Крива Паланка
Од Википедија, слободна енциклопедија
Крива Паланка е град во североисточниот дел на Република Македонија, сместен под падините на Осоговските планини на двата брега на Крива Река. Во непосредна близина на градот се наоѓа граничниот премин Деве Баир кон Република Бугарија. Од Куманово е оддалечена 60 км, а од Скопје 100 км во источен правец.
[уреди] Население
Според последниот попис од 2002 година, во Крива Паланка живеат 14558 жители од кои:
- Македонци 13758 (94,50%)
- Турци 2
- Роми 668
- Власи 2
- Срби 88
- Бошњаци 1
- oстанати 39
Градот има поволна демографска слика со пораст на населението. Забележлив е високиот наталитет кај Македонците, со оглед на тоа дека во градот и неколку околни села живеат повеќе семејства од македонска националност со 4,5,8 и 10 деца.
[уреди] Општи информации
Седиште на општината: ГРАД КРИВА ПАЛАНКА
Број на жители: 20820 (2004)
Површина: 480,81 km2
Густина на население: 43,30 жители/km2
Број на населени места: 34
Населени места: градот Крива Паланка и селата: Б'с, Баштево, Борово, Варовиште, Габар, Голема Црцорија, Градец, Длабочица, Добровница, Дренак, Дрење, Дурачка Река, Жидилово, Киселица, Конопница, Костур, Кошари, Кркља, Крстов Дол, Лозаново, Луке, Мала Црцорија, Мартиница, Метежево, Мождивњак, Нерав, Огут, Осиче, Подржи Коњ, Станци, Т'лминци, Трново и Узем
Градоначалник: Драги Трајчевски Претседател на совет: Свето Ангеловски Членови на совет: 19
Адреса: ул. Маршал Тито бр. 175 1330 Крива Паланка Телефон: 031 375-035 Факс: 031 375-035 Web страна: http://www.krivapalanka.gov.mk
[уреди] Стопанство
Од стопанството во Крива Паланка најразвиена е трговијата поради близината со бугарската граница, а останатиот дел се занимава со земјоделие (најмногу се одгледува компир, а во помала мерка и пченка, пченица, јачмен, ’рж, овес, и др.) и рударство во блиските рудници Тораница (за олово и цинк) и „Бентомак“. Во центарот на Крива Паланка постојат повеќе стари занаетчиски дуќани како часовничари, казанџии, опинчари и други занаети кои сеуште активно работат. Во центарот на градот работи и стоковна куќа, а на ридовите во близина на градот работат и повеќе пилани и сечи за огревно дрво и дрво за мебел.
Во градот работат повеќе градинки, три основни училишта и гимназија.
Поради својата местоположба на европскиот коридор Г-8 од поодамна е во план продолжување на железничката пруга до Крива Паланка и бугарската граница која во моментов изградена до селото Бељаковце.
Во скора иднина ќе започне и реализацијата на проектот за гасификација на градот, за кој се обезбедени 7 милиони евра странска помош.
Берово • Битола • Богданци • Валандово • Велес • Виница • Гевгелија • Гостивар • Дебар • Делчево • Демир Капија • Демир Хисар • Дојран • Кавадарци • Кичево • Кочани • Кратово • Крива Паланка • Крушево • Куманово • Македонски Брод • Македонска Каменица • Неготино • Охрид • Пехчево • Прилеп • Пробиштип • Радовиш • Ресен • Скопје • Струга • Струмица • Свети Николе • Тетово • Штип