Гостивар
Од Википедија, слободна енциклопедија
Градови во Република Македонија | |
---|---|
Гостивар (Република Македонија)
|
|
Население: | 80.280 |
Поштенски број: | 042 |
Повикувачки број: | |
Надморска височина: | |
Географска широчина: | 41.7972 |
Географска должина: | 20.9083 |
Веб страница: | www.gostivari.gov.mk |
Гостивар е град во западна Македонија во јужниот дел на Полошката котлина.
Содржина |
[уреди] Население
Според пописот од 2002 година, градот Гостивар има 35.847 жители. Етничкиот состав на населението во градот Гостивар е следниов:
- Албанци 15.490 (43,21%)
- Македонци 14.285 (39,85%)
- Турци 3.559 (9,92%)
- Роми 1.899 (5,29%)
- Срби 146
- Бошњаци 34
- Власи 15
- останати 419
Општината Гостивар со новата организација брои 80.280 жители (старата Општина Гостивар до 2004 година броела 49.545 жители).
[уреди] Географија
Градот лежи во котлината Полог (Горен Полог) на надморска височина од 510 метри. Во близина на Гостивар во селото Вруток (5 км југозападно од Гостивар) се наоѓа изворот на најголемата македонска река Вардар која тече и низ самиот град кој го дели на два дела ,а истотака во негова близина се наоѓа најголемиот македонски национален парк и cкијачки центар Маврово. Гостивар е на 67 километри одалеченост од Скопје, а од Тетово е 27 километри. Гостивар е град кој со голема брзина се гради и станува еден од поубавите градови во Македонија,
[уреди] Знаменити објекти
Во градот постојат повеќе знаменити објекти (пред сѐ од турскиот период на владеење) како неколку џамии и препознатливата саат-кула во центарот. Исто така на самиот плоштад доминира со својата импозантна големина црквата Света Богородица. Во градот постоела турска бања-амам која била срушена, а на потоа на тоа место се наоѓала филијалата на Стопанска Банка сѐ до нејзиното рушење.
[уреди] Стопанство
Стопанската дејност во Гостивар се развива кон крајот на XIX век со формирањето на гостиварската чаршија од занаетчии трговци дојдени од Велес, Кичево, Крушево, Дебар и Тетово. Порано во Гостивар имало многу терзии, опинчари, самарџии, сарачи, казанџии итн. Денес во Гостивар се развиени трговијата, индустријата и стопанството. Познати индустриски капацитети се комбинатот „Силика“, Стакларницата, текстилната индустрија Готекс, кланицата „Горни Полог“, мелничарскиот комбинат Жито Шар, фабриката за доломит „Вардар Доломит“ која е приватизирана пред неколку години и успешно ги пласира своите производи и на странските пазари. Последните години во огромен пораст е трговската дејност. Низ градот има повеќе маркети на гигантот „ГЕТРО“ кој има продавници и маркети и во Хрватска, а во самиот центар на градот до саат-кулата е изграден современ модерен трговски центар „Де Јуре“ на повеќе катови со структурална фасада
[уреди] Историја
Население на местото на Гостивар и неговата околина имало уште од антиката. Според повеќе монографии за Гостивар познат е податокот дека целата околија на Горен Полог била во составот на Античка Македонија уште од првиот век пред нашата ера.
Населено место со името Гостивар во пишаните документи за прв пат се забележува во 1313 година како поголемо село во јужниот дел на Полошката котлина со околу 200 жители.
Главниот процут Гостивар го доживува кон крајот на 19 век за времето на Турското владеење кога станува центар на каза. Тогаш Гостивар почнува да го добива својот лик на градче. Со доселувањето на различни мајстори и занаетчии од Велес, Крушево, Кичево и Дебар се формира гостиварската чаршија и вторник се назначува за пазарен ден, што е традиција до ден денеска. За време на Илинденското Востание од Гостивар и околината ќе учествуваат повеќемина македонски патриоти кои ќе отидат да се борат директно во Крушево и околината.
За време на Втората светска војна, македонското население во Гостивар ќе доживее невиден терор од страна на албанските фашистички окупатори - балистите предводени од Џемо и Мефаил. Токму на крајот на војната во близина на Гостивар ќе биде убиен балистичкиот водач Џемо по што ќе следи општонародно славје на Македонците во Гостивар. Народен херој од Гостиварско е Чеде Филипоски-Даме чиј споменик се наоѓа на гостиварскиот плоштад (спроти стоковната куќа), а во текот на Втората светска војна во Гостивар и околината војувале повеќе македонски партизански одреди и единици, кои воделе тешки борби со балистичките единици кои отпрвин биле поддржувани од италијанскиот, а подоцна и од германскиот окупатор.
[уреди] Меѓуетнички конфликти
Гостивар во поновата македонска историја ќе остане запаметен и по настаните на 9 јули 1997 година кога македонската полиција спроведе акција за отстранување на знамето на туѓа држава (Албанија) кое беше истакнато пред општинската зграда. Во настаните ќе загинат 4 цивили. За време на воениот конфликт во Република Македонија во 2001 година Гостивар и околината ќе бидат поштедени од вооружени борби и судири но голем број на Македонци од Гостивар ќе бидат дел од македонските безбедносни сили во операциите во Тетово и на Тетовското кале.
[уреди] Потекло на името Гостивар
Според Марко Цепенков, Гостивар бил метув на манастирите од Сува Гора (планина источно од градот) каде што се гоштевале многу свештеници, патници и намерници. Поради тоа богато гоштевање метувот го добило името Гостивар. Има и легенда која вели дека доаѓа од турско време каде што Гостивар значи "место каде секогаш доаѓаат гости". Според Турците, градот бил наречен така поради тоа што на турски зборот ВАР значи има, така што на тоа место секогаш имало гости.Исто така збор ВАР или Вари во сите словенски јазици означува извор или место од каде што извира голема количина на вода - вриење ,а исто така означуа и бања. Како поткрепа на ова ќе го додадеме како пример градот Карлови Вари во Чешка што е во превод Бањите на Карло има и други примери во словенските земји за наставката ВАР како што се Вуковар, Карлобар во Хрватска. Што во превод од старословенски би било „Бања за Гости“. Некои научници како рускиот професор Афанаси Селишчев сметаат дека словенското име на градот било Костово.
[уреди] Населби и маала во Гостивар
Дутлок, Циглана, Ќумур Маало, Мелеарди, Млаки, Питарница, Фазанерија, Тоска, Тексас маало - Бараки, Апаш Маало *
[уреди] Меѓуетнички односи
Според старата поделба, општина Гостивар имаше 26,54% Македонци и 59,01% Албанци, но со новата поделба, со припојување на селските општини Вруток, Долна Бањица, Србиново и Чегране бројот на Македонците е намален на 19,77%, а Албанците се 66,37%. Голем дел од македонската заедница во градот смета дека на овој начин се фаворизира албанската политичка доминација во Гостивар.
Поврзано со ова е и трендот на рехабилитација на некои албански личности од Втората Светска војна кои припаѓале на организацијата Бали Комбетар. Според Албанците, се работи за херои, но Македонците сметаат дека со ова всушност се врши легитимизација на фашистичката окупација на Македонија. Имено, истите личности, според Македонците и нивните сеќавања и според македонската и светската историографија, имаат извршено голем број убиства, кражби, протерувања и злодела врз неалбанското население.
Сепак, во градот не е забележана позначајна миграција на Македонци во другите краишта на земјата.
[уреди] Надворешни врски
Берово • Битола • Богданци • Валандово • Велес • Виница • Гевгелија • Гостивар • Дебар • Делчево • Демир Капија • Демир Хисар • Дојран • Кавадарци • Кичево • Кочани • Кратово • Крива Паланка • Крушево • Куманово • Македонски Брод • Македонска Каменица • Неготино • Охрид • Пехчево • Прилеп • Пробиштип • Радовиш • Ресен • Скопје • Струга • Струмица • Свети Николе • Тетово • Штип