Македонска Каменица
Од Википедија, слободна енциклопедија
Македонска Каменица е град во североисточниот дел Република Македонија. Градчето е сместено на Осоговските планини на нивната јужна падина. Познат е како рударски град. Најпознатиот македонски рудник за олово и цинк Саса е во неговата непосредна близина. Македонска Каменица има 5147 жители од кои 5096 (99,01%) се Македонци, 14 Роми, 20 Срби, 8 Бошњаци и 9 други.
Главна стопанска дејност на населението е рударството, а покрај рудникот Саса во градот работи и текстилна фабрика. Од стопанските дејности застапено е земјоделството, собирањето на печурки, сечата на дрва за огрев и мебел, а во градот работат и повеќе продавници. Фудбалскиот клуб „Саса“ кој сега се натправрува во регионалната лига, порано беше дел од првата македонска фудбалска лига.
[уреди] Историја
Градот е основан пред 1950 година кој што во почетокот бил само населба за дојдените рудари кои почнале да работат во рудникот Саса.
Берово • Битола • Богданци • Валандово • Велес • Виница • Гевгелија • Гостивар • Дебар • Делчево • Демир Капија • Демир Хисар • Дојран • Кавадарци • Кичево • Кочани • Кратово • Крива Паланка • Крушево • Куманово • Македонски Брод • Македонска Каменица • Неготино • Охрид • Пехчево • Прилеп • Пробиштип • Радовиш • Ресен • Скопје • Струга • Струмица • Свети Николе • Тетово • Штип