1980
Од Википедија, слободна енциклопедија
< 19 век | 20 век | 21 век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
[уреди] Настани
- 22 јануари – Андреј Сахаров, советски научник и дисидент, е уапсен во Москва.
- 26 јануари – Израел и Египет воспоставуваат дипломатски односи.
- 13 февруари – Отворени се Зимските олимписки игри во Лејк Плесид, САД.
- 25 февруари – Во Суринам е извршен воен удар.
- 4 март – Роберт Мугабе е избран за премиер на Зимбабве.
- 21 март – Американскиот претседател Џими Картер објавува дека САД ќе ги бојкотира Летните олимписки игри во Москва.
- 12 април - Во Либерија е извршен воен удар.
- 18 април – Зимбабве стекнува независност од Британија.
- 30 април – Холандската кралица Јулијана абдицира во корист на својата ќерка Беатрикс.
- 4 мај - Во Клиничкиот Центар во Љубљана умре Јосип Броз Тито, доживотен претседател на СФРЈ и на Сојузот на Комунистите на Југославија
- 20 мај – На референдумот во Квебек гласачите го отфрлаат предлогот за независност на Квебек од Канада.
- 25 јуни – Муслиманското братство извршува неуспешен атентат врз сирискиот претседател Хафез ел Асад.
- 19 јули – Отворени се Летните олимписки игри во Москва.
- 30 јули - Вануату прогласува независност.
- 12 септември – Во Турција е извршен воен удар.
- 17 септември – Основан е независниот полски синдикат Солидарност.
- 22 септември – Ирак одлучува да го нападне Иран, со што започнува Иранско-ирачката војна.
- 4 ноември – На претседателските избори во САД победува републиканецот Роналд Реган.
[уреди] Родени
- 25 јануари - Кристијан Олсон, шведски атлетичар
- 27 јануари - Марат Сафин, руски тенисер
- 21 март - Роналдињо, бразилски фудбалер
- 28 април - Каролина Гочева, македонска пејачка
- 30 мај - Стивен Џерард, англиски фудбалер
- 17 јуни - Венус Вилијамс, американска тенисерка
- 10 јули - Џесика Симпсон, американска пејачка
- 12 септември - Јао Минг, кинески кошаркар
- 30 септември - Мартина Хингис, швајцарска тенисерка
- 18 декември - Кристина Агилера, американска пејачка
[уреди] Починале
- 12 јануари - Петре Пирузе, македонски правник, учесник во НОБ и затвореник на Голи Оток
- 22 февруари - Оскар Кокошка, австриски уметник
- 18 март - Ерих Фром, германски психоаналитичар
- 24 март - Оскар Ромеро, салвадорски надбискуп
- 31 март - Џеси Овенс, американски атлетичар
- 15 април - Жан Пол Сартр, француски филозоф и писател
- 21 април - Александар Опарин, руски биохемичар
- 29 април - Алфред Хичкок, британски режисер
- 4 мај - Јосип Броз Тито, југословенски претседател
- 7 јуни - Хенри Милер, американски писател
- 16 јуни - Владимир Полежиноски, учесник во НОБ и затвореник на Голи Оток
- 27 јули - Мухамад Реза Пахлави, ирански шах
- 16 септември - Жан Пијаже, швајцарски психолог
- 21 октомври - Влко Червенков, бугарски политичар
- 8 декември - Џон Ленон, британски пејач
- 31 декември - Маршал Меклуан, канадски писател
Видете исто: