Горица - Виница (археолошки локалитет)
Од Википедија, слободна енциклопедија
Археолошки локалитети во Република Македонија |
|
---|---|
Горица
(Република Македонија) |
|
Име | Горица |
Место | Виница |
Период | римско време, доцноантичко време |
Тип |
|
Археолошкиот локалитет Горица - Виница е населба од [[доцноантичковреме|доцноантичкото времеѓѓ и старохристијанска базилика. На 1,5 km северозападно од градот, на една тераса што благо се спушта кон левиот брег на Брегалница, со простор од околу 1 хектар, се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал. Од 1984 до 1989 година Музејот на Македонија вршел заштитни ископувања при што се откриени темели од помала трикорабна базилика со нартекс и две странични простории, како и остатоци од темели од други објекти. Ѕидовите од базиликата се зачувани во темелните партии, наместа до 1 m висина, и се градени од речен и кршен камен со варов малтер. Со ископувањата се откриени фрагменти од убава архитектонска и пластика работена во камен (крстови, гулаби и други христијански мотиви).
[уреди] Види исто така
Други археолошки локалитети во околината на Виница.
- Виница, средновековна населба.
- Пазариште, населба од римското време.
- Виничко кале, утврдена населба од доцноантичкото време.
- Горица, населба од доцноантичкото време и старохристијанска базилика.
- Ила, некропола од железното време.