1945
Од Википедија, слободна енциклопедија
< 19 век | 20 век | 21 век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
[уреди] Настани
- 7 јануари – Божиќните настани на Скопското Кале: одредени единици одбиваат да заминат на Сремскиот фронт и наместо тоа сакаат да се оди на Солун.
- 18 јануари – Започна со работа таканареченото Работно тело на Президиумот на АСНОМ, на чело со Лазар Колишевски. Целта на неговото создавање беше изолирање на претседателот на Президиумот, Методија Андонов - Ченто, од процесот на донесување одлуки.
- 20 јануари – Во Воден е основана Тајната ослободителна македонска организација.
- 20 јануари – Унгарија излегува од Втората светска војна.
- 30 јануари - Руска подморница го торпедира и потопи германскиот брод Вилхелм Густлов, преполн со бегалци. Преку 9000 лица го загубија животот во трагедијата која се смета за најголема поморска катастрофа во историјата.
- 31 јануари – Формиран е Македонскиот народен театар.
- 4 – 11 февруари – Се одржува конференцијата на Јалта.
- 13 – 15 февруари – Британските и американските сили го бомбардираат Дрезден.
- 4 март - Во Скопје се одржува Првиот црковно-народен собор за обновување на Македонската Православна Црква.
- 8 март – Јосип Броз Тито формира влада на ниво на Југославија.
- 22 март – Формирана е Арапската Лига.
- 14 – 16 април – Во Скопје се одржува Третото заседание на АСНОМ.
- 16 април - Формирана е првата македонска влада на чело со Лазар Колишевски.
- 23 април - Во Егејска Македонија е основан Народно-ослободителниот фронт на Македонците.
- 3 мај - Утврдена е македонската азбука.
- 9 мај - Нацистичка Германија капитулира.
- 24 јуни - Одржана парадата на победата над фашизмот во Москва, Русија.
- 29 јуни – Чехословачка и ја отстапува Рутенија на СССР.
- 16 јули - Проект Менхетен: Тринити проба, првиот тест на атомска бомба, пустина Њу Мексико, САД.
- 17 јули – 2 август – Се одржува Постдамската конференција.
- 6 август – САД ја фрла првата атомска бомба врз Хирошима.
- 9 август – САД ја фрла втората атомска бомба врз Нагасаки.
- 2 септември – Завршува Втората светска војна.
- 2 септември - Виетнам прогласува независност, формирајќи ја Демократската Република Виетнам (Северен Виетнам).
- 24 октомври – Основани се Обединетите Нации.
- 20 ноември – Започнува судењето во Нирнберг.
[уреди] Родени
- 23 јануари - Тито Петковски, македонски политичар, претседател на Нова социјалдемократска партија
- 6 февруари - Боб Марли, јамајкански реге пејач
- 30 март - Ерик Клептон, британски гитарист
- 4 април - Даниел Кон-Бендит, француски левичарски политичар
- 27 октомври - Луиш Инасио Лула да Силва, бразилски претседател
[уреди] Починале
- 12 април - Френклин Рузвелт, американски претседател
- 28 април - Бенито Мусолини, италијански диктатор
- 30 април - Адолф Хитлер, германски диктатор
- 20 јули - Пол Валери, француски поет
- 28 декември - Теодор Драјзер, американски писател
Видете исто: