See also ebooksgratis.com: no banners, no cookies, totally FREE.

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Зеленчук - Википедија

Зеленчук

Од Википедија, слободна енциклопедија

Зеленчуци во пилјарница
Зеленчуци во пилјарница

Поимот зеленчук се однесува на јадлив дел од растение. Оваа дефиниција се темели на обичај, а не на научни сознанија. Таа е донекаде произволна и субјективна, бидејќи поединечните култури имаат разни обичаи на исхрана и приготвување.

Обично секое зелјесто растение или дел од растение кое редовно луѓето го консумираат како храна може да се нарече зеленчук. Меѓутоа печурките, иако членови на биолошкото царство Габи, сепак се општоприфатени во малопродажбата како зеленчук.

Оревите, семките, житарките и билките и зачините обично не се сметаат за зеленчук, со исклучок на пченката, иако сите тие се делови од растенија.

Општо земено, готвачите го употребуваат зеленчукот за солени јадења, иако постојат повеќе исклучоци како пита од тиква и колач од рамен. Некои зеленчуци како морковот, пиперките и целерот се јадат или живи или зготвени; додека други како компирот се јадат само зготвени.

Содржина

[уреди] Листа на зеленчук дефиниран како разни делови од растенијата

Разен зеленчук на пазар во Боливија
Разен зеленчук на пазар во Боливија
  • Цвет: брокули, карфиол
  • Зрна: грашок, грав
  • Цели незраели мешунки: боранија, бакла
  • Плодови: домат, краставица, печенка, тиква, пиперка, модар патлиџан, зпнешник, чајот, бамја.
  • Листови: кељ, спанаќ, келераба, штавел, ендивија
  • Лиснати обвивки: праз
  • Пупки: прокељ (бриселски зелкички)
  • Стебла на листови: целер, рамен
  • Стебло додека е фиданка: аспарагус
  • Подземно стебло на растение или кртула: компир, кркушка, батат, јамс
  • Цели незрели растенија: мунг фиданки
  • Корења: морков, пашканат, цвекло, ротква, репа
  • Главици: кромид, лук, шалоти

[уреди] Во исхраната

Зеленчукот се консумира на повеќе начини како главен оброк и ужина. The хранливата вредност се мошне разликува од зеленчук до зеленчук, додека сите содржат малку протеини и масти,[1][2] и релативно високо количество на витамини, провитамини, хранливи минерали, баластни материи и јаглехидрати. Многу зеленчуци содржат и фитохемикалии кои може да имаат антиоксидирачки, антибактериски, противгабични, противвирусни и антикарциногени својства.[3][4]

[уреди] Боја

Разнобојни репки од различен вид
Разнобојни репки од различен вид

Зелената боја на лиснатиот зеленчук се должи на присуството на зелениот пигмент хлорофил. Хлорофилот зависи од pH вредноста и се менува на маслинесто зелена при кисели услови, па до светло зелена при базни услови. Некои од киселините излегуваат со пареата при готвење, особено со поклопец.

Жолтата/портокаловата боја на овошјата и зеленчукот се должи на присуството на каротеноиди, кои исто така се менуваат при готвење или при промена на pH вредноста.

Црвената/сината боја на некои овошја и зеленчуци (e.g. боровинки и црвена зелка) се должат на антоцијаните, кои се остеливи на промена на pH вредност. Кога pH е неутрално, пигментот е виолетова, кога е кисело - црвена, а кога е базно - сина. Овие пигментиу се мошне растворливи во вода.

[уреди] Складирање

Многу коренести и некоренести зеленчуци кои растат под земја се складираат преку зимата во визба или друго свежо, темно и суво место, што спречува мувла, зелнеење и 'ртење. Потребно е да се обрне посебно внимание на особеностите и чувствителностите на поединечните корења. Овие зеленчуци траад до рана пролет и остануваат речиси исто хранливи како кога се свежи.

Складиран, лиснатиот зеленчук губи од влажноста и витаминот Ц набргу се губи. Тие треба да бидат складирани што пократко време на свежо место, во затворен сад или ќеса.

[уреди] Видете исто така

  • Листа на зеленчук
  • Раноградинарство
  • Раноградинарски култури
  • Вегетаријанство
  • Веганство
  • Тревопасец

[уреди] Белешки

  1. Woodruff, Sandra L.. Secrets of Fat-Free Cooking : Over 150 Fat-Free and Low-Fat Recipes from Breakfast to Dinner-Appetizers to Desserts. Garden City Park, N.Y: Avery Publishing Group.
  2. Whitaker, Julian M.. Reversing Diabetes. New York: Warner Books.
  3. Gruda, N. "Impact of Environmental Factors on Product Quality of Greenhouse Vegetables for Fresh Consumption", Crit. Rev. Plant Sci. 24(3): Taylor & Francis Group, стр. 227-247. 
  4. Steinmetz KA, Potter JD (1996). "Vegetables, fruit, and cancer prevention: a review". J Am Diet Assoc 96 (10): 1027-39. ДИП:10.1016/S0002-8223(96)00273-8.

[уреди] Надворешни врски


aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -