Алпи
Од Википедија, слободна енциклопедија
Алпите се млади верижни планини кои настануваат за време на алпската орогенеза, кога се издигнуваат од седиментите наталожени во тогашното море Тетис. Тие биле дел од поголемата орогенеза која настанала на глобално ниво и во кое време покрај Алпите настануваат Кавказ, Хималаите и други планини.
Алпите се протегаат во две вериги, северна и јужна. Северната верига се протега од Шпанија, преку Пиринеите, Француските Алпи, Јура, Австриските Алпи, Малите и Големите Татри преку Карпатите продолжува во Јужна Украина и Кримскиот Полуостров. Јужната верига исто започнува во Шпанија и се протега преку островите Корзика и Сардинија, преку Северна Италија, Тиролските и Јулијските Апли на југ преку Динаридите и Шарско-Пиндскиот Планински систем.
Највисок врв на Алпите е Мон Блан со 4807 m надморска височина.