Албанци
Од Википедија, слободна енциклопедија
Aлбанци (Shqiptarë) |
|
---|---|
Скендер бег, Папа Климент XI, Мехмет Али и Крал Зог | |
Вкупен Број на Популацијата | 6,700,000 |
Региони каде што живее Етничката Група | Албанија: 3,385,000 [1] Косово: |
Јазик | Албански |
Религија | Муслимани, Албански Христијани, Католици и Атеисти |
Албанците се етничка група која често се поврзува со Албанија, Македонија, Црна Гора итн. Повеќе од половината од денешните Албанци живеат на територијата на Албанија и го користат албанскиот јазик. Втората по големина група на Албанци живее на Косово, а потоа следуваат Македонија, Црна Гора, Грција итн. Албанците живеат како имигранти во неколку западноевропски земји и САД.
Содржина |
[уреди] Етнички подгрупи
Постојат две етнички подгрупи на Албанците. Тоа се Гегите, кои го населуваат северот на Шкумбин реката и Тоските, кои се на југ. Косовските Албанци се Геги. Постои голем географски простор помеѓу двата региона, којшто го вклучува и главниот град на Албанија - Тирана.
Гегите, кои претставуваат две третини од популацијата, се помалку мешани со неалбанците од Тоските, кои низ историјата потпаѓале на разни влијанија. Во минатото Гегите биле организирани во кланови а Тоските во полу-феудално општество. Пред Втората светска војна Гегите доминирале со Албанската политика, но по војната многу од Тоските доаѓаат на власт, заедно со новата комунистичка влада.
За време на владеењето на Енвер Хоџа, културните разлики помеѓу Гегите и Тоските се потиснати. Во граѓанските немири во 1997 во Албанија, оваа разлика станува јасно видлива, со тоа што Гегите го поддржуваат националистот Сали Бериша, а Тоските се спротивставуваат.
[уреди] Потекло на Албанците
Албанците се потомци на старите балкански народи, но точна идентификација не е утврдена до денешен ден. Поголемиот број историчари и лингвисти, претпоставуваат дека Албаницте се потомци на Илирите или на Дако-Тракијците. Како ентитет прв пат се споменуваат во 1043. Исламот го заменува христијанството кога Отоманската империја ја зазема територијата на Албанија, во 15 век, па се до 1912.
[уреди] Јазик
Поголемиот број на Албанци го зборуваат албанскиот јазик, којшто е од индоевропската група на јазици. Постојат неколку варијации на албанскиот. Двете главни се Гег и Тоск дијалекти.
[уреди] Етнички обележја
Албанското знаме претставува двоглав орел на црвена позадина, користен од Скендербег во востанието против Осмалниите. Албанците се нарекуваат себеси „Shqiptarët“ (оригинално Shqyptarët; на македонски: Шиптари, што на албански значи Синови на Орлите во слободен превод).