8 октомври
Од Википедија, слободна енциклопедија
8 октомври е 281-иот ден во годината според григоријанскиот календар (282-и во престапна година). Остануваат 84 денови до крајот на годината. Шаблон:Октомври 2008
Настани:
1793 | Во Париз за публиката е отворен музејот „Лувр“ кој дотогаш беше кралски дворец. |
1893 | Вилхелм Конрад Рентген ги откри таканаречените рендгенски зраци. |
1942 | Втора светска војна: Почна големото истоварување на сојузничките трупи во Африка. Главен командант на операцијата беше Двајт Ајзенхауер. |
1944 | На Скопска Црна Гора, Шеснаесеттата македонска НО бригада по тридневни борби ги одби нападите на балистичките сили од правецот на селото Орман - селото Бразда, кои се обидуваа да ја отфрлат од комуникацијата Скопје - Качаник и да го оневозможат непречено сообраќајот на германските сили. |
1967 | Во Боливија е убиен Ернесто Че Гевара. Тој со Фидел Кастро учествуваше во кубанската револуција и стана симбол на современ револуционер меѓу младите на Европа и на двете Америки. |
1995 | Руската воена врховна команда беше подготвена да ги насочи своите нуклеарни ракети кон Полска и Чешката Република доколку овие две земји му се приклучат на НАТО. |
2005 | Катастрофален замјотрес во Кашмир, Пакистан. Официјално загинале 87.350 лица, но според некои проценки, бројот на жртвите може да е поголем од 100.000. |
Родени:
1789 | Џон Раглс, американски политичар |
1864 | Бранислав Нушиќ, српски комедиограф, сатиричар и критичар |
1917 | Валтер Лорд, американски автор |
1939 | Пол Хоган, австралијански актер |
1980 | Ник Канон, американски актер |
Починале:
1652 | Џон Грејвс, англиски математичар. |
1897 | Алексеи Саврасов, руски уметник. |
1967 | Ернесто Рафаел Гевара де ла Серна (Че Гевара), јужноамерикански револуционер и борец за слобода. |
1992 | Вили Брант, западногермански политичар, претседател на Социјалдемократската партија на СР Германија. |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |