Лувр
Од Википедија, слободна енциклопедија
Основан | 1793 |
---|---|
Локација | Palais Royal, Musee du Louvre, 75001 Париз, Франција |
Број на посетители | 7,300,000 (2005) |
Директор | Хенри Лојрет |
Веб страница | www.louvre.fr |
Музејот Лувр (француски: Musée du Louvre) во Париз, Франција, е најголемиот музеј во светот. Изграден е како утврдена палата за Филип Августус во центарот на Париз во оската на Елисејските Полиња. Делови од Лувр за прв пат биле отворени за јавноста како музеј на 8 Ноември, 1793, за време на Француската Револуција. Централниот двор, во кој се наоѓа пирамидата Лувр изградена во 1989, служи како влез во музејот.
Музејот ги чува некои од најпознатите уметнички дела, како Мона Лиза, Девицата и Детето со Св. Ана на Леонардо да Винчи и Венера од Милос на Александрос од Антиок.
Во 2005, Лувр прими рекордни 7.3 милиони посетители, во голема мера заради успехот на новелата Кодот на Да Винчи на Ден Браун.
Содржина |
[уреди] Конструкција и архитектура
Првиот кралски "Замок Лувр" бил основан од Филип Августус во 1190, како тврдина за одбрана на Париз од нападите на Викинзите од запад. Во 14-от век, Чарлс V го претворил во палата на уметности, но Франсоа I и Хенри II го срушиле за да изградат вистинска палата; темелите на првичната тврдина сега се наоѓаат под Салата на Каријатидите (собата на Каријатидите).
Постоечкиот дел од Замокот Лувр бил започнат во 1535. Архитектот Пјер Лескот на Париз му го претставил новиот ренесансен дизајн, кој бил развиен во замоците на Лоара. Крилото на стариот замок ја дефинирал неговата состојба, како првиот меѓу кралските палати. Андруе ди Серсо исто така работел на Лувр.
За време на неговото владеење(1589-1610), Кралот Хенри IV ја додал Grande Galerie. Повеќе од 400 метри долга и 30 метри широка, ова голема галерија била изградена по брегот на реката Сена и во тоа време била најдолг градба во светот. Хенри IV, промотор на уметноста, поканил стотици уметници и мајстори на живеат и работат на долните спратови на градбата. Оваа традиција продолжила уште 200 години додека Наполеон III не ја прекинал.
Луј XIII (1610-1643) го довршил крилото Денон, кое било почнато од Катерина Медичи во 1560. Денес е реновирано како дел од програмата за реновирање на Лувр.
Крилото Ришеље исто така било изградено од Луј XIII. Било дел од Министерството за Економија на Франција, кое го заземало поголемиот дел од северното крило на палатата. Министерството било преместено, а крилото реновирано и претворено во прекрасни галерии во 1993, на 200тата годишнина на Музејот Лувр.
Со дозвола на Луј XIV, архитектот Клод Перо го изградил источното крило (1665-1680), заедно со италијанска балустрада покрај очигледниот не-француски рамен покрив. Неговиот дизајн бил избран пред дизајнот на големиот Бернини, кој дошол во Париз за таа цел. Перо го превел римскиот архитект Витрувиј на француски. Сега ритмички спарените столбови формираат колонада со централeн педиментиран влез со триумфална капија подигнат на висок, дефанзивен подрум, во воздржан класицистички барок стил што ќе биде модел за големите зданија во Европа и САД|Америка за вековите што ќе следат. Така на пример, музејот Метрополитан во Њу Јорк го отсликува Пералтовиот дизајн на Лувр.
Наполеон I ја изградил Малата Триумфална Капија во 1805 за да ги прослави своите победи и Jardin du Carrousel. Во тоа време оваа градина била влез во Палатата Тилери.
Лувр сеуште бил доградува од Наполеон III. Новото крило од 1852-1857, од архитектите Висконти и Хектор Лефуел, ја прикажува второ империската верзија на Нео-барокот, полно со детали и исполнет со скулптури. Изградбата продолжила до 1876.
[уреди] Пирамидата Лувр
Стаклото на пирамидата Лувр било дизајнирано од Јео Минг Пеи и била претставена во 1989. Ова било првото реновирање на Лувр од Големиот Лувр Проект. Галеријата Carre, каде се наоѓала Мона Лиза исто така била реновирана. Пирамидата е 20.6 метри високи, а квадратната основа има страни долги 35 метри. Пирамидата го покрива мезанинот во Лувр и формира дел од новиот влез во музејот.
[уреди] Обратната Пирамида
La Pyramide Inversee е светларник конструиран во подземен трговски центар пред Лувр. Може да се гледа како мал брат на попознатата Пирамида Лувр, свртен наопаку; свртената основа лесно може да се забележи однадвор.
Пирамидата означува пресек на двата главни пата и ги ориентира посетителите кон влезот на музејот. Затегната со 30-тонска, 13,3 метарска квадратна метална рамка, инверзната пирамида во ламинирано стакло покажува надолу кон подот. Врвот на пирамидата е 1,4 метри над подот. Индивидуалните стаклени страни во пирамидата, дебели 30 mm, се поврзани со кртовидни спојки од челик долги 381 милиметар. Навечер, структурата се осветлува од серија рефлектори.
[уреди] Идни проекти
[уреди] Лувр - Ленс
Бидејќи голем дел од уметничките дела во Лувр не се изложени, било одлучени да се изгради продолжение во северот на Париз. Проектот треба да биде завршен до 2009; градбата треба да содржи меѓу 500 и 600 дела. Оваа нова градба треба да прима околу 500,000 посетители годишно. Имало шест градови кандитати за проектот: Амиен, Арас, Булоњ, Кале, Ленс, и Валенсјен. На 29 ноември, 2004, францускиот премиер Жан-Пјер Рафарен одбрал Ленс да биде локациајта на новата градба на Лувр. Името Le Louvre-Lens било избрано за музејот.
Новата градба, под администрација на Регионалниот совет на Север Па де Кале ќе има полу-перманентен простор за изложби од најмалку 5000 m2. Ќе има и простор за привремени национални и меѓународни изложби. Градбата ќе биде комбинација од стаклени и алуминиумски згради во средината на голема градина. Планираните трошоци за градбата се 117 милиони евра. На 26 септември, 2005 било потврдено дека Кацујо Сеџима и Рјуе Нишизава ќе ја дизајнираат градбата.
[уреди] Музејот
Лувр содржи многу уметнички наследства на францускиот народ од раните Капетијански кралеви преку Првата Француска Империја на Наполеон Бонапарта до 1848. Подоцнежните дела се прикажани во Музејот Орсеј, а современата уметност се наоѓа во Центарот Помпиду.
Лувр долго време бил управуван од француската држава како Reunion des Musees Nationaux. Во поново време добил права за само-управување како Etablissement Public Autonome (Владина Корпорација) со цел подобро управување со неговото растење. Од 14 септември, 2005, музејот Лувр постепено забранил сликање на неговите уметнички дела. [1]
Меѓу илјадниците бесценети слики се наоѓа и Мона Лиза на Леонардо Да Винчи, веројатно најпознатата слика во целиот свет, сместена во Salle des Etats во климатски-контролирана состојба позади заштитно стакло. Изложени се и дела на уметници како Фрагонард, Рембрант, Рубенс, Титијан, Пусен, и Давид. Меѓу познатите скулптури во колекцијата се и Крилата Победа на Самотраки и Венера од Милос.
Колекцијата на Баронот Едмонд де Ротшилд (1845-1934), дадени на Лувр во 1935, се сместени во изложбена соба. Таа содржи повеќе од 40.000 гравури, скоро 3.000 цртежи и 500 илустрирани книги.
Покрај уметнички, Лувр има и многу други видови на експонати, вклучувајќи археолошки, историски, и архитектонски. Има и голема колекција на мебел, каде најспектакуларен објект бил Bureau du Roi (Кралската Канцеларија) од 18от век, сега вратен во Версај.
[уреди] Познати дела
Познати дела во Лувр:
- Дамата од Оксер
- Крилестата Победа од Самотраки (илустрирана)
- Венера од Милос
[уреди] Познати слики
[уреди] 13-ти до 15-ти век
- The Madonna and Christ Child enthroned with angels, Cimabue (околу 1270)
- Saint Francis of Assisi receives the stigmata, Giotto (околу 1290-1300)
- Portrait of John II the Good, анонимен автор (околу 1350). Купена од Луј XV, дел од кралската колекција.
- The Virgin with Chancellor Rolin, Jan van Eyck (околу 1435). Запленета во Француската Револуција (1796)
- Portrait de Charles VII, Jean Fouquet (1445-1448). Купена во 1838
- The Condottiero, Antonello da Messina (1475). Купена во 1865
- St. Sebastian, Andrea Mantegna (1480)
- Ship of Fools, Hieronymus Bosch (1490-1500)
- Self-Portrait with flowers, Albrecht Durer (1493). Купена во 1922
[уреди] 16-ти век
- Mona Lisa, Leonardo da Vinci (1503-1506), acquired by Francis I in 1519
- The Virgin and Child with St. Anne, Leonardo da Vinci (1508)
- The Virgin and Child with Saint John the Baptist, called la Belle Jardiniere, Raphael (1508). Belonged to the royal collection, acquired by Francis I
- Portrait of Balthazar Castiglione, Raphael (about 1515), acquired by Louis XIV from the estate of Mazarin
- The Wedding at Cana, Paolo Veronese (1562-1563). It hung 2.5 metres from the floor in the San Giorgio Maggiore monastery for 235 years, until it was plundered by Napoleon in 1797
[уреди] 17-ти век
- Saint Joseph charpentier, Georges de la Tour (1642), donated in 1948
- The club foot, Joseph de Ribera (1642), bequeathed in 1869
- The pilgrims of Emmaus, Rembrandt (1648), seized in the French Revolution in 1793
- Le young mendicant, Murillo (about 1650), bought by Louis XVI about 1782
- Bathsheba at Her Bath, Rembrandt (1654, bequeathed in 1869
- Ex Voto, Philippe de Champaigne (1662), seized in the French Revolution in 1793
- The Lacemaker, Johannes Vermeer, (1669-1670), bought in 1870
- Et in Arcadia ego, Nicolas Poussin (1637-1638)
[уреди] 18-ти век
- Portrait of Louis XIV, Hyacinthe Rigaud (1701)
- The Embarkation for Cythera, Antoine Watteau (1717)
- La Raie, Jean-Baptiste-Simeon Chardin (before 1728)
- Oath of the Horatii, Jacques-Louis David (1784)
- Master Hare, Joshua Reynolds (1788-1789)
[уреди] 19-ти век
- Bonaparte visitant les pestiferes de Jaffa, Antoine-Jean Gros (1804)
- The Raft of the Medusa, Theodore Gericault (1819)
- Liberty Leading the People, Eugene Delacroix (1830)
- The Turkish bath, Ingres (1862)
[уреди] Референци во популарната култура
Лувр е кратко спомнат во една шега на Робин Вилијамс во Во живо на Бродвеј.
Лувр, неговата уметност, поточно онаа сместена во подрумот - неизложена, е тема на една сцена во Кејт и Леополд каде Леополд зборува за приватна тура на подрумот за да видат „вистинско богатство“.
Лувр инспирал виртуелна сцена во играта Tomb Raider: The Angel of Darkness, со Лара Крофт.
[уреди] Кодот на Да Винчи
Лувр и многу од неговите дела често се спомнуваат во новелата Кодот на Да Винчи на Ден Браун и филмската адаптација. Лувр е главната локација во прологот и првите неколку заглавија од книгата и делови на филмот. Во музејот се одвива и сцената во која Јак Сауниер бил убиен од мистериозна личност наречена Силас. На истата локација се наоѓа и погребаното тело на Марија Магдалена.
[уреди] Филмска продукција
Кодот на Да Винчи бил целосно снимен на локација. Оригинално, режисерот Рон Хауард неможел да добие дозвола да снима во Лувр, откако претходно бил одбиен и од Westminster Abbey. Сепак, францускиот претседател Жак Ширак го поканил Хаурад дома на ручек, каде го информирал дека ќе му донесе дозвола и Хаурад може да го бара во случај на понатамошни проблеми (TIME, Април 2006).
[уреди] Поврзани статии
- Пирамида Лувр
- La Pyramide Inversee
- ВебЛувр
[уреди] Референци
[уреди] Надворешни врски
- Official Официјална веб страница на Лувр (француски)
- Официјална веб страница на Лувр (англиски)
- Фото галерија од Лувр — Фотографии од скоро сите скулпутир, многу слики и објекти
- Информации за пат до Лувр
- Слики од Лувр, Pyramide inversee и многу други
- Louvre.edu едукативна страница (на француски)
- Историјата на Лувр
- Извадок од книгата на Мајкл T. Канел за I.M. Pei — ја дискутира контраверзијата околу пирамидата.
- Musee du Louvre – Музејот Лувр – Повеќе од 10.000 слики
- Фотографии и информации
- Веб страница за археолошките ископувања во Музејот Лувр
{{{Title}}} |
---|
{{{List}}} |