Охрид
Од Википедија, слободна енциклопедија
Охрид | |
Грб на град Охрид |
Знаме на град Охрид |
Местоположба | |
Генерални информации | |
Површина | 389,93 km² |
Надморска височина | 695 m |
Поштенски број | 6000 |
Повикувачки број | 046 |
Регистарски таблички | OH |
Градоначалник | Александар Петрески |
Интернет страница | www.ohrid.gov.mk |
Население -населеност |
42033 жители 142,97 жит./km² |
Охрид е град во југозападниот дел на Република Македонија со 42.033 жители. По него Охридското Езеро го носи своето име.
Содржина |
[уреди] Население
Според последниот попис од 2002 година, во градот Охрид живеат 42.033 жители [се бара извор], од кои:
- Македонци 37.801 (90,03%)[се бара извор]
- Албанци 1.159 (2,75%)[се бара извор]
- Турци 1.156 (2,74%)[се бара извор]
- Роми 69 (0.16%)[се бара извор]
- Власи 308 (0.73%)[се бара извор]
- Срби 321 (0.76%)[се бара извор]
- Бошњаци 29 (0.07%)[се бара извор]
- останати 1.190 (2.83%)[се бара извор] (претежно Роми кои се изјаснуваат како Египјани)
[уреди] Историја
Современиот Охрид е наследник на античкиот Лихнидос (Lychnidos). Според податоците, градот прв пат се споменува 2.400 години пред новата ера. Лихнидос се наоѓал на патот Виа Игнација, наjстарата и наjзначаjната римска сообраќаjница на Балканот. Бригијците и Енхелеjците го сочинуваат наjстарото население кое може според името да се идентификува во пошироката област на Охридското Езеро. Бригиjците се исто што и Фригиjците. По Третата македонска воjна против кралот Персеј, Лихнид станува главна римска база во северните области на Македониjа. Тоа е времето кога за него наjмногу се слуша. Последната вест за Лихнид е веста за неговото разурнување. Во еден земјотрес, коj според историските извори се случил на 29 и 30 мај 526 година, настрадале повеќе десетици илjади лица во Лихнид. Потоа градот повеќе не се споменува во историските извори.
Охридската област во краjот на 6-тиот век била изложена на масовна словенска колонизациjа. Охридската област до 30-тите години на 7-миот била целосно колонизирана од словенското племе Берзити. Лихнид оттогаш добил името Охрид.
Охридскиот краj уште во втората половина на 8-миот век станал привлечно подрачjе за бугарската држава. За време на бугарскиот цар Борис I Михаил македонските територии во воено-административен поглед биле опфатени во неколку "комитати". Охрид бил во комитатот што ги опфаќал Охридско-деволските краишта. Во 886 година Климент (Охридски) по краткото задржување во бугарскиот двор бил испратен во Македониjа со важна државна мисиjа. Тоj бил испратен во областа наречена Кутмичевица како учител. Областа jа опфаќала Југозападна Македонија и Јужна Албанија, со главните градови Охрид и Девол.
Како учител и епископ Климент заедно со Наум ги поставиле основите на т.н. Охридска глаголска книжевна школа. Благодареjќи на деjноста на Климент и Наум, градот Охрид, во втората половина на 9-тиот век израснал во еден од наjразвиените и наjпознатите средновековни словенски културни центри.
Во време на царот Самуил и Самуиловото царство, Охрид станал религиозен центар и главен град на царството. Неговите тврдини и ден денес стојат високо над самиот град. Есента 1015 година византискиот император Василиј II успеал да го заземе Охрид, но тврдината останала и понатаму под власта на царот Јован Владислав, наследникот на Гаврило Радомир, син на цар Самуил.
Императорот Василиj II дозволил Охрид и понатаму да остане седиште на Охридската архиепископиjа.
Во 1202 година Охридскиот краj заедно со другите jугозападни македонски области биле вклучени во рамките на Солунското латинско кралство. Во 1334 година српскиот крал Душан презел градовите Охрид, Прилеп и Струмица. Во 1378 година, била доградена црквата Света Богородица Перивлепта ( Свети Климент) во Охрид.
Забелешка: Охрид не само што бил најважниот град во регионот, туку бил и најважниот образовен центар и извор на писменоста на сите словенски народи. Во Охрид се наоѓа најстариот универзитет во Европа (9-ти век), додека во местото Плаошник близу градот се наоѓа рестварираната црква Св. Климент чии наоди укажуваат на фактот дека пак таму имало универзитет од 13-тиот век.
Кон самиот краj на 14-тиот турскиот султан Бајазит I успеал речиси насекаде во Македониjа да jа наложи своjата власт.
Охрид има аеродром, Охридскиот аеродром кој функционира преку целата година.
[уреди] Згради и музеи (избор)
Турскиот патеписец Евлија Челебија го посетил Охрид во 14-тиот век и забележал дека градот има 365 цркви, по една за секој ден од годината. Денес има многу помалку. Во средниот век пак, Охрид бил нарекуван Словенски Ерусалим.
- Катедралата Света Софија (11-ти век)
- Црквата Св. Јован Канео (13-ти век)
- Црквата Св. Климент и Св. Пантелејмон во Плаошник
- Црквата Св. Ѓорѓија
- Црквата Св. Богородица Захумска
- Црквата Св. Наум
- Црквата Св. Петка
- Црквата Св. Стефан
- Многу ранохристијански базилики како на пр. Базиликата на Св. Еразмо (4-ти век)
- Самуиловата тврдина (10-ти/11-ти век)
- Завод за заштита на спомениците на културата и Народен музеј
- Музеј на словенската писменост (18-ти век)
- Антички амфитеатар
[уреди] Археолошки остатоци
[уреди] Годишни настани
- Охридско лето, театарски и музички изведби од јули до август
- Балкански фестивал на народни песни и ора во јули
- Балкански музички плоштад, музички фестивал во август во кој учествуваат етно-музичари од целиот балканскиот регион
[уреди] Места во охридската област
[уреди] Родени во Охрид
- Константин Робев (1818 – 1900)
- Димитар Робев (1822 – 1890)
- Григор Прличев (1830 - 1893)
- Стефан Робев (1842 – 1880)
- Наум Спространов (1851 – 1887)
- Климент Бојаџиев (1861 - 1933)
- Антон Кецкаров (1865 - 1945)
- Александар Протогеров (1867 - 1928)
- Евтим Спространов (1868-1931)
- Георги Баласчев (1869 - 1936)
- Стефан Јакимов Дедов (1869 - 1914)
- Методи Патчев (1875 - 1902)
- Христо Узунов (1878 - 1905)
- Коста Абраш (1879 - 1898)
- Иван Снегаров (1883 - 1971)
- Спас Банџов (1904 - 1942)
- Димче Коцо (1910 - 1993)
- Андон Дуков (1913 - 1944)
- Иван Точко (1914 - 1973)
- Борис Бојаџиски (1915 - 1959)
- Димче Маленко (1919 - 1990)
- Димче Јанко (1919 - )
- Видое Видичевски (1931 - )
- Димитар Пандев (1958 - )
- Драган Спасески (1960 - )
[уреди] Братски градови
- Вулонгонг; Австралија
- Винковци; Хрватска
- Пловдив; Бугарија
- Далиан; Кина
- Крагујевац, Србија
- Земун, Србија
[уреди] Надворешни врски
[уреди] Галерија
Поглед на Самулиовата тврдина од езерото |
|||
Рушевини од замокот на цар Самуил на тврдината |
Берово • Битола • Богданци • Валандово • Велес • Виница • Гевгелија • Гостивар • Дебар • Делчево • Демир Капија • Демир Хисар • Дојран • Кавадарци • Кичево • Кочани • Кратово • Крива Паланка • Крушево • Куманово • Македонски Брод • Македонска Каменица • Неготино • Охрид • Пехчево • Прилеп • Пробиштип • Радовиш • Ресен • Скопје • Струга • Струмица • Свети Николе • Тетово • Штип