Куманово
Од Википедија, слободна енциклопедија
Куманово се наоѓа на североисточниот дел на Република Македонија, на надморска височина од 340 метри, распространето од двете страни на реките Липковка и Којнарка.
Содржина |
[уреди] Насeление
Според бројот на жителите Куманово со 70.842 жители е на третото место во Република Македонија зад Скопје и Битола.
- Македонци 46.840 (66,12%)
- Албанци 13.277 (18,74%)
- Срби 5.727 (8,08%)
- Роми 4.042 (5,70%)
- Турци 256
- Власи 108
- Бошњаци 14
- Останати 578
[уреди] Религија
Во градот доминираат православните христијани (76,64%), а останатите се со исламска и евангелистичко-методистичка вероисповест.
[уреди] Историја
Името Куманово најверојатно е добиено според името на племето Кумани коешто живеело на оваа територија во средниот век. Други претпоставки за името не постојат.
Првите изворни податоци за населбата Куманово се споменуваат во 1519 година, од патеписните дефтери во архивот на Република Турција во Истанбул со 52 семејства и околу 300 жители.
Најопширни и најзначајни податоци дава Евлија Челебија во 1660 година кој напишал: "Населбата Куманово се наоѓа на територијата на Скопскиот санџак и претставува еден војводлак. Градот е украсен со многу реки, закитен со 600 куќи, покриени со керамиди.
Градската населба, административен центар на нахијата, Куманово станува при крајот на XVI или почетокот на XVII век. По бурните настани (Карпошово востание во 1689 год.) настанува стагнација на градот, и тој се до крајот на XVIII век претставува типична турска касаба.
Во близина на Куманово на 23 октомври, 1912, е одржана и познатата Кумановска битка во која турските сили биле поразени од српската војска и биле натерани на повлекување од оваа територија. Во близината на ова место на локалитетот кој се нарекува Зебрњак е изграден споменик кој подоцна делумно ќе биде разрушен од страна на бугарската војска за време на Втората Светска војна.
Стопански развој градот доживува дури при крајот на XIX век (земјоделство, занаетчиство и трговија), но во стопанскиот развој нема значаен подем на индустријата се' до крајот на Втората Светска војна. На 11 октомври, 1941, во Куманово заедно со Прилеп, започнала антифашистичката борба на македонското население. По 1945 година Куманово доживува брз стопански, административен и културен развој.
[уреди] Населби во Куманово
Гоце Делчев, Банево Трло, Зелен Рид, Бедиње, Карпош, Ајдучка Чешма, Пуковско.
[уреди] Основни училишта
- О.У."Крсте Мисирков"
- О.У."Браќа Миладиновци"
- О.У."Христијан Тодоровски-Карош"
- О.У."11ти Октомври"
- О.У."Толи Зордумис"
- О.У."Вук Караџиќ"
- О.У."Кочо Рацин"
[уреди] Братски градови
Берово • Битола • Богданци • Валандово • Велес • Виница • Гевгелија • Гостивар • Дебар • Делчево • Демир Капија • Демир Хисар • Дојран • Кавадарци • Кичево • Кочани • Кратово • Крива Паланка • Крушево • Куманово • Македонски Брод • Македонска Каменица • Неготино • Охрид • Пехчево • Прилеп • Пробиштип • Радовиш • Ресен • Скопје • Струга • Струмица • Свети Николе • Тетово • Штип