8 декември
Од Википедија, слободна енциклопедија
Ное - Декември - Јан | ||||||
п | в | с | ч | п | с | н |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |
29 | 30 | 31 | ||||
календар за 2008 г. Сите дати |
8 декември е 342-иот ден во годината според григоријанскиот календар (343-и во престапна година). Остануваат 23 денови до крајот на годината.
Настани:
1914 | Германските воени бродови по враќањето од Тихиот Океан требаше, според планот на адмирал Шпе, да ја уништи англиската база на Фокландските Острови. Кога Англичаните отворија оган Шпе свати дека наишол на многу голем отпор од очекуваниот. Во оваа поморска битка Германците претрпеа големи загуби во бродови и во луѓе. |
1925 | По неуспешниот пуч на нацистите во Минхен во 1923 година, нивниот водач Адолф Хитлер ја објави книгата „Мојата борба“, во која ја разработува националистичката фашистичко - расистичка идеологија на агресивниот германски национализам. |
1948 | Во Лерин три жени Македонки од селото Екши - Су, леринско беа обвинети за соработка со НОФ и со партизаните, за што беа осудени на смрт и стрелани. |
1994 | Белгискиот министер за одбрана Лео Делкроа поднесе оставка поради обвинувањето околу финансирањето на една куќа што ја купил во јужниот дел на Франција. |
1997 | Двете најголеми швајцарски банки соопштија дека се интегрираат, со што се формира најголема банкарска актива во светот со фонд во вредност од еден трилион долари. |
883 | Свети Климент Охридски, родоначалник на словенската литература и црковно беседништво, прв оригнален словенски и македонски поет, говорник, преведувач, заштитник на Охрид е назначен за прв словенски епископ на Балканот. |
Родени:
1943 | Џим Морисон, американски пејач и текстописец на рок групата The Doors. |
Починале:
1638 | Иван Гундулиќ, хрватски поет и драмски писател. |
1980 | Џон Ленон, еден од основачите и „идолот“ на британската музичка група „Битлси“. |
Празници:
* | Свети Климент Охридски - државен празник во Република Македонија |
* | Студентски празник во Бугарија и Македонија |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |