Web Analytics

See also ebooksgratis.com: no banners, no cookies, totally FREE.

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Македонија - Википедија

Македонија

Од Википедија, слободна енциклопедија

Географска карта на Македонија
Географска карта на Македонија
Ѕвездата од Кутлеш, на црвена подлога, употребувана во Македонија, национално знаме на Македонците
Ѕвездата од Кутлеш, на црвена подлога, употребувана во Македонија, национално знаме на Македонците
Картата на Македонија во нејзините културолошко-географски граници, изработена од Димитрија Чуповски во Петроград во 1913 година
Картата на Македонија во нејзините културолошко-географски граници, изработена од Димитрија Чуповски во Петроград во 1913 година
за други значења видете Македонија (појаснување)

Македонија е географски и историски регион на Балканскиот Полуостров во југоисточна Европа, со површина од 67,741.2 km2 и население од 4.90 милиони жители (од кои 26.56% се етнички Македонци)[1][2][3].

Содржина

[уреди] Географија

Македонија го зафаќа средишниот дел на Балканскиот полуостров, односно просторот што на север е ограден со планините Шар Планина, Скопска Црна Гора, Козјак, Осогово и Рила, на југ со реката Бистрица и брегот на Егејското море до утоката на реката Места, на запад со билата на планините Кораб, Јабланица, Грамос и Пинд, додека пак на исток е оградена со западните падини на планините Родопи. Територијата истотака се совпаѓа со басенот што се простира од (од запад кон исток) реките Бистрица, Вардар и Струма (од кои Вардар наводнува далеку најголема површина) и рамнините околу Солун и Сер.

Македонија има карактеристичен релјеф кој во најголем дел е составен од планини кои припаѓаат на старите грамадни планини на родопската група и младите верижни планини на шарската група. На територијата на Македонија се застапени и голем број на котлини особено во средишниот и западниот дел, а има повеќе природни езера како Охридско Езеро, Преспанско Езеро, Дојранско Езеро, Островско Езеро, Петерско Езеро, Костурско Езеро, Лагадинско Езеро, Бешичко Езеро и др.

[уреди] Политичко-административна поделба

Регионот е поделен меѓу Република Македонија, со нешто повеќе од 38% од вкупната површина; Егејска Македонија или јужниот дел во составот на Република Грција, со речиси половина од површината и населението, и Пиринска Македонија (источниот дел) денес во состав на Република Бугарија. Помали делови од Македонија се наоѓаат во составот на Албанија (областа Мала Преспа и Голо Брдо), во Косово (областа Гора), во Република Србија (во околината на манастирот Прохор Пчињски).

[уреди] Потекло на името Македонија

Постојат најразлични толкувања за проникнувањето на името „Македонија“.

Македонскиот народ се нарекува себеси „Македонци“ по името на родоначалникот Македон кој ги обединил предмакедонските племиња и народи во еден народ. Македонците се етнички супстрат од негрчките и индоевропски народи, чиј етнички состав го сочинувале некои среднобалкански народи и племиња, меѓу кои се вбројуваат: Бригите (Фригите), Енетите (Венетите), Пајонците, Пелагонците и други. Дел од Бригите потиснати со дорските миграции по Тројанската војна се отселува во Мала Азијa. Лингвистите забележуваат дека во јазикот на овие Бриги, во Мала Азија познати и како како Фриги (област Фригија), постои голема сродност со главнината на само стотината познати старомакедонски голоси (скромни останки од протогениот македонски јазик). Ова мислење го застапува и проф. Нада Проева и дава аргументи за тврдењето дека Македонците немаат дорско потекло, како што тврди на неколку места во својата историја, грчкиот антички писател Херодот.

Како што вели Џ.Р.Елис, така и грчкиот професор и археолог Фотис Пецас тврди дека Македонците уште пред да дојдат на просторот на Македонија, го имале своето име Македонци и тие на оваа територија која дотогаш имала друго име и го дале своето народно име. Конкретно проф. Пецас пишува: „Македонија го зеде името од Македонците. До 700 год. пред Христа, Македонците биле ограничени западно од планината Каракамен (Вермион) или јужно од Халиакамби. Големото море меѓу планините беше уште непознато за Македонците. Некаде околу 700 год. п.н.е ги запоседнаа источните падини на Вермион, како што учиме по Херодот. Ова големо поле меѓу Бистрица (Халиакум) уште не беше и не се викаше Македонија. Македонците се проширија до Вардар (Аксиос) малку подоцна како што учиме од Тукидид. Филип ја донесе Македонија до реката Места (Нестос) во 348 год п.н.е..“. „Она што нѐ интересира денес“ – продолжува проф. Пецас е „дека Македонците ѝ го дадоа своето име на Македонија и ја проширија од планината Пинд и Олимп до места на исток и до Црна Река (Еригон) на север. Така, Македонците го дадоа името на својата земја. Името Македонци беше најпрвин народно, а потоа стана историографски поим Македонија”.

[уреди] Историја

Види Историја на македонскиот народ

Најстариот пронајден скелет на човек на територијата на Македонија е пронајден на локалитетот Камени Гумна (Петралона), и се смета дека човечкиот скелет е стар 160000 години. На територијата на Македонија жители се забележуваат уште од старото камено време (Палеолитот) односно на повеќе места се пронајдени пештерски живеалишта што сведочат дека во Македонија живееле луѓе уште 2000 години пред нашата ера. Голем подем областа Македонија добива во времето на Античко македонското царство кое е создадено од страна на првиот македонски цар, Каран во 808 г.п.н.е. (според некои извори 825 г.п.н.е.),а најголем подем доживеало во периодот на владеењето на Александар III Македонски и неговиот татко Филип II Македонски. Античко македонското царство претставува прва државна организација создадена на територијата на Македонија. Појавата на христијанството, Македонија ја дочекува под римска власт. Од овој период е значајно што Македонија е една од првите земји во Европа која го примила христијанството преку првата покрстена Македонка Лидија. Христијанството во Македонија го ширел апостолот Павле, кој според Библијата на сон бил повикан во Македонија од еден човек Македонец, каде што светиот апостол Павле ги формирал и првите христијански општини на европскиот континент. По поделбата на римското царство Македонија подолг период ќе биде под власта на Византија. Големи етнички промени во Македонија ќе настанат со доселувањето на Словените во текот на V и VI век, чии главни карактеристики се главно обележје на Македонија до денес. Кон крајот на IX век солунските браќа Кирил и Методиј во Македонија ќе ја состават првата словенска азбука - глаголица на основа на говорот во Солунско, со цел да се овозможи богослужба на словенски јазик во црковните храмови посетувани од Словените. Глаголската традиција ќе биде негувана од страна на нивните ученици Климент Охридски и Наум Охридски во словенскиот „универзитет“ од Охрид. По смртта на Климент Охридски глаголицата ќе биде потисната од кирилицата - поедноставно писмо создадено врз основа на грчкиот алфабет. Кон крајот на X век на територијата на Македонија царот Самуил ќе го устоличи своето големо словенско царство кое ќе опфаќа големи делови од Балканот, а наскоро по Беласичката битка во 1014 година, ќе биде уништено од Византија. Во текот на средниот век Македонија неколку пати ќе влезе во составот на средновековните српски и бугарски царства. Во 1392 година Македонија е заземена од Турците османлии и станува дел од Отоманската империја во која ќе остане се до 1912 година. Периодот под турската власт, ќе биде во постојана борба на македонскиот народ за национална и социјална слобода. Во периодот на османското владеење во Македонија ќе се случат следните буни и востанија: Мариовско-прилепска буна (1864/65), Карпошево востание (1689), Негушко востание (1828), Разловечко востание (1876), Халкидичко востание (1854), Македонско (Кресненско) востание (1878) и најголемото македонско востание Илинденското востание подигнато во 1903 година. По двете Балкански војни, на Букурешкиот мировен договор во 1913 година Македонија ќе биде поделена на три поголеми делови кои ќе бидат доделени на Србија, Бугарија и Грција. По втората светска војна со првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година во манастирот Прохор Пчински ќе биде прогласена НР Македонија (подоцна СР Македонија) како национална држава на Македонскиот народ на терторијата на Вардарска Македонија (делот под окупација на Србија) како република на СФРЈ. Конечно на 8 септември 1991 година се прогласува самостојна, независна, суверена Република Македонија на територијата на Вардарска Македонија преку отцепување од СФРЈ.

[уреди] Видете исто така

[уреди] Надворешни врски

[уреди] Извори

Static Wikipedia (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2007 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2006 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu

Static Wikipedia February 2008 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu