влада го повика народот да не се вклучува во немирите.


Родени

1289  Крал Луис X на Франција
1657  Франческо Солимена, италијански уметник
1861  Фредерик Ремингтон, американски уметник
1886  Луис Алберни, шпански актер
1924  Чарлтон Хестон, американски актер
1973  Крис Паркс, американски борач


Починале

1669  Харменсон ван Рајн Рембрант, холандски сликар, еден од наjпознатите во историјата на европското сликарство кој ја доведе до совршенство хуманизацијата на човековиот лик. Автор е на делата „Ноќна стража“, „Час по анатомија“ и „Христос во Емауд“.
1821  Џон Рени, шкотски инжинер
1944  Ал Смит, американски политичар
1951  Вили Морети, американски гангстер
1974  Ане Секстон, американски поет
2004  Гордон Купер, американски астронаут


[уреди] 5 октомври

Настани

1502  На своето четврто патување во Америка, морепловецот Кристофер Колумбо ја откри Костарика, земја на брегот на Карипското Море и Тихиот Океан, во Средна Америка.
1582  Според предлозите на една комисија од познати астрономи, папата Гргур Дванаесетти изврши реформа на Јулијанскиот календар поради разликата меѓу траењето на календарската (јулијанска) и природната 1582 година.
1864  Индискиот град Калкута е скоро целосно уништен од циклон; 60000 жртви.
1910  Португалија ја отфрла монархијата и се прогласува за република.
1912  Потписничките на Балканскиот сојуз-Србија, Бугарија, Црна Гора и Грција и предадоа ултимативна нота на Турција, по што почна Првата балканска војна.
1915  Бугарија влегува во Првата Светска војна како една од Централните Сили.
1962  Во Велика Британија е прикажан првиот Џејмс Бонд филм, „Др. Но“.
1991  Издадена е првата официјална верзија на Линукс кернел, верзија 0.02.
1994  Во Лондон е отворена првата презентација на предмети од бродот „Титаник“, што потона пред 82 години. Изложбата „Остатоците од Титаник“ поставена во националниот поморски музеј во Гринич, прикажува околу 150 од вкупно 3.600 предмети извадени од морското дно, откако бродот беше откриен во 1985 година.
1995  Собранието на Република Македонија со 110 гласови „за“ и само еден воздржан од присутни 111 пратеници, едногласно го усвои Законот за знамето на Република Македонија.
1997  Египетски официјални претставници соопштија дека почнува нова потрага по гробот на Александар Велики во срцето на медитеранскиот град Александрија, што тој го основал во 332 година п.н.е.
2007  На Градскиот стадион во Скопје, пред повеќе од 25,000 посетители, македонската музичка супер-ѕвезда Тоше Проески го оддржува својот последен концерт; концертот е од хуманитарен карактер и е наменет за обнова на основните училишта во земјата.


Родени

1695  Џон Глас, шкотски министер
1703  Џонатан Едвардс, американски министер
1820  Дејвид Вилбер, американски политичар
1901  Џон Алтон, американски кинематограф
1908  Џошуа Логан, американски филмски режисер и писател.
1930  Павел Попович, советски космонаут
1975  Кејт Винслет, англиска актерка


Починале

1565  Лодовико Ферари, италијански математичар
1606  Филипе Деспортес, француски поет
1880  Жак Офенбах, француски композитор од германско потекло кој се смета за татко на операта. Негови најзначајни остварувања се оперетите „Убавата Елена“ и фантастичната опера „Хофмановите приказни“.
1933  Рене Адоре, француска актерка
1986  Мајк Бургман, австралијански тркач


[уреди] 6 октомври

Настани

1600  Во Фиренца, во Италија во палатата Пити, за време на свеченостите по повод венчавката на англискиот крал Хенри Шести со Марија Медичи, е одржана премиерната изведба на операта „Евридика“, прва опера во историјата што ја создаде италијанскиот композитор Јакопо Пери.
1889  Томас Едисон го покажува неговиот прв филм (слики во движење).
1908  Австрија ги анексира Босна и Херцеговина. Austria annexes Bosnia and Herzegovina.
1943  Балистите запалија поваќе куќи во селото Кленоец и селото Попоец, Кичевско, а во наредните денови беа ограбени повеќе куќи и убиени луѓе во селата Душегубица, Иванчиште, Малкоец и други.
1991  Во Белград допатува синот на последниот југословенски крал 46 годишниот принц Александар ИИ Караѓорѓевиќ. Со звуците на химната „Божја правда“ и традиционалниот пречек со сол и леб, и грутка земја, принцот со семејството беше пречекан од одборот за пречек на чие чело е Душан Ковачевиќ. Принцот Александар изјави: „Дојдов со надеж дека моето доаѓање ќе придонесе за мирот во оваа земја“.
1992  Републиканскиот конгресмен Дорнан го обвини демократскиот кандидат Бил Клинтон дека бил поканет во Москва од страна на КГБ, што го подржа него да демонстрира против виетнамската војна, пред повеќе од 20 години.


Родени

1459  Мартин Бехаим, германски навигатор и географ
1769  Сер Исак Брок, британски командер
1888  Роланд Гарос, француски пилот
1971  Алан Стабс, англиски фудбалер
1973  Џеф Дејвис, американски комедијант


Починале

1014  Самуил, македонски цар
1891  Чарлс Стјуарт Парнел, ирски политичар
1943  Јосиф Јосифовски - Свештарот, народен херој на Македонија.
1973  Сидни Блекмер, американски актер
2006  Вилсон Такер, американски писател


[уреди] 7 октомври

Настани

1492  Кристофер Колумбо ја изминува Флорида при промена на курсот.
1506  Папата Јулиус II и Франција ја окупираат Болоња.
1769  Англиски истражувач, Капетан Кук, го открива Нов Зеланд.
1840  Вилем II станува Крал на Холандија.
1886  Шпанија го укинува ропството во Куба.
1931  Првата инфраред фотографија, Рочестер, Ну Јорк.
1991  Европската заедница и стави ултиматум на Југославија за 24 часа да ги прекине воените дејствија на ЈНА. Во спротивно се закани со економски санкции.
1993  Во Скопје се конституира Агенцијата за трансформација на претпријатијата со општествен капитал.


Родени

1576  Џон Марстон, англиски писател
1748  Крал Чарлс XIII на Шведска
1885  Нилс Хенрик Давид Бор, дански теоретски физичар, основач на теоријата на структурата на атомот.
1910  Ѓорѓи Абаџиев, македонски писател, еден од најпознатите прозаисти, публицист и историчар.
1960  Виктор Лазло, белгиски пејач


Починале

1849  Едгар Алан По, северноамерикански поет
1894  Оливер Вендел Холмс, американски писател
1904  Димитар Цанко, македонски преродбеник
1959  Марио Ланца, американски тенор и филмска ѕвезда.
1985  Христо Андонов Полјански, македонски историчар, ректор на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје


[уреди] 8 октомври

Настани

1793  Во Париз за публиката е отворен музејот „Лувр“ кој дотогаш беше кралски дворец.
1893  Вилхелм Конрад Рентген ги откри таканаречените рендгенски зраци.
1942  Втора светска војна: Почна големото истоварување на сојузничките трупи во Африка. Главен командант на операцијата беше Двајт Ајзенхауер.
1944  На Скопска Црна Гора, Шеснаесеттата македонска НО бригада по тридневни борби ги одби нападите на балистичките сили од правецот на селото Орман - селото Бразда, кои се обидуваа да ја отфрлат од комуникацијата Скопје - Качаник и да го оневозможат непречено сообраќајот на германските сили.
1967  Во Боливија е убиен Ернесто Че Гевара. Тој со Фидел Кастро учествуваше во кубанската револуција и стана симбол на современ револуционер меѓу младите на Европа и на двете Америки.
1995  Руската воена врховна команда беше подготвена да ги насочи своите нуклеарни ракети кон Полска и Чешката Република доколку овие две земји му се приклучат на НАТО.
2005  Катастрофален замјотрес во Кашмир, Пакистан. Официјално загинале 87.350 лица, но според некои проценки, бројот на жртвите може да е поголем од 100.000.


Родени

1789  Џон Раглс, американски политичар
1864  Бранислав Нушиќ, српски комедиограф, сатиричар и критичар
1917  Валтер Лорд, американски автор
1939  Пол Хоган, австралијански актер
1980  Ник Канон, американски актер


Починале

1652  Џон Грејвс, англиски математичар.
1897  Алексеи Саврасов, руски уметник.
1967  Ернесто Рафаел Гевара де ла Серна (Че Гевара), јужноамерикански револуционер и борец за слобода.
1992  Вили Брант, западногермански политичар, претседател на Социјалдемократската партија на СР Германија.


[уреди] 9 октомври

Настани

1000  Леиф Ериксон го открива Винланд и станува првиот познат европјанец во Северна Америка.
1595  Шпанската армија го завзема Камбраи.
1604  Супернова 1604, најскорешната супернова набљудувана во Млечниот Пат.
1876  Британскиот физичар, пронаоѓач на телефонот и учител на говорот на глувите Грахам Бел (1847-1922), кој подолго време живееше во САД, ја воспостави првата меѓународна телефонска врска меѓу Бостон и Кембриџ.
1967  Во Собранието на СР Македонија, под претседателство на д-р Милан Бартош, е одржана седница на Матичната комисија за формирање на Македонската академија на науките и уметностите, на која е извршено конституирање на МАНУ.
1975  На советскиот физичар Андреј Сахаров му е доделена Нобеловата награда за мир поради неговите „бестрашни напори за мир во светот и правдата за сите во светот“, се вели во образложението на Норвешкиот комитет за Нобеловата награда.
1995  Собранието на Република Македонија ја ратификува Привремената согласност меѓу Македонија и Грција.


Родени

1547  Мигуел де Сервантес, прочуен шпански писател, автор на првиот реалистички роман во шпанската литература, ненадминливиот „Дон Кихот“.
1757  Крал Чарлс X на Франција.
1854  Михајло Пупин, научник од светски глас. Со своите пронајдоци во областа на електрониката, жичната и безжичната телеграфија, стана познат во целиот свет.
1894  Владимир Мошин, еден од најголемите проучувачи и познавачи на македонската средновековна уметност и култура.
1938  Хеинц Фишер, австриски политичар.
1973  Тери Балсамо, американски гитарист


Починале

1047  Папата Клемент II
1569  Владимир оф Старица, руски принц
1934  Крал Александар I на Југославија (убиен)
1956  Марие Доро, американска актерка


[уреди] 10 октомври

Настани

1582  Поради воведувањето на Грегорианскиот календар во оваа година, овој ден не постоел во Италија, Полска, Португалија и Шпанија.
1631  Саконска армија ја презема Прага.
1889  Формиран е Бернард Колеџот.
1944  Во селото Жегљање, кумановско, е формирана Кумановската дивизија, во чиј состав влегоа Шеснаесеттата, Седумнаесеттата и Осумнаесеттата македонска НО бригада. Имаше околу 5.500 борци. Учестето на теренот од балистичките банди.
1946  Во Скопје, во црквата „Свети Спас“, со сите државни почести и пред повеќе илјади граѓани од цела Македонија, беа положени моштите на истакнатиот македонски револуционер и идеолог Гоце Делчев, кои два дена порано македонската делегација ги донесе од Софија.
1967  Во Скопје, на свечената седница на Собранието на СР Македонија, е извршено свечено отворање на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).
1991  Предадено е во употреба студиото на ТВ Прилеп.
1993  Андреас Папандреу победи на претседателските избори во Грција.


Родени

1892  Иво Андриќ, српски писател.
1904  Сотир Ставридис, македонски хирург и уролог, прв асистент во Хируршката клиника во Скопје.
1923  Николас Парсонс, англиски актер.
1946  Наото Кан, јапонски политичар.
1966  Тони Адамс, англиски фудбалер.


Починале

1359  Крал Хју IV на Кипар.
1674  Томас Трахерн, англиски поет.
1837  Чарлс Фуриер, француски филозоф.
1930  Адолф Енглер, германски ботанист.
1983  Ралф Ричардсон, англиски актер.
2004  Крисотфер Рив, американски актер.


[уреди] 11 октомври

Настани

1941  Во Прилеп борците на Првиот прилепски партизански одред извршиле напад на бугарската полициска станица во градот, на прилепскиот затвор и на телефонско-телеграфската мрежа. Со овој чин бил означен почетокот на востанието на македонскиот народ против бугарскиот окупатор, а со цел конечно ослободување на земјата. На 12 октомври се огласиле и истрелите на кумановските партизани. Почнала четиригодишната крвава НОВ на македонскиот народ за конечо ослободување на земјата која завршила со успех само во еден дел на Македонија.
1946  Директно од студиото на ТВ Скопје во Нерези, во 16 часот е емитувана првата емисија-документарниот филм „Востанати“ работена по повод 60-годишнината од Илинденското востание.
1954  Во Скопје се пренесени моштите на Гоце Делчев.
1964  Виет Мин ја презема контролата над Северен Виетнам.
1994  Во Анталија - Турција, на Петтата меѓународна конференција за безбедност и соработка на која учествуваа високи официјални личности од земјите-членки на НАТО и КЕБС, македонската делегација ја истакнала заинтересираноста на Република Македонија за интегрирање во НАТО.


Родени

1885  Франсоа Шарл Моријак, француски писател и публицист, добитник на Нобелова награда за литература.
1910  Љубен Лапе, редовен член на МАНУ и редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје.


Починале

1670  Луј Ле Во, славен француски архитект.


[уреди] 12 октомври

Настани

1492  Прочуениот Италијански морепловец Кристофер Колумбо (1451-1506), во служба на Шпанија, по двомесечно пловење, пристигнал на бахамскиот остров Гуанахани, откривајќи ја на тој начин Америка. Колумбо на овој пат тргнал со три брода : „Санта Марија“, „Ниња“ и „Пинта“. Во текот на патувањето ги открил Куба и Хаити, каде што оставил дел од своите луѓе и се вратил во Шпанија. Подоцна, уште неколкупати одел на слични патувања.
1822  Бразил се стекнува со независност. Дотогаш оваа земја била португалска колонија.
1941  Во Прилеп, бугарската полиција уапсила 900 граѓани како репресија поради нападот на Прилепскиот партизански одред на бугарската полициска станица, на затворот и на телеграфско-телефонската мрежа, претходниот ден. По малтретирањето биле издвоени членовите на КПЈ и на СКОЈ и префрлени во Битола, а потоа изведени пред суд.
1964  Советскиот Сојуз го лансирал вселенскиот брод „Восток-1“ со пилотот Владимир Комаров, со научникот Константин Феоктисов и со лекарот Борис Јегоров.
1969  Советскиот Сојуз го лансирал вселенскиот брод „Сојуз-7“ со екипаж од три члена, кои во вселената се сретнале со двајцата членови на екипажот на претходно лансираниот брод „Сојуз-6“.
1994  Во селото Гиновци, во близина на Крива Паланка започнала изградбата на железничката пруга Куманово - Бељаковци - Деве Баир.
1995  На состанокот на Постојаниот комитет на ОБСЕ во Виена, Република Македонија била премина во редовно членство.


Родени

1896  Еуџенио Монтале, италијански поет, најголем претставник на италијанскиот херметизам.
1962  Бранко Црвенковски, третиот претседател на Република Македонија.


Починале 12 октомври (починале)

[уреди] 13 октомври

Настани

1884  Меридијанот што поминува низ Гринич (предградие на Лондон) е усвоен како универзаллен (нулти) меридијан, од кој се сметаат географските должини на точките и времето на Земјата.
1943  Под притисок на сојузничките водачи, Италијанскиот крал Виторио Емануел Трети и неговиот премиер Бадолјо и објавил војна на Германија, на тој начин Италија, барем оној дел кој бил под сојузничка контрола, се придружила на антихитлеровската коалиција. До објавувањето на војната дојшло дури по паѓањето на фашистичката влада на Бенито Мусолини и по капитулацијата на Италија.
1952  Во издание на Државното книгоиздателство излезе од печат „Граматика на македонскиот литературен јазик“ од Блаже Конески.
1995  Во Скопје, потпишан е меморандум за практична примена на Њујоршка спогодба меѓу Македонија и Грција.


Родени

1474  Мариото Арбертинели, Италијански сликар, еден од претставниците на француската школа на високата ренесанса.
1911  Андре Навара, француски виолончелист со интернационално реноме. Извесно време има предавано во Скопје, а бил чест и многу значаен учесник во програмата на Охридско лето.
1923  Во Битола, е родена Драга Чаловска - Секуловска, македонски новинар, учесник во НОВ од 1941 година и еден од основачите на Радио Скопје, каде што непосредно по ослободувањето, во еден период кога Радиото бележело брз и сестран развој, ја вршела функцијата уредник на Радио Скопје.


Починале

1984  Илија Зафировски, македонски новинар.


[уреди] 14 октомври

Настани

1941  Во селото Крупиште, Штипско, како одмазда за загубената борба, германските фашисти со вперени пушки влегувале во куќите и ги собирале мажите од 15 до 60-годишна возраст, притоа пукале во секој што ќе почнел да бега. Злосторниците влегувале во куќите и ги гореле заедно со добитокот. Притоа стрелале 49 луѓе. Истиот ден германските фашисти извршиле масакр над населението во кочанското село Уларци. Селото било опожарено и биле стрелани 40 луѓе.
1993  Во Њујорк, е потпишано заедничко соопштение за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Народна Република Кина, на ниво на амбасадори. Потпишувањето е извршено под Уставното име.
1994  По Ирската републиканска армија и лојалистичките парамилитарни единици, објавија општ прекин на воените акции, со што се создадени основните предуслови за почеток на крајот на крвавата северно-ирска драма.


Родени

1890  Двајт Ајзенхауер, американски генерал и политичар.
1919  Димитар Митрев, македонски литературен критичар и есеист, академик, професор на Филозофскиот факултет во Скопје.


Починале 14 октомври (починале)

[уреди] 15 октомври

Настани

1984  Во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот на Македонците во Канада „Македонија“.
1992  Во Скопје е регистрирана Демократската партија на Турците на Македонија, со седиште во Скопје, а за претседател е избран Едроган Сарач.
1995  По 20 месеци грчко ембарго, отворена е македонско - грчката граница.


Родени

1844  Фридрих Ниче, германски философ, професор по класична филологија.
1854  Оскар Вајлд, англиски писател.


Починале

1917  Мата Хари со вистинско име Гертруд Маргарет Зеле била погубена во Париз. Позната германска шпионка за време на Првата светска војна, по потекло Холанѓанка,
1989  Данило Киш, еден од најголемите југословенски писатели со светско реноме.


[уреди] 16 октомври

Настани

1813  Кај Лајпциг почнала т.н. „Битка на народите“, во која Наполеоновите сили се нашле под ударите на здружените сојузници: Русија, Прусија и Австрија. Француската армија била победена, а на 19 октомври, сојузниците го зазеле Лајпциг. Наполеон се повлекол преку Рајна и неколку месеци подоцна бил принуден да абдицира.
1925  Во Локарно, Швајцарија, бил потпишан гарантен пакет меѓу Германија, Белгија и Франција за меѓусебно почитување на постојните граници. Договорот во Локарно создадал ера на мир и просперитет во Западна Европа, но покажал дека германските граници кон Полска и Чехословачка не се толку „свети“ како западните граници.
1945  Во Квебек, Канада, е основана Организацијата на обединетите нации за исхрана и земјоделство (ФАО), со задача да ги проучува проблемите на исхраната и на земјоделството во светот и да препорачува национални и меѓународни мерки за унапредување на исхраната на населението. Овој датум во 1979 година е установен како Светски ден на храната, а се прославува од 1982 година.
1964  Владата на НР Кина соопшти дека во оваа земја е извршена прва експериментална експлозија на нуклеарна бомба. Така Кина како петта земја во светот, стапи во редот на нуклеарните сили.
1994  Во Македонија се одржаа парламентарни, а по прв пат и претседателски избори. Киро Глигоров е повторно избран за Претседател на Република Македонија, со освоени 52,4% од гласовите. ВМРО ДПМНЕ не ги прифати резултатите од изборите.
1997  Папата Јован Павле Втори ја обележа 20-тата годишнина откако стана папа со најдолг стаж во Римокатоличката црква.


Родени

1781  Џорџ Стивенсон, англиски пронаоѓач, „татко на железницата“.
1921  Славчо Стојменски, народен херој на Македонија.


Починале

1793  Во Париз е погубена француската кралица Марија Антоанета, жена на францускиот крал Луј XVI, кој порано завршил на гилотина. Пресметката на револуцијата со кралската двојка долго време било едно од оправдувањата за интернационалистички војни на монархистичка Европа против Република Франција.
2007  Тоше Проески, македонската мега ѕвезда


[уреди] 17 октомври

Настани

1878  Започнало Кресненското востание на македонскиот народ против османлиската власт, а за ослободување на Македонија и за создавање на независна држава. Околу 400 востаници, предводени од Димитар Поп Георгиев - Геровски и војводата Стојан Карастоилов, го нападнале селото Кресна, каде што се наоѓаla османлиска касарна. Притоа ја зазеле касарната и ослободиле неколку места каде што била создадена народна власт. Востанието било задушено дури во јуни идната година.
1907  Воспоставена е првата радиотелеграфска врска меѓу Европа и Северна Америка. Радиоврската меѓу двата континента се покажала многу попрактична од телефонската врска, за која биле потребни скапи подводни кабли.
1912  Почнала Првата балканска војна. Војната завршила со примирје на 3 декември истата година. На конференцијата во Лондон, на 30.05.1913 година. Турција морала да се откаже од територите на Европскиот континент, освен од Едрене, кое сојузниците не успеале да го заземат. Македонскиот народ зел активно учество во војната, очекувајќи дека ќе се избори за слобода и независност. Но, наместо тоа, сојузниците ја поделиле Македонија, што пак било причина за почетокот на Втората балканска војна.


Родени

1760  Клод Анри Сен Симон, француски социјалист, утопист и филозоф..


Починале

1849  Фредерик Франсоа Шопен, полски композитор и пијанист, наречен поет на клавирот.


[уреди] 18 октомври

Настани

1867  Владата на САД го купила од Русија, полуостровот Аљаска за седум милиони и двесте илјади долари.
1912  Во Лозана, Турција и Италија потпишале Договор за мир, со што завршила Италијанско - турската војна (1911-1912).
1943  Во Москва почна конференцијата на министрите за надворешни работи на земјите сојузнички во борбата против силите на Оската.
1962  После неколку дневните поројни дождови, реката Вардар се излеала во градот Скопје. Бидејќи на било регулирано коритото на реката, поплавата го зафатила целиот град, се до насипот во населбата Пролет. Поплавата траела три дена, но без човечки жртви. Беше предизвикана голема материјална штета.
1967  Како прва во историјата на космонаутиката, советската атомска меѓупланетарна станица „Венера-4“, спуштила научна лабораторија на површината на планетата Венера. Со автоматските апарати успешно се испитани атмосферата и површината на планетата.
1972  Потпишана е спогодба со која СССР се обврзува на САД да им ги врати 722 милиони долари, добиени во Втората светска војна врз основа на договорот за заем и за наемнина.
1994  Британската кралица Елизабета Втора за прв пат во петвековната соработка, допатува во тридневна посета на Русија. Рускиот претседател Борис Елцин, изјави дека посетата е признание за руската демократија.


Родени

1898  Вера Циривири Трена, носител на „Партизанска споменица 1941“, прв претседател на АФЖ на Македонија.


Починале

1893  Шарл Гуно, француски композитор, кој заедно со Санс, е главен претставник на класичниот правец на француската музика во 19 век.
1931  Томас Алва Едисон, голем американски пронаоѓач кој го задолжил светот со голем број технички откритија од кои речиси сите се сврзани со употребата на електрична струја.
1990  Гога Џаџу, првоборец и носител на „Партизанска споменица 1941“.


[уреди] 19 октомври

Настани

1935  Лигата на народите изгласа санкции против фашистичка Италија поради нападот врз Етиопија.
1944  Втора Светска војна: трупите на САД се истоварија на Филипинските острови. Филипини целосни се ослободени од јапонската окупација во мај 1945 година. По завршувањето на војната, на 4.07.1946 година е прогласена независна Република Филипини.
1994  Рускиот премиер Виктор Черномирдин поднел писмо до претседателот Борис Елцин, во кое побарал да биде ослободен од должноста поради нарушено здравје.
2002  Во Тетово е убиен 18-годишниот Ванчо Јосифовски.
2003  Папата Јован Павле Втори со свечената процесија што се одржа на плоштадот Свети Петар во Рим, ја беатифицира, односно прогласи за блажена Мајка Тереза, што е последен чин пред нејзиното прогласување за светица.


Родени

1735  Џон Адамс, втор по ред претседател на САД (1797 - 1801).
1924  д-р Владимир Брезовски, истакнат македонски историчар.


Починале

1745  Џонатан Свифт, најголем англиски сатиричар, еден од најостроумните критичари на човековата природа и на општествените процеси.
2003  Алија Изетбеговиќ, поранешен претседател на Босна и Херцеговина.


[уреди] 20 октомври

Настани

1941  Втора Светска војна: Пред силната офанзива на германските армии, советската влада прогласи опсадна состојба во Москва и мина во Кујбишев. Тоа беше најкритичниот момент во текот на нападот на нацистичките трупи врз главниот советски град, но подоцна, по успешната контраофанзива на Црвената армија, дојде до пресврт.
1994  Амбасадорот на Република Македонија во Руската федерација, Гане Тодоровски, на свечената церемонија во Кремљ, му ги предаде акредитивите на претседателот Елцин. „Не се разочаравме што ве признавме под името Македонија“, изјави Елцин.


Родени

1875  Димо Хаџи Димов, македонски револуционер.
1915  Мирче Ацев, народен херој на Македонија.
1915  Антон Попов, македонски револуцонер, публицист, писател, познат комунистички активист и учесник во илегалниот отпор против фашистичкиот режим во Бугарија.


Починале

2003  Миодраг Петровиќ - Чкаља, српски актер и комичар.
2003  Ѓоко Георгиев, водителот на првите контактни емисии на Македонското радио „Три гонга“ и „Средби низ музика“. Тој ќе остане запаметен и како автор на 3.000 текстови на поп музика.


[уреди] 21 октомври

Настани

1941  Втора Светска војна: Поради загубите што ги претрпеа фашистичките единици во судирите со партизаните, Германците, како акт на одмазда, извршија масовно злосторство во Крагуевац, во Србија - од 21 до 23 октомври стрелаа околу 7.000 граѓани, меѓу кои имаше многу ученици и деца.
1995  По одземањето на парламентарниот имунитет, генералниот секретар на НАТО, Вили Клас поднесе оставка.
1997  Мило Ѓукановиќ, е избран за претседател на Црна Гора.


Родени

1833  Алфред Нобел, шведски хемичар, пронаоѓач и индустријалец.


Починале

1927  Бора Станковиќ, српски писател.
1984  Франсоа Трифо, еден од најпознатите француски филмски режисери со светска слава.


[уреди] 22 октомври

Настани

1962  Претседателот на САД, Џон Кенеди нареди морнарицата и авијацијата на САД да ја блокираат Куба, бидејќи сметаше дека во таа земја се поставени советски лансирни рампи. Така, светот се најде во најдраматичниот период по Втората светска војна, кога лесно можеше да избувне нуклеарна пресметка меѓу двете супер сили (САД и СССР). Директната размена на пораки меѓу Кенеди и Хрушчов доведе најнапред до смирување на ситуацијата, а потоа до отстранување на советските ракети во замена за ветувањето на САД, дека нема да ја нападнат Куба.
1991  На општите избори во Турција, победи Партијата на вистинскиот пат на Сулејман Демирел.
1997  Најстарата македонска православна црква во Австралија, „Свети Ѓорѓи“, во Фицрој, осветена во 1960 година, е продадена за 810.000 австралиски долари на некоја градежна фирма.


Родени

1811  Франц Лист, унгарски пијанист и композитор, музичар со романтичарско определување и предводник на германската школа.
1917  Борко Лазески, македонски академски сликар, еден од првите апстрактни автори во Македонија.


Починале

1906  Пол Сезан, француски сликар.
1973  Димитар Николоски - Луј, македонски музички педагог и композитор


[уреди] 23 октомври

Настани

1917  Кај местото Луневил, во Франција, американските сили ги почнаа првите борбени акции во Првата светска војна.
1942  Втора Светска војна: Кај градчето Ел Аламејн, во египетската пустина, британските сили ги нападнаа германско-италијанските позиции. По дванаесетдневни огорчени борби, германско-италијанските трупи беа уништени. Наскоро почна сојузничкото истоварување во Северна Африка.
1944  Втора Светска војна: Во Филипинскиот Архипелаг се одигра најголемата поморско-воздушна битка. Во неа учествуваше целата јапонска флота и три четвртини од флотата на САД. Битката траеше до 25 октомври, кога поразените Јапонци го напуштија боиштето, со обострани големи загуби.
1944  Втора Светска војна: Сојузнички држави ја признаа привремената влада на Франција што ја формира Шарл де Гол.
1954  САД, СССР, Велика Британија и Франција се спогодија да ја окончаат окупацијата на Германија.
1956  Започува Унгарската револуција против советската доминација во Унгарија.
1973  Израелската воена команда соопшти дека Израел и Египет се спогодиле да ги прекинат вооружените напријателства на Блискиот Исток.
1992  По едномесечна нафтена војна против Македонија, Грција го повлекува ембаргото.


Родени

1844  Сара Бернар, француска артистка со исклучително убав глас и дарба.
1927  Лешек Колаковски, полски философ.
1940  Пеле, бразилски фудбалер.


Починале

1872  Теофил Готје, француски писател. Пишувал песни, романи, патописи и критики.
1990  Луј Алтизе, француски философ.


[уреди] 24 октомври

Настани

1795  Русија, Австрија и Прусија меѓу себе ја поделија територијата на Полска.
1797  Лима, главниот град на Перу, го разурна земјотрес, при што загинаа околу 5.000 луѓе.
1857  Во Шефилд, Англија формиран е ФК Шефилд, најстариот фудбалски клуб во светот.
1918  Сфаќајќи дека со распаѓањето на Австро - Унгарија целосниот пораз на централните сили е неизбежен, царот Карло побара интервенција од Католичката црква за прекинување на војната. Меѓутоа, интервенцијата на Ватикан немаше успех. Сојузниците продолжија со операцијата и ги натераа Австро - Унгарија и Германија на безусловна капитулација.
1945  Стапи во сила Повелбата на Организацијата на обединетите нации, која заедно со Статутот на Меѓународниот суд, претставува темелен документ за устројството и дејствувањето на оваа светска организација. Тој ден се слави како Ден на Организацијата на обединетите нации.
1992  Во Тетово е формиран Сојуз на албанските жени.
1997  На пет километи под површината на Индискиот океан, нуркачите го пронајдоа американскиот брод кој носеше 2.000 тони сребро, кое претседателот Рузвелт му го испратил на Сталин во 1944 година. Рузвелт сакал да им помогне на Русите во борбата против Хитлер, но планот пропаднал кога германскате подморници го потопиле. Во бродот имало сребро во вредност од најмалку 330 милиони долари.


Родени

51  Домицијан, римски император.
1914  Џонас Едвард Салк, американски микробиолог.
1915  Тито Гоби, италијански оперски пејач, баритон.
1930  Јохан Галтунг, норвешки пацифист.
1966  Роман Абрамович, руски мултимилијардер.
1985  Вејн Руни, англиски фудбалер.


Починале

1957  Кристијан Диор, француски моден креатор.
1991  Џин Роденбери, американски режисер.
2005  Роза Паркс, американска активистка за човекови права.


[уреди] 25 октомври

Настани

1936  Нацистичка Германија и фашистичка Италија ја формираа Оската Рим - Берлин, со што е зацврстен сојузот на водечките фашистички држави во Европа. „Оската“ подоцна со вклучувањето на Јапонија за кусо време стана првокласна меѓународна воена и политичка групација и извор на империјалистички амбиции и на агресивни планови.
1971  НР Кина е примена во членството на ООН.
1993  Мелина Меркури, артистката во филмот „Никогаш в недела“, која ја доби функцијата министер за култура во Атина, вети дека ќе се бори за враќање на мермерните украси од Британскиот музеј, антички орнаменти кои го краселе Партенон. „Никогаш не почнувам борба без да ја продолжам и без да ја завршам“, изјави Меркури. Сите британски влади одбија да ги вратат мермерите, бидејќи тоа ќе значи преседан, со кој музеите низ светот ќе ги загубат своите богатства.
1994  Седум слики на шпанскиот сликар Пабло Пикасо се украдени од една уметничка галерија во Цирих, соопшти полицијата. Вредноста на сликите е проценета на 250 милиони швајцарски франци, односно 208 милиони долари.


Родени

1825  Јохан Штраус - помладиот, австриски композитор, виолинист и диригент.
1838  Жорж Бизе, француски композитор, автор на многу познатата опера „Кармен“, најуспешното дело на францускиот реализам.
1881  Пабло Луис Пикасо, шпанско-француски сликар, еден од најголемите светски сликари, основач на кубизмот.


Починале

1400  Џефри Чосер, најголем англиски поет во средниот век, еден од основачите на англиската книжевност.


[уреди] 26 октомври

Настани

1689  По наредба на австрискиот генерал Силвио Пиколомини, австриската војска го запали Скопје, кое гореше два дена. Австријците го запалија градот за да се спасат од епидемијата на чумата, но опасната болест не беше запрена од огнот. За кусо време изгореа многу куќи, дуќани и други градежни објекти. Покрај загубите што му беа нанесени на населението, неколку илјади австриски војници заболеа и умреа од чумата, а меѓу нив и нивниот генерал Силвио Пиколомини.
1863  Основан е Фудбалскиот сојуз на Англија.
1905  Шведска ја признала независноста на Норвешка.
1911  Прокламирана е Кинеската Република.
1955  Австрискиот Парламент го прифати Законот за постојана независност на земјата. Тој ден се прославува како национален празник на Република Австрија.
1992  Перуанскиот печат соопшти дека познатиот археолог Валтер Алва пронашол непозната група од 15 камени пирамиди, опкружени со населби чија старост се пронеценува на 35 векови. Новооткриениот археолошки локалитет зафаќа површина од три километри квадратни и се наоѓа на околу 60 километри од перуанскиот град Чиклајо.
1993  Водачот на Црвените бригади, Марио Морети, во интервјуто дадено од неговата затворска ќелија, што го пренесуваше телевизискиот канал „РАИ УНО“, призна дека го убил поранешниот премиер Алдо Моро. „Никогаш немаше да дозволам некој друг да го направи тоа. Тоа беше за мене и го извршив“, изјави Морети.


Родени

1685  Доменико Скарлати, важен барокен композитор за чембало. Ненадминат по влијанието врз клавијатурната музика.


Починале

1764  Вилијам Хогарт, важен англиски сликар, графичар, ликовен сатиричар, и карикатурист.
1874  Петар Корнелиус, германски композитор.
1955  Радослав К. Петковски, македонски писател.


[уреди] 27 октомври

Настани

1920  Седиштето на меѓународната организација Лига на народите (основана е на 19.04.1919 година со задача да го зачува светскиот мир, колективната безбедност и политичката независност на земјите, членки на Лигата на народите) од Лондон е префрлено во Женева, Швајцарија. Во тој град многубројните институции на Лигата на народите останаа се до 1945 година, кога и формално беше укината, отстапувајќи и го местото на Организацијата на обединетите нации.
1947  Во Лерин е извршена смртна пресуда врз 13 Македонци од селото Герман, Леринско, обвинети за соработка со партизаните.


Родени

1782  Николо Паганини, италијански виртуоз на виолина и композитор.
1898  Димче Зографски, македонски револуционер и општествено- политички работник.
1920  Стефан Наумов - Стив, народен херој на Македонија.


Починале

1990  Уго Тањаци, прочуен италијански артист.
1993  Винсент Прајс, американски артист.


[уреди] 28 октомври

Настани

1689  По наредба на австрискиот генерал Силвио Пиколомини, австриската војска го запали Скопје, кое гореше два дена. Австријците го запалија градот за да се спасат од епидемијата на чумата, но опасната болест не беше запрена од огнот. За кусо време изгореа многу куќи, дуќани и други градежни објекти. Покрај загубите што му беа нанесени на населението, неколку илјади австриски војници заболеа и умреа од чумата, а меѓу нив и нивниот генерал Силвио Пиколомини.
1863  Основан е Фудбалскиот сојуз на Англија.
1905  Шведска ја признала независноста на Норвешка.
1911  Прокламирана е Кинеската Република.
1955  Австрискиот Парламент го прифати Законот за постојана независност на земјата. Тој ден се прославува како национален празник на Република Австрија.
1992  Перуанскиот печат соопшти дека познатиот археолог Валтер Алва пронашол непозната група од 15 камени пирамиди, опкружени со населби чија старост се пронеценува на 35 векови. Новооткриениот археолошки локалитет зафаќа површина од три километри квадратни и се наоѓа на околу 60 километри од перуанскиот град Чиклајо.
1993  Водачот на Црвените бригади, Марио Морети, во интервјуто дадено од неговата затворска ќелија, што го пренесуваше телевизискиот канал „РАИ УНО“, призна дека го убил поранешниот премиер Алдо Моро. „Никогаш немаше да дозволам некој друг да го направи тоа. Тоа беше за мене и го извршив“, изјави Морети.


Родени

1697  Џовани Антонио Канал, повеќе познат како Каналето - венецијански сликар.
1728  Џемс Кук, најпознат поморски истражувач, познат како капетан Кук.
1818  Иван Сергеевич Тургенев, руски писател, еден од најзначајните претставници на рускиот реализам.


Починале

1704  Џон Лок, англиски философ.
1989  Димитар Гешовски, еден од најпознатите македонски артисти.


[уреди] 29 октомври

Настани

1923  Турција е прогласена за Република. - Национален ден на Турција.
1944  Во селото Горно Врановци, велешко, излезе првиот број на весникот „Нова Македонија“ на македонски јазик, орган на Народноослободителниот фронт на Македонија. Вториот број излезе во ослободениот град Битола, а од третиот број излегува во Скопје. Излегувањето на овој весник е од исклучително значење за развојот на современото македонско новинарство.
1994  По повод вториот круг на гласање за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија, почна со работа Прес центарот.


Родени

1879  Франц фон Папен, германски канцелар.
1897  Јозеф Гебелс, германски нацист.
1970  Евдин ван дер Сар, холандски фудбалер.
1971  Винона Рајдер, американска актерка.
1981  Аманда Бирд, американска пливачка.


Починале

1940  Димитрија Чуповски, еден од најистакнатите и најдоследни организатори и афирматори на македонската национална мисла, општественик, револуционер, политичар, дипломат, публицист, научник, издавач, историчар, картограф и филолог.
1975  Ристо Крле, македонски писател и драматург.


[уреди] 30 октомври

Настани

1890  Охридското граѓанство испрати молба до Високата порта во Цариград, во која молеше да се дозволи основање на македонски училишта во градот и околината и да се дозволи наставата во училиштата да се изведува на македонски јазик.
1905  За време на првата Руска револуција, рускиот цар Николај II воведува устав, кој предвидува законодавно собрание
1918  Со капитулацијата на Турција, која во Првата Светска војна била на страната на Централните Сили, престанува да постои Отоманската Империја.
1938  Се емитува радио-драмата на Орсон Велс, Војна на световите, (адаптирана од книгата на Х.Џ. Велс), предизвикувајќи сеопшта паника во САД.
1938  Младиот режисер Орсон Велс ја објави во Њујоршкото радио Ен-Би-Ес радиодрамата „Војната на световите“, врз основа на текстот на Џ.Велс. Нападот на Марсовците на Земјата, режисерот го прикажа така што повеќе слушатели поверуваа во вистинитоста на настанот, што предизвика неверојатен хаос и тревога во тој дел на Америка. Орсон Велс преку ноќ стана еден вид национален херој.
1945  Индија стана член на Организацијата на Обединетите нации.
1967  За првпат во историјата на космонаутиката е извршено спојување и раздвојување на вештачки земјини сателити. Ова го изведоа советските научници со леталата „Космос - 186“ и „Космос - 188“.
1973  Пуштен е во сообраќај мостот на Босфор, во Турција, кој ги поврзува Европа и Азија.
1974  Со нокаутот над Џорџ Форман, Мухамед Али се враќа во боксот како светски шампион.
1975  Принцот Хуан Карлос станува претседател на Шпанија, заменувајќи го болниот генерал Франциско Франко.
1983  Во силниот земјотрес со силина од 6 степени според Рихтеровата скала, што ја погоди Анадолија, во Турција, загинаа 1.300 луѓе.
1993  Министерството за односи со странство на Република Македонија, официјално е известено од генералниот секретар на Обединетите нации, дека е прифатена нотификацијата на Република Македонија, со која се пристапува кон Виенската конвенција за патниот сообраќај од 1968 година. Според тоа возилата регистрирани во Македонија ја користат ознаката „МК“.
1994  Втор круг на Парламентарните избори во Република Македонија. Коалицијата Сојуз за Македонија, предводена од СДСМ, оствари уверлива победа. ВМРО ДПМНЕ не ги прифати резултатите од изборите и се откажа од учество во работата на Парламентот.
1994  Граѓаните на Република Македонија по вторпат излегоа на гласање во рамките на вторите повеќепартиски избори.
1995  Со тесно мнозинство, пропаѓа референдумот за независност на Квебек од Канада.


Родени

1751  Ричард Шеридан, ирски драматург.
1871  Пол Валери, француски писател, еден од најголемите лиричари.


Починале

1910  Жан Анри Динан, швајцарски филантроп, основач на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во 1863 година, кој подоцна прерасна во меѓународна организација.


[уреди] 31 октомври

Настани

1924  Во Милано, Италија бил одржан Првиот меѓународен конгрес на штедилниците. Тој ден е прогласен за Светски ден на штедењето.
1956  Во Египет избувна Суецката војна. Намерата на империјалистичките сили да ги зачуваат своите стратегиски, стопански и политички интереси во Египет, посебно контролата на Суецкиот канал, ја условија тројната француско-британско-израелска агресија врз Египет, која започна кога британските и француските авиони ги бомбардираа египетските аеродроми.
1994  Лидерот на босанските Срби, Радован Караџиќ, објавил „воена состојба“ во Босна, наредувајќи сите резервисти да се јават кај своите команданти, за да се подготват за контра-офанзива во северозападниот дел на земјата.
1995  Република Македонија вклучена во програмата ФАРЕ.


Родени

1919  Димитар Богоевски - Мите, народен херој на Македонија.


Починале

1851  Петар Петровиќ - Његош, владика и владетел на Црна Гора.
1984  Индира Ганди, претседател на индиската власт и истакнат лидер на Движењето на неврзаните.


Јануари - Февруари - Март - Април - Мај - Јуни - Јули - Август - Септември - Октомври - Ноември - Декември

Начин на користење на шаблоните во рубриката


aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -