Нафта
Од Википедија, слободна енциклопедија
Нафта е запалива течност со темна до зеленикава боја. На англиски јазик се нарекува crude oil, oil или petroleum. Рафинирана и преработена, во најголема мера нафтата се користи како енергенс и гориво за возилата. Поради нејзината голема побарувачка, нафтата ја нарекуваат и „црно злато“. Јачината и квалитетот на нафтата се мерат според бројот и застапеноста на октаните (јаглеводородни соединенија со осум јаглеродни атоми од редот на алканите) во нејзиниот состав.