Куба
Од Википедија, слободна енциклопедија
|
|||||
Парола: Patria o Muerte
официјален јазик = шпански |
|||||
Химна: El Himno de Bayamo |
|||||
Официјален јазик: | {{{официјален јазик}}} | ||||
Главен град: | Хавана | ||||
Претседател: | Фидел Кастро | ||||
Премиер: | [[]] | ||||
Површина: - вкупно: - % вода: |
{{{површина ранг}}}. по големина 110 861 км km² ?% |
||||
Население: - вкупно (2004): - Густина: |
73. по големина 11 308 764 102/km² |
||||
Независност: | од Шпанија, 9 јули 1816 објавена Кубанска република 20 мај 1902 | ||||
Валута: | Кубанско песо (CUP)) | ||||
Временска зона: | UTC ? | ||||
Интернет домен: | .cu | ||||
Повикувачки број: | +53 | ||||
[уреди] Природни одлики на Куба
Куба е најголемата островска земја во групата на Големите Антили. Таа од сите страни е ограничена со водите на Атлантскиот Океан на исток,Мексиканскиот Залив на север, и Карпиското Море на југ. Куба има издолжен облик во правец исток-северозапад долг 1200 км со просечна широчина од 110км. Во овие граници таа зафаќа површина од 110 860 км². На тој простор денес живеат над 11 милиони жители.
Куба има поволна географска положба. Таа преку Флоридскиот Премин најмногу се доближува до САД, преку Јукатанскиот Канал до Мексико, а со протокот Виндвор до Хаити.
Во поглед на релјефот Куба е главно низинска земја. Единствена планина која се издига во јужниот дел е Сиера Маестра. Куба има тропска клима со постојани температури на воздухот од 25°С.
[уреди] Население и стопански одлики на Куба
Населението во Куба го сочинуваат главно доселеници од Шпанија. По своето државно уредување таа е социјалистичка земја. Главен град на државата е Хавана. Главно занимање на населението е земјоделството.
Од полјоделските култури во Куба најмногу се одгледува шеќерна трска, потоа: тутун, кафе, ананас, банани, лимони, портокали и др. По производство на шеќер Куба го зазема првото место во светското производство. Во помали количини се одгледува: пченка, ориз, градинарски производи, овошје и др. Рудното богатство во Куба се состои од големи резерви на железна руда (околу 3,5 милијарди тони), потоа на: бакар, хром, манган, злато, нафта и др. На основа на рудното богатство многу индустриски гранки се во развој. Од нив најразвиени се прехранбената (производство на шеќер во повеќе од 200 фабрики), потоа тутунската, текстилната, хемиската, градежната индустрија и др. Во поново време подигнати се повеќе рафинерии на нафта и др.
Во надворешната трговија Куба извезува: шеќер, кафе, пури, ананас, банани и др. а увезува: машини, автомобили и др.
Во Куба значајна стопанска гранка е туризмот. Пријатната клима и долгите песочни плажи секоја година привлекуваат се поголем број туристи.
[уреди] Видете исто така
- Провинции во Куба
- Листа на градови во Куба
- Географија на Куба