Везув
Од Википедија, слободна енциклопедија
Везув е активен вулкан во Италијa на истоимената планина.Вулканот се наоѓа во близина на италјанскиот град Неапол,па населението од овој град е во непријатно исчекување на активирањето на вулканот.Овој вулкан е познат во историјата по големата ерупција од 79 година кога билепогоден и уништени римските градови Помопеја и Херкуланеум.Оттогаш вулканот еруптирал многу пати со што предизвикал соодветни штети.
Според античките грци планината Везув е посветена на грчкиот митолошки јунак Херкулес,во чија чест градот Херкуланеум го добил името.
[уреди] Потекло на името
Името на Херкулес,син на Зевс често се наоѓа и како Huesou hios(син на Хеус),со транслитерација на ou во V и на неколку други слогови како hy го дава зборот VESVVIVS - Vesuvius Исто така значаен е и зборот од осканскиот јазик festf што значи чад,и прото-индиско-европскиот корен ves што значи карпа(најверојатно магматска карпа.
[уреди] Формирање
Вулканот се формирал со 2 тектонски поместувања,на Африка и Евроазија.Претходниот го подбутнал подолу подоцнежниот,а од кората се создала магма.Бидејќи магмата е полесна од карпата,таа се придвижубвала нагоре кон послабите места на земјината кора формирајќи вулкан. Карпите на вулканот коишто постојат денес се стари околу 25.000 години.
[уреди] Ерупции
Вулканот Везув еруптирал повеќе пати,а се претпоставува дека неговата прва ерупција била околу 1800 г.п.н.е.,уште во бронзеното време.Но,ерупциите на вулканот многу зашестиле по големата ерупција во 79г., па така вулканот еруптирал во 172,203,222,можеби во 303,379,472,512,536,685,787,околу 860,900,968,991,999,1006,1037,1049,околу 1073,1139,1150,како и во 1270,1347 и 1500.Вулканот повторно еруптирал во 1631, 6 пати во XVIII век,8 пати во XIX век(познато за 1872),како и во 1906,1929 и 1944 година кога е најсилната ерупција од 79 година.