Маркулија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Маркулија („Маркова Кула“) е тврдина-крајпатна стража 1 км североисточно од раселеното село Арангел и исто толку далеку од Србица, обете во Кичевско. Претставува истурена планинска гранка што завршува со заоблена чука 100 м високо над источниот раб на долината (872 м н.м.). Визуелно е поврзана со Кичево 10,5 км на југозапад. Стариот пат Кичево — Гостивар поминувал крај ридот и 7 км северно оттука го достигал планинскиот премин Кафа. Таму лежат и старите рудници на железо, додека рудниците на јаглен (површински копови) лежат 3 км јужно од Маркулија, во атарот на Осломеј.
[уреди] Најстари остатоци
Во доцноантичко време на врвот од чуката било изградено обѕидие со малтер, што затворало простор од 1,4 ха. Наоди: доцноантичка грнчарија, монети од доцниот IV и VI век. Во долината 1 км јужно од Маркулија, на потегот „Манастир” и „Мега”, лежат остатоци од истовремена населба со ранохристијанска црква. Кастелот на Маркулија ја штител оваа рударска населба и го надгледувал преминот меѓу провинциите Нов Епир и Превалитана.
[уреди] Средновековни остатоци
Во средишниот дел на тврдината регистрирани се парчиња од словенски црепни, ситни предмети исковани од железо и врвови од стрели за пробивање панцир, потоа една бронзена апликација — тамга (протобугарска, IX—X век). На обѕидието нема траги од обновувања.
На Маркулија веројатно само повремено постоела стража низ кризните години, којашто го контролирала важниот пат од Охрид преку Кичево кон Полозите и кон Скопје на север.
[уреди] Извори
- И. Микулчиќ TIR, 17
Арангел • Банско • Белица I • Белица II • Битола • Будинарци • Бучин • Валандово • Варош • Велес • Виница • Вирче • Водно • Габрово • Годивје • Горна Бањица • Градец • Градиште • Граиште • Дебар • Дебреште • Девич • Демир Капија • Десово • Долна Лешница • Долно Ореово • Драмче • Дреново • Евла • Железнец • Живојно • Заград • Згратчани • Звегор • Здуње • Злетово • Зовик • Зрзе • Ижиште • Јегуновце • Калиште • Канарево • Кичево • Кожле • Конче • Коњух • Костурино • Крупиште • Лешок • Луковица • Манастир • Маркова Сушица • Матка • Младо Нагоричане • Мордиште • Мородвис • Опила • Ораше • Охрид • Песочани • Подвис • Прилепец • Радовиш • Ресава • Рогле • Скопје • Сопот • Србиново • Стенче • Стење • Стрежево • Струмица • Теово • Трескавец • Црешка • Чучер • Шопур • Штип