Виница
Од Википедија, слободна енциклопедија
Виница е гратче во источниот дел на Република Македонија, сместено во Кочанската Котлина, помеѓу Осоговските планини и планината Плачковица. Низ Виница течат реките Виничка и Градечка, а во нејзина близина течат реките Осојница и Брегалница. Виница брои околу 10803 жители. Во Виница има две основни и едно средно училиште, библиотека, дом на културата, кино сала, градинка, здравствен дом, базен, метеоролошка станица, центар за едукација на деца и млади итн. Виница го има поштенскиот код 2310, и повикувачкиот телефонски број 033.
Содржина |
[уреди] Археолошки локалитети
Во околината на Виница и во самиот град постојат следниве археолошки локалитети:
- Виница, средновековна населба.
- Пазариште, населба од римското време.
- Виничко кале, утврдена населба од доцноантичкото време.
- Горица, населба од доцноантичкото време и старохристијанска базилика.
- Ила, некропола од железното време.
[уреди] Етнички состав
Етничкиот состав на населението во градот Виница е:
- Македонци 9706 (89,84%) [се бара извор]
- Турци 216 [се бара извор]
- Роми 809 [се бара извор]
- Власи 101 [се бара извор]
- Срби 20 [се бара извор]
- oстанати 11 [се бара извор]
[уреди] Галерија
Vinica70.jpg
Главната улица во Виница. |
Vinica12.jpg
Плоштадот во Виница. |
Vinica23.jpg
Плоштадот во Виница. |
Vinica2.jpg
На едно од ритчињата околу Виница се наоѓа познатиот археолошки локалитет Виничко Кале. |
Во Виница и Виничко најпознати цркви се онаа во градот - Св. Архангел Михаил и црквата Св. Јоаким Осоговски во селото Јакимово. |
Gradonacalnik.jpg
Градоначалник на Општина Виница е г-дин Марјан Костадинов. |
[уреди] Надворешни врски
Официјален веб сајт на општина Виница
Берово • Битола • Богданци • Валандово • Велес • Виница • Гевгелија • Гостивар • Дебар • Делчево • Демир Капија • Демир Хисар • Дојран • Кавадарци • Кичево • Кочани • Кратово • Крива Паланка • Крушево • Куманово • Македонски Брод • Македонска Каменица • Неготино • Охрид • Пехчево • Прилеп • Пробиштип • Радовиш • Ресен • Скопје • Струга • Струмица • Свети Николе • Тетово • Штип