Самуилова тврдина
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
- За истата тврдина во Бугариja со истото име видете Самуилова тврдина (Бугарија)
Уште во петиот век од нашата ера Охрид се споменува од римските историчари како град со тврдини, кој како и другите римски градови на Балканот се брани од наездите на скитачките племиња, при големото преселување на народите во 4 и 5 век. Закрепениот Охрид во 479 година ја одбил опсадата на готскиот крал Теодор.
Во подоцнежните векови Византија ги користи овие тврдини и сигурно ги поправа и проширува.Словените навлегуваат во Охрид без некои големи уривања. Но, Охрид како престолнина на Самоиловото царство има обновени и доста јаки бедеми. Денешната форма на тврдината потекнува од времето на цар Самуил макар што и по него постојат податоци за разурнувања и повторни поправки на тврдината од страна на Турците и Византијците.
Највисокиот дел од Охрид е опфатен со централните ѕидови кои се високи од 10 до 16 метри како и одбрамбени кули. Еден крај од надворешниот бедем косо се спушта кон запад до брегот на месноста Лабино. Другиот крак тргнувајќи на исток ја преминува надворешната порта „Горна порта" ја зафаќа пониската височинка од Охридскиот рид во месноста Дебој и отука кон југ косо се спушта кон езерото.
Тврдината носи видливи траги на чести поправки. Под делумно урнатиот надворешен слој во внатрешните ѕидови се забележуваат хоризонтални либажни слоеви од тули со византиски формат.Во ѕидовите на горната порта вѕидани се многу камења со грчки натписи кои потекнуваат од античките згради со какви што овој терен е преполнет. Охридската тврдина денес претставува заштитен знак на Охрид а со тоа и на Македонија на неа се впишани многу страници од историјата и културата на македонскиот јазик низ вековите, што претставува непроценлив културен извор за нашата Република.
Арангел • Банско • Белица I • Белица II • Битола • Будинарци • Бучин • Валандово • Варош • Велес • Виница • Вирче • Водно • Габрово • Годивје • Горна Бањица • Градец • Градиште • Граиште • Дебар • Дебреште • Девич • Демир Капија • Десово • Долна Лешница • Долно Ореово • Драмче • Дреново • Евла • Железнец • Живојно • Заград • Згратчани • Звегор • Здуње • Злетово • Зовик • Зрзе • Ижиште • Јегуновце • Калиште • Канарево • Кичево • Кожле • Конче • Коњух • Костурино • Крупиште • Лешок • Луковица • Манастир • Маркова Сушица • Матка • Младо Нагоричане • Мордиште • Мородвис • Опила • Ораше • Охрид • Песочани • Подвис • Прилепец • Радовиш • Ресава • Рогле • Скопје • Сопот • Србиново • Стенче • Стење • Стрежево • Струмица • Теово • Трескавец • Црешка • Чучер • Шопур • Штип