Роналд Реган
Од Википедија, слободна енциклопедија
Роналд Реган (6 февруари 1911 - ), американски политичар и државник.
Републиканец, а на почетокот на својата кариера и актер. Од 1967 до 1974 година беше гувернер на американската држава Калифорнија. Како претседател на САД од 1981 до 1989 година се залагаше за цврста монетарна политика, го либерализираше пазарот, ги намали државните трошоци и инфлацијата и придонесе за зголемување на вработеноста во САД. Успешно ја реши кризата со американските заробеници во Иран и ги подобри односите со поранешниот Советски Сојуз. Десет денови по неговата инаугурација за претседател на САД, врз него е извршен атентат. Тој беше пренесен во болницата „Џорџ Вашингтон“, каде што му беше направена хирушка интервенција.