Албрехт Дирер
Од Википедија, слободна енциклопедија
Албрехт Дирер (германски: Albrecht Dürer) (Нирнберг, Германија 21 мај, 1471 – 6 април, 1528) бил германски сликар, дрворезец, графичар и математичар. Тој е најпознат по неговите серијални дрворези како Апокалипса (1498), два серијала за распетието на Христа, Големата Пасија (1498-1510) и Малата Пасија (1510-1511) како и многу поединечни графики како Витез, Смртта и Ѓаволот (1513), Свети Ероним во неговата работна соба (1514) и Меланхолија I (1514). Неговото дело Четири јавачи на Апокалипсата (1497-1498), дел од серијалот Апокалипса е исто така многу познато. Од посебно значење се и неговите автопортрети.
Содржина |
[уреди] Прва посета на Италија
На 7 јули, 1494 Дюрер се оженил, по договор во негово отсуство, со Агнеса Фреј, ќерка на локален трговец. Нивниот однос не е доволно познат, но се знае дека нејзиниот углед страдал како резултат на навреди од страна на Дюреровите пријатели по нејзината смрт. Дюрер не останал во Нирмберг за долго; есента 1494 тој допатувал во Италија, оставајќи ја жена си во Нирмберг. Тој отишол во Венеција, и ова го знаеме од неговите тогашни дела кои се во духот на северноиталијанскаите дела на Мантења, Антонио Полајуло, Лоренцо ди Креди и други. Во 1495 Дюрер мора да се вратил во Нирмберг, каде изгледа живеел и работел во следните 10 години кога ги направил неговите најзначајни графики.
[уреди] Враќањето во Нирнберг
За време на првите години од 1495, па натаму Дирер работел по утврдените германски и северноевропски норми, но бил отворен и за влијанија од ренесансата. Неговите најдобри дела од овој период се 16 дрворези на тема Апокалипса, започнати во 1498. Истата година ги изработил првите седум сцени од серијалот Големата Пасија, а малку подоцна серија од 11 гравури на тема Свето семејство и и на тема светци. Околу 1504-1505 тој ги изрезбал првите 17 дрворези од збирката на илустрации на животот на Богородица. Овие и Големата Пасија биле издадени неколку години подоцна.
Дирер работел и на подеталната и поскапа техника бакрорез. Со оваа техника тој не изработувал големи серијали како со дрворезот, но изработил повеќе Богородици, единечни ликови од писанијата на светците, неколку митолошки актови и (понекогаш сатирични) групи на секојдневни луѓе. Венецијанскиот уметник Јакопо де Барбари, кого Дирер го запознал во Венеција, накратко го посетил во Нирнберг во 1500 и извршил влијание врз него со тоа што го инструирал во новите подобрувања во перспективата, анатомијата и пропорцијата, кои Дирер почнал и сам да ги изучува. Разни постоечки цртежи сведочат за неговите експерименти на овие полиња, кулминирајќи со познатиот дрворез Адам и Ева (1504) кој укажува на фактот дека неговото длабоко и подробно разбирање на пејзажот добило примена и кај изработката на телесни површини со употреба на најфини алатки. До 1505, Дирер изработил уште две-три ремек-дела пред да ја посети Италија по втор пат.
[уреди] Втора посета на Италија
Во Италија Дирер почнал да слика, најпрвин во темпера на ленено платно насликал портрети и иконостаси, notably the Паумгартнерскиот иконостас и Три крала. Во раниот период на 1506, тој се вратил во Венеција и останал таму сѐ до пролетта 1507. Таму му било нарачано да слика за германската имигрантска црква Св. Бартоломео. Сликата била поблиска до италијанскиот стил. Нејзиното име било Возвишение Богородично, позната и како Гозбата на розовите венци; истата потоа била купена од императорот Рудолф II и преместена во Прага. Други слики од венецијанскиот период се Богородица и Синот Божји со трнарче, Христос во полемика со докторите (изработена за само пет дена) и разни помали дела.
[уреди] Нирмберг и ремек-делата
И покрај неговиот углед во Венеција, Дирерсе вратил во Нирнберг во лето 1507 и останал во Германија сѐ до 1520. Неговиото име се расчуло по цела Европа и тој бил пријател со сите европски мајстори во тоа време. Рафаел се сметал за почестен кога си ги разменииле цртежите со Дирер.
Периодот помеѓу враѓањето од Веневија и заминувањето за Холандија се делат по тип на делата со кои се занимавал во дадено време. Првите пет години (1507-1511) се одликуваат со сликање. Во нив, работејќи со огромен број на подготвителни цртежи и студии, Дирер ги извел неговите најдобри сликарски дела - Адам и Ева (1507), Богородица со ирисот (1508), иконостасот Вознесение Богородично (1509), и Возвишение на Троицата од сите светци (1511). Во овој период Дирер завршил и два дрвореза на тема Големата Пасија и Животот на Богородица кои ги издал во 1511 заедно со второто идание на серијалот Апокалипса.
Од 1511 до 1514 год Дирер се насочил кон гравурата на дрво и бакар, но особено на бакарот. Главно дело до овој период представуваат триесет и седумте теми за Мала Пасија во дрво, за прв пат издадени во 1511, и збирка од петнаесет мали бакрорези на истата тема во 1512. Во 1513 и 1514 се појавиле најпознатите Дирерови бакрорези, Витез, Смртта и Ѓаволот (или само Витезот како што го нарекол делото во 1513 год.), Меланхолија I и Св. Ероним во неговата работна соба (двете во 1514).
Во годините до 1520 Дирер извел широк спектар на дела. Потрети во темпера на лен во 1516. Гравури на многу теми, експерименти во клише на плочи од железо и цинк како и дел од Триумфалната капија и Триумфалниот марш за императорот Максимилијан I. Исто така тој ги изработил и рабните декорации за молитвеникот на императорот и портретура во цртеж на самиот император кратко пред неговата смрт во 1519.
[уреди] Патешествие во Холандија и понатаму
Во летото 1520 желбата за обезбедување на покровителство по смртта на цар Максимилијан повторно го навела Дирер на пат. Заедно со неговата жена и нејзината слугинка во јули тргнал за Холандија за да присуствува на крунисувањето на новиот император Карл V. Тој патувал покрај Рајна до Келн, а потоа до Антверп каде бил добро примен и каде извел доста дела во графит, креда и дрвен ќумур. Покрај тоа што отишол во Аахен за крунисувањето, тој направил и екскурзии до Келн, Нијмвеген, Хертогенбош, Брисел, Бриж, Гент и Зеланд. Конечно се вратил дома во јули 1521, боледувајќи од непозната болест која го следела през остатокот на животот.
[уреди] Последни години во Нирнберг
Во Нирмгерг, Дирер почнал со серијал од религиозни слики. Во овој дел Дирер бил помалку активен заради здравјето, но и заради неговите опширни технички сликарски студии. Во сликарството забележителни дела од тој период е се Богородица и Синот Божји (1526) и две плочи со Св. Јован со Св. Петар и Св. Павле со Св. Марко во позадината. Во бакрорез ДИрер произвел само мал број на потрети како оние на кардиналот-електор на Маинц (Великиот крадинал), Фредерик Мудриот, електор на Саксонија и неговите пријатели хуманистот Вилибалд Пиркхајмер, Филип Меланхтон и Еразмо Ротердамски.
Дирер исто така успеал да заврши две книги за време на неговиот живот. Една на тема геометрија и перспектива (Прирачникот на сликарот), издадена во Нирнберг во 1525, и една на тема тврдини, издадена во 1527. Неговото дело за човековите пропорции било издадено накратко по неговата смрт во 1528 на ворзаст од 56 години.
[уреди] Видете исто така
[уреди] Надворешни врски
- Избор на слики од Дирер
- Врски до голем број на слики од Дирер изложени во онлајн музеи — погледни во секција Б (забелешка: не се сите во јавен домен)
- Албрехт Дирер во "Историја на Уметност"
- Алтернативниот Албрехт Дирер
- Дела од Албрехт Дирер на Проектот Гутенберг
Статијата Албрехт Дирер е пример меѓу избраните статии. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија. |