Пробиштип
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Пробиштип е град во источниот дел на Република Македонија. Познат е како рударски град, бидејќи во неговата близина се наоѓа рудникот за олово и цинк Злетово. Покрај рударството во градот постои и индустриски капацитет за производство на батерии и акумулатори.
Во поглед на климата областа се наоѓа во Јужниот дел на Северниот умерен појас, меѓу подрачја во кои се осеќаат влијанија на медитеранска клима ( Кочанска котлина и Овче поле)и Осоговскиот масив каде владее изразито планинска клима. Ваквата географска положба условила нејзината клима да се карактеризира со елементи на умерено континентална, изменето-средоземна и планинска клима.
Со оглед на релјефот во оваа област можат да се издвојат два климатски реони: реон на умерена клима, со елементи на изменето средоземна клима и реон на планинска клима. Првиот реон го опфаќа подрачјето на Злетовската област јужно од Злетово, односно Злетовското поле. Со долината на Злетовска река ова поле е отворено на медитеранските влијанија. Вториот климатски регион го опфаќа подрачјето што се шири на север од Злетово се до највисоките врвови на областа. Како планинско подрачје се одликува со свежо лето, ладна пролет и есен, а студена и снежна зима Средната годишна температура на воздухот изнесува околу 13 степени Целзиусови, додека средната температура во зимските месеци се движи од 1 до 30Ц, а во летните месеци од 21 до 25 0Ц. Количеството на годишните врнежи изнесува околу 600-650 мм. Како што може да се заклучи од претходните излагања, основни карактеристики на климата во овој реон ,односно во Злетовското поле се како следува : зимата не е многу ладна, а и не трае долго; ретко паѓа снег , а и кога ќе падне брзо се истопува заради што во овој годишен период има зелена трева. Пролетта е умерено топла и помалку дождовна од зимата. Летото е многу топло и суво а поради планинската клима квечерината и утрата се свежи. Есента е долга, умерено топла и прилично дождовна. Вегетациониот период е доста долг и трае речиси 10 месеци, со вакви климатски особености претставува подрачје погодно за одгледување на земјоделски култури не само од умерената, туку и од субтропската климатска зона.
Во домот на култура "Злетовски Рудар" постои богата збирка на минерали од рудникот, како и стари предмети кои биле користени во дамнешното минато за работа во рудникот. Исто така поставена е и етнолошка збирка каде можат да се видат разни носии карактеристични за овој дел од Македонија и стари предмети користени во секојдневниот живот на луѓето од овој крај. Лесновскиот манастир (14 век), сместен во Лесновскиот кратер, во себе чува прекрасен иконостас од 18 век со непроценлива вредност и убавина.
Во општина Пробиштип функционираат следните воспитно- образовни установи: - предучилишни установи: детска градинка " Гоце Делчев" со единиците:
"Цветови"- од Пробиштип "Срничка"- од Пробиштип "Изворче"- од Злетово
- основни училишта: ОУ "Никола Карев" и ОУ "Браќа Миладиновци" со подрачните единици:
"Ванчо Трајков"- од село Пробиштип "Кирил и Методиј"- од село Злетово
- средно училиште : ДСУ "Наум Наумовски - Борче"
Површина 329 км2 Број на населени места 37 (1 градско) Број на жители 16.193 жители(8248 мажи и 7945жени) Национален состав
- Mакедонци 16.039(99.05%)
- Турци 4
- Роми 34
- Власи 15
- Срби 63
- Бошњаци 1
- oстанати 37
Центар на општината Градот Пробиштип со 10.816 жители
Берово • Битола • Богданци • Валандово • Велес • Виница • Гевгелија • Гостивар • Дебар • Делчево • Демир Капија • Демир Хисар • Дојран • Кавадарци • Кичево • Кочани • Кратово • Крива Паланка • Крушево • Куманово • Македонски Брод • Македонска Каменица • Неготино • Охрид • Пехчево • Прилеп • Пробиштип • Радовиш • Ресен • Скопје • Струга • Струмица • Свети Николе • Тетово • Штип