Web - Amazon

We provide Linux to the World

ON AMAZON:


We support WINRAR [What is this] - [Download .exe file(s) for Windows]

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
SITEMAP
Audiobooks by Valerio Di Stefano: Single Download - Complete Download [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Alphabetical Download  [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Download Instructions

Make a donation: IBAN: IT36M0708677020000000008016 - BIC/SWIFT:  ICRAITRRU60 - VALERIO DI STEFANO or
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Портал:Македонија - Википедија

Портал:Македонија

Од Википедија, слободна енциклопедија

уреди  

М А К Е Д О Н И Ј А

Македонија е етнички, географски и историски регион на Балканскиот Полуостров во југозападна Европа, со површина од 67,741.2 km2 и население од 4.65 милиони жители (од кои 69.08% се етнички Македонци).

уреди  

Античка Македонија (808 г.п.н.е - 148 г.п.н.е)

Македонското царство пред смртта на Александар Македонски
Македонското царство пред смртта на Александар Македонски
Првата македонска држава е создадена во 8-миот век или раниот 7-ми век п.н.е под водството на династијата Аргеади. Првиот крал за кој постојат сведоштва е кралот Пердика I. Во времето на кралот Александар I Македонската територија започнала да се проширува кон Еордаја, Ботиаја, Пиерија, Мигдонија и Алмопија. Во близина на денешниот град Едеса (Воден), Пердика I (или поверојатно неговиот син Аргеј I) ја изградил првата престолнина Ајга.

По краток период на персиска власт под водство на кралот Дариј I, државата ја вратила својата независност под водство на кралот Александар I (495–450 п.н.е п.н.е).

Аминта III (ц. 393–370 п.н.е) за прв пат ја централизирал власта во Македонија.

Кралот Филип II извршил реформи во државата и вовел постојана платена војска со прочуената македонска фаланга, како основна воена единица, а вовел и коњаница, направи за опсада на градови и фрлање на камења и стрели. Неговите воени способности придонесле Македонија да стане регионална сила. Најпрвин, во 358 п.н.е. го совладал отпорот на локалните племиња и Филип ја проширил својата власт до Охридското Езеро. Во 357 п.н.е. ја завземал aтинската колонија, Амфипол, која управувала со рудниците за злато на планината Пангајон.

Александар III, попознат како Александар Македонски или Александар Велики е крал на Македонија (од 336 п.н.е. до 323 п.н.е.), член на кралската династија Аргеади. Eден од најуспешните војсководци во историјата на човештвото. По освојувањето на грчките градови-држави под водството на неговиот татко Филип II Македонски, Александар ја покорил моќната Персиска Империја, вклучувајќи ја Анадолија, Сирија, Египет, и Месопотамија, ги проширил границите на Античка Македонија, дури до Авганистан и Индија. Александар спрема освоените култури се однесувал со почит, интегрирајќи не-Македонци во неговата војска и администрација, воден од идејата да создаде светска држава.


уреди  

Македонија за време на Римската империја (148 г.п.н.е - 395 г.)

Македонија за време на Римската Империја, 120 г.
Македонија за време на Римската Империја, 120 г.
По загубената војна на Македонскиот крал Андриск во 148 п.н.е против Римскиот генерал Квинт Сесилиј Метел, четирите македонски марионески републики се распаднале и во 146 п.н.е, била прогласена како Римската провинција Македонија. Провинцијата се состоела од Епир вет, Тесалија и делови од Илирија и Тракија.

Во III и IV век, провинцијата била поделена на Македонија Прима (на југ) и Македонија Салутарис (на север).

Македонија Прима и Македонија Салутарис биле вклучени во рамките на Македонската диецеза, една од трите диецези во рамките на Илирикумската префектура создадена во 318. Кога Илирикумската префектура била поделена на Источен и Западен Илирикум во 379, Македонските провинции станале дел од Источен Илирикум. По расцепувањето на Римското царство на Западно и Источно во 395, Македонија станала дел од Византија.


уреди  

Македонија за време на Византиското царство

Портал:Македонија/Македонија за време на Византиското царство

уреди  

Самоилово царство (976 г. - 1018 г.)

Самуиловото царство, 996 год.
Самуиловото царство, 996 год.
Самуиловото царство е средновековна држава која се протегала на територијата на денешна Република Македонија, северниот дел на Република Бугарија, романска Добруџа, Србија (без Банат и Бачка), Црна Гора (без приморјето), Албанија и северна Грција, која под водство на цар Самуил постоела од 976 до 1018 година. За престолнина на царството се смета градот Охрид, иако царскиот двор своевремено бил сместен и во други градови.

По битката кај Беласица во 1014 со византиската војска предводена од императорот Василиј ІІ Бугароубиец, војската на цар Самоил била поразена при што 14.000 војници биле заробени и ослепени. Самуиловото царство и после оваа битка останало независно се до 1018 кога повторно потпаѓа под византиска власт.

уреди  

Македонија за време на Отоманското царство

Портал:Македонија/Македонија за време на Отоманското царство

уреди  

Илинденско востание (1903 г.)

Посвета на Илинденското востание, споменик Македониум во Крушево
Посвета на Илинденското востание, споменик Македониум во Крушево
Илинденското востание е востание на македонскиот народ против Отоманската империја кренато на 3 Август 1903 година. Најсилен замав востанието имало во Битолскиот револуционерен округ. Турските власти, изненадени од опсегот на востанието, превзеле контраофанзива, на 10 август 20.000 војска, проследена со артилерија и башибозук. Најголеми борби се воделе во околината на Крушево. За време на Илинденското востание е прогласена првата Македонска Република, првата република на Балканот. За претседател на Републиката избран бил Никола Карев. Избрана била и привремена востаничка влада.

Една од најзначајните личности од тоа време бил револуционерот Гоце Делчев, лидер на Тајната Македонско - Одринска Револуционерна Организација (ТМОРО), подоцна преименувана во Внатрешно Македонска Револуционерна Организација (ВМРО).


уреди  

Македонија за време на балканските војни (1912 г. - 1913 г.)

Портал:Македонија/Македонија за време на балканските војни

уреди  

Македонија за време на првата светска војна (1914 г. - 1918 г.)

Портал:Македонија/Македонија за време на првата светска војна

уреди  

Македонија помеѓу двете светски војни (1918 г. - 1940 г.)

Портал:Македонија/Македонија помеѓу двете светски војни

уреди  

Македонија за време на втората светска војна (1939 г. - 1945 г.)

Портал:Македонија/Македонија за време на втората светска војна

уреди  

Демократска Федерална Македонија (1944 г. - 1946 г.)

Методија Андонов - Ченто
Методија Андонов - Ченто
Во виорот на Втората светска војна, на првото заседание на АСНОМ одржано на 2 август 1944 година во манастирот Св. Прохор Пчински со присуство на делегати од сите краишта на Македонија и на претставници на големите сили учесници во антифашистичката војна - САД и Велика Британија, се донесени следниве важни одлуки:
  • Решение за прогласување на АСНОМ за врховно законодавно и извршно народно претставничко тело и највисок орган на државната власт на демократска Македонија
  • Декларацијата на АСНОМ за основните права на граѓаните на демократска Македонија
  • Решението на АСНОМ за воведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава
  • Решението на АСНОМ за прогласување на Илинден – 2 август за народен и државен празник на македонската држава.

Првото заседание на АСНОМ формира свој Президиум, кој всушност претставува прва македонска влада. Покрај претседател, Президиумот имал двајца потпретседатели, двајца секретари и 17 члена. За претседател е избран Методија Андонов - Ченто.

Излегува првиот број на весникот „Нова Македонија“. Донесена одлука за основање на Школата за народни учители. Формирана е Народната библиотека „Климент Охридски“. Формирана е Македонската филхармонија. Божиќните настани на Скопското Кале: одредени единици одбиваат да заминат на Сремскиот фронт и наместо тоа сакаат да се оди на Солун. Формиран е Македонскиот народен театар. Се одржува Првиот црковно-народен собор за обновување на Македонската Православна Црква. Формирана е првата македонска влада. Донесено е решение за утврдување на македонската азбука. Од печат излегува првиот македонски буквар.

На 8 март 1946 г. Президиумот на Народното Собрание донесува закон со кој дотогашното име Демократска Федерална Македонија се менува во Народна Република Македонија.

уреди  

Народна Република Македонија (1946 г. - 1963 г.)

Методија Андонов - Ченто поднесува оставка на функцијата претседател на Президиумот на Народното Собрание на Македонија, после неколку месеци народната милиција го апси пред неговата куќа во Прилеп, по неколку месеци од неговото апсење во дводневен монтиран судски процес осуден е на 11 години робија. Во Скопје се пренесени моштите на Гоце Делчев. Уставотворното Собрание на НР Македонија го усвојува првиот Устав на НР Македонија. Формирано е Друштвото на писателите на Македонија. Основана е Македонската опера. Информбирото донесува резолуција со која се осудува комунистичка Југославија. Основан е Македонскиот балет. Основан е Институтот за национална историја. Одржан е Првиот конгрес на Комунистичката партија на Македонија. Основан е Универзитетот Кирил и Методиј. Формиран Македонскиот фудбалски сојуз. Основано Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Народното собрание на ФНРЈ го донесува Законот за самоуправување со претпријатијата и стопанските организации. Во Охрид е одржан Вториот македонски црковно-народен собор, каде што е прифатен предлогот за обнова на Охридската Архиепископија, олицетворена во самостојната Македонска Православна Црква. 1963 г. катастрофален земјотрес во Скопје.

уреди  

Социјалистичка Република Македонија (1963 г. - 1991 г.)

Прогласена е афтокефалноста на Македонската Православна Црква. 1968 се одржуваат демонстрации на Албанците во Тетово. 1974 Собранието на СФРЈ го прогласи Јосип Броз Тито за доживотен претседател на државата. Собранието на СФРЈ го избира за свој претседател Киро Глигоров. 1988, во Скопје е одржана Првата светска средба на децата бегалци од Егејска Македонија. 1989, Димитар Илиевски - Мурато првиот Македонец што се искачил на Монт Еверест. Словенија прогласува независност од СФРЈ. 1991, се одржува конститутивната седница на првото повеќепартиско Собрание на Република Македонија. Македонското собрание ја усвојува Декларацијата за сувереност на Социјалистичка Република Македонија. Киро Глигоров е избран за Претседател на Социјалистичка Република Македонија. Формирана е првата посткомунистичка влада во Република Македонија, на чело со Никола Кљусев. Од официјалното име на Македонија е избришана одредницата „социјалистичка“. Хрватска и Словенија ја објавуваат својата независност од Југославија. Претседателството на СФРЈ усвои одлука за повлекување на силите на ЈНА од Словенија. Донесена е одлука за распишување на референдум за независност на Република Македонија. Собранието на Република Македонија го усвои Уставот на Република Македонија, прв по прогласувањето на сувереност и самостојност.


уреди  

Република Македонија (1991 г. - )

На 8-ми септември 1991 година на референдум македонскиот народ одлучува Македонија да стане самостојна и суверена држава, независна од тогашната Југословенска федерација. Денес Република Македонија е држава со парламентарна демократија со главен град Скопје. Република Македонија е само дел од етничка Македонија, и опфаќа околу 38% од нејзината територија. На исток граничи со Бугарија, на север со Србија, на запад со Албанија, и на југ со Грција. Должината на границите изнесува 766 km. Република Македонија има Статус на Кандидат за земја членка на Европската Унија и треба да отпочне преговори за полноправно членство во Унијата. Државата е признаена под нејзиното уставно име од 114 земји членки на ОН меѓу кои и постојаните членки на Советот за безбедност: САД, Кина, Русија; членките на ЕУ: Полска, Словенија и Бугарија; а од соседството: Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина и Турција. Поради притисоци на Република Грција (политички, економски, културни, ...), државата е примена во Обединетите Нации под привремената референца.

Повеќе информации на порталот за Република Македонија.

уреди  

Личности

Филип II Македонски
Крал на Македонија
382 п.н.е– 336 п.н.е
  
Александар III Македонски
Крал на Македонија, Хегемон на Хеленистичката Лига,
Шах на Персија, Фараон на Египет
356 п.н.е–10 јуни, 323 п.н.е
  
Цар Самуил
Владетел на Самоиловото Царство
958 - 6 октомври1014
  
Гоце Делчев
Македонски револуционер
4 февруари1872 - 4 мај, 1903
  
Методија Андонов - Ченто
Претседател на Президиумот на АСНОМ
18 август1902 - 24 јули1957
уреди  

Категории


уреди  

галерија на слики

Портал:Македонија/галерија на слики

Static Wikipedia 2008 (March - no images)

aa - ab - als - am - an - ang - ar - arc - as - bar - bat_smg - bi - bug - bxr - cho - co - cr - csb - cv - cy - eo - es - et - eu - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - frp - fur - fy - ga - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - jbo - jv - ka - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - ms - mt - mus - my - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nn - -

Static Wikipedia 2007 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -
https://www.classicistranieri.it - https://www.ebooksgratis.com - https://www.gutenbergaustralia.com - https://www.englishwikipedia.com - https://www.wikipediazim.com - https://www.wikisourcezim.com - https://www.projectgutenberg.net - https://www.projectgutenberg.es - https://www.radioascolto.com - https://www.debitoformativo.it - https://www.wikipediaforschools.org - https://www.projectgutenbergzim.com