Калкута
Од Википедија, слободна енциклопедија
Калкута или Колката (на бенгалски: কলকাতা Колката) е главниот град на индиската држава Западен Бенгал. Таа се наоѓа во Источна Индија, на источниот брег на реката Хухли. Градот брои речиси 6 милиони жители, а со областа околу градот и преку 14 милиони, правејќи го третата најголема градска агломерација и четвртиот најголем град во Индија.
Градот служел како главен град на Индија за време на Британскиот Раж сѐ до 1911. Поранешен центар на модерното образование, наука, култура и политика во Индија, Колката била со економска стагнација во годините по индиската независност во 1947. Но, до 2000 година, економијата повторно се враќа во нормала. Како и другите големи градови, Колката продолжува да се бори со проблемите на урбанизацијата како што се сиромаштија, загадување и преголем сообраќај.
Калкута е позната по својата револуционерна историја, движејќи се од Индиската борба за независност до левичарските и трговско-унијатските движења.