Хенри Форд
Од Википедија, слободна енциклопедија
Хенри Форд (30 јули 1863 – 7 април 1947) е основач на компанијата Форд Мотор и претставува татко на модерната лента за склопување која се користи за масовно производство. Неговиот Модел Т ги револуционирал транспортот и американската индустрија. Како единствениот сопственик на компанијата, тој станал еден од најбогатите и најпознатите луѓе на светот. Форд го измислил фордизмот, т.е. масовното производство на голем број на евтини автомобили со користење на лента за склопување и со високи плати за неговите работници (пет долари на ден во 1914 година).
И покрај тоа што Форд не бил многу образован, тој имал глобална визија и ја гледал потрошувачката како клучен фактор за мир. Тој бил еден од водечките пацифисти во Првата Светска војна, но ја пренаменил својата компанија да произведува воени материјали и во двете светски војни. Неговата силна волја да ги намали трошоците за производство на автомобили довело до низа експерименти и иновации; една од неговите идеи била да се создаде систем базиран на концесии (англиски: „franchise“) со кој се креирале продажни центри во сите градови во Северна Америка и во поголемите градови на шест континенти.
Неговиот главен конкурент, Џенерал Моторс сепак го престигнал Форд во 1920-тите бидејќи почнал да им нуди многу повеќи можности на потрошувачите. Потрошувачите имале избор кога станува збор за моќ, престиж и стил на автомобилот како и најразлични можности за кредит. Форд го оставил најголемиот дел од неговото богатство на Форд Фондацијата, но исто направил неговата фамилија да може перманентно да ја контролира компанијата.
[уреди] Политички ставови
Форд е познат по неговите конзервативни и антисемитски ставови. Меѓу останатото, Форд му дава поддршка и соработува со нацистичкиот режим во Германија.
[уреди] Надворешни врски
- Историја на Автомобили на Интернет - Историја и Фотографии на Хенри Форд
- Целиот текст на Мојот Живот и Работа од Проектот Гутенберг
- Мојот Живот и Работа, адаптиран од Проект Гутенберг верзијата со контекстуални врски до Википедија.
- Важни цитати и делови од говори
- Хронологијаи Цитати
- Невинс и Хил ја раскажуваат приказната за Мировниот Брод во Американско Наследство
- Студентски извештаи за експедицијата на Мировниот Брод во 1915 година
- Критика за „Хенри Форд и Евреите“
- Поддршка за нацистите од американските корпорации
- Дела од Henry Ford на Проектот Гутенберг