Web Analytics

See also ebooksgratis.com: no banners, no cookies, totally FREE.

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Израел - Википедија

Израел

Од Википедија, слободна енциклопедија

Израел (хебрејски: מְדִינַת יִשְׂרָאֵל, Мединат Јисраел) е држава во Западна Азија, поточно на Блискиот Исток (површина 20.770 km², 6.199.008 жители). Од некои историско-културни причини се смета за дел и од Европа. Се граничи со Либан и Сирија на север, Јордан на исток и Египет на југ. Излегува на Средоземно, Црвено и Мртво море. Главен град е Ерусалим. Други градови: Тел Авив (тука се повеќето амбасади), Ако, Вер Сава, Елат, Назарет, Тиверијада и Хаифа.

Содржина

[уреди] Историја

Еврејското население од тогашната британска мандатна територија Палестина на 14 мај 1948 година го прогласува формирањето на Државата Израел, како држава на Евреите. По оваа прокламација, следува Првата арапско-израелска војна, која ја добива Израел. Со соседните арапски држави Израел влегува во воени конфликти уште пет пати, при Суецката криза од 1956, Шестдневната војна од 1967, Војната на исцрпување во 1969, Јом-кипурската војна од 1973 и при инвазијата врз Либан во 1982 година. Во 1987 Палестинците ја започнуваат својата прва интифада, а во 2000 година својата втора интифада против Израел. Во 2006 година, Израел завојува со милитантната група Хизболах која оперираше на територијата на Либан во Втората израелско-либанска војна.

[уреди] Историја по 1948 година

По одлуката на Обединетите Нации за поделба на Палестина на арапска и на еврејска држава (29 ноември 1947), Еврејскиот национален совет ја прогласи Државата Израел на 14 мај 1948 година. Арапска Палестина никогаш не беше основана. На 15 мај Египет, Ирак, Јордан, Либан, Саудиска Арабија и Сирија го нападнаа Израел, со што почна периодот (сè уште во тек) на војни и немирни периоди меѓу нив. Како последица на Првата арапско-израелска војна, Израел ја зголеми својата територија за 50%.

По национализацијата на Суецкиот Канал од страна на Египет и забраната за пловидба на израелски бродови, Израел (во содејство со Велика Британија и Франција), во октомври 1956 година, го нападна Египет. Воената акција беше запрена под притисок на ОН и САД.

Во 1967 година Израел го нападна Египет, а истовремено, Јордан и Сирија го напаѓаат Израел. За шест денови, Израел ги окупираше Голанската Висорамнина (во Сирија), Западниот Брег (во Јордан) и Синајскиот Полуостров (во Египет) и ја блокираше пловидбата низ Суецкиот Канал. Израел ја зголеми својата територија 200%.

Четвртата војна меѓу соседите избувна во 1973 година, кога египетските сили го ослободија Каналот и навлегоа на Синај, но почетните успеси не беа доволни и тие беа присилени на повлекување. Првпат Израел претрпе големи воени загуби. Драматичен пресврт се случи во 1977 година, кога египетскиот претседател Анвар ел Садат и израелскиот премиер Менахем Бегин ги почнаа мировните преговори и се обидоа да внесат нова клима во регионот.

Израел се повлече (1982) од Синајскиот Полуостров, но набрзо завојува со Либан, каде што – наводно – биле базите на Палестинската ослободителна организација (ПЛО). Во 1987 година ПЛО ја почна низата напади, востанички дејства и безредија (познати како Интифада) низ Израел, на што израелските сили секогаш реагираа со вооружени акции. Во 1989 година лидерот на ПЛО Јасер Арафат објави дека Палестинците му го признаваат правото на Израел да постои. Во 1994 година Јордан и Израел потпишаа мировен договор, а во 1996 година се одржаа избори за Палестинскиот совет (претседател: Јасер Арафат) што се сметаше за чекор кон создавање палестинска држава на 6.220 km2 – во Појасот Газа и на Западниот Брег. Преговорите меѓу Палестинците и Израел почнаа во 1997 година, но ниедна страна не им даде првокласно значење, можеби и поради сè позачестените самоубиствени бомбашки акции на членовите на радикалните палестински струи, кои доведоа до обновување на недовербата и до повторно затегната ситуација. Мировните преговори (2000) меѓу Јасер Арафат и израелскиот премиер Ехуд Барак (во САД) не ги донесоа посакуваните резултати. Во основа, нерешените прашања и натаму доминираат во нестабилната ситуација во тој дел на Југозападна Азија.

[уреди] Демографија

Етнички состав: Евреи (cca 81%), Арапи и други нееврејски заедници. Вероисповед: јудејци 81%, муслимани (сунити) 14%, христијани. Писменост: 95%. Јазици: еврејски (официјален), арапски, англиски.

[уреди] Релјеф

Постои низина по должината на медитеранскиот брег која кон внатрешноста преминува во ридско-планински предели (највисок врв Мерон, 1.208 m), а потоа кон исток се спушта во долината на реката Јордан и депресијата на Мртвото Море (-396 m; според најновите мерења -416 m), најниската сувоземна точка на Земјата. Во јужниот дел е пустината Негев, која зафаќа речиси половина од државната територија. Хидрографија: реки – Јордан (делумно гранична со Сирија и Јордан) и Кишон; езера – Галилејско и Мртво Море. Клима: средоземна во приморјето, на исток планинска, во долината на Јордан сува суптропска и пустинска во Негев.

[уреди] Стопанство

Плажа во Тел Авив.
Плажа во Тел Авив.

Израел е развиена индустриско-аграрна земја со природни богатства во кои доминираат фосфати, сол, магнезиум, железо и бром, со мали резерви на нафта и природен гас. Главни индустриски гранки се металургијата, производството на машини, автомобили, авиони, бродови и оружје, потоа хемиската, фармацевтската, електронската, прехранбената и индустријата за широка потрошувачка. Постојат околу 750 објекти за обработка на дијаманти (над 50% од светското производство). Земјоделството обезбедува околу 75% од прехранбените потреби на населението. Изградени се и се градат цели мрежи на водни акумулации, каптажи и канали, вклучувајќи ги и пустинските области каде што е овозможено одгледување на суптропски култури. Сите видови сообраќајни врски се на висок степен на развиеност. Парична единица: нов израелски шекел.

[уреди] Култура

Првите литературни пројави во Израел од 1948 година беа определбите и творештвото на писателите дојдени од Европа, кои пишуваа главно на јидиш и ладино, нешто подоцна и на обновениот еврејски јазик. Логично дека и темите и атмосферата во европските земји беше пренесена во делата на еврејските/израелските творци. Дури при крајот на XX век, израелската литература позначајно се свртува кон ’сопствените‘ современи теми од автори веќе родени во Израел. Напоредно, музичкото творештво, како и секое друго уметничко создавање, помина сличен пат, под влијание на европските уметнички текови. Сепак, во повеќето творечки изрази секогаш беше присутна и врската со корените никнати милениуми наназад, третирани на современ начин во една синтеза специфична за творештвото на израелските уметници. Првите универзитети биле отворени во Хаифа (1912) и во Ерусалим (1918).


Земји во Азија

Авганистан | Азербејџан | Бангладеш | Бахреин | Брунеи | Бутан | Виетнам | Грузија | Ерменија | Израел | Источен Тимор | Индија | Индонезија | Ирак | Иран | Јапонија | Јемен | Јордан | Јужна Кореја | Казахстан | Камбоџа | Катар | Кипар | Киргистан | Кина | Кувајт | Лаос | Либан | Малезија | Малдиви | Мијанмар | Монголија | Непал | Обединети Арапски Емирати | Оман | Пакистан | Папуа Нова Гвинеја | Русија | Саудиска Арабија | Северна Кореја | Сингапур | Сирија | Таџикистан | Тајван | Тајланд | Туркменистан | Турција | Узбекистан | Филипини | Шри Ланка

Шаблон:Близок Исток

Други јазици

Static Wikipedia (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2007 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2006 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu

Static Wikipedia February 2008 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu