Сирија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги достигне стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Сирија е држава во Западна Азија, која се наоѓа на Блискиот Исток. Главен град е Дамаск. Државата зафаќа површина од 185,180 км2 и во не а живеат околу 19 милиони жители. Офизијален јазик е Арапски а најраспространета религија е исламот -околу 75% од населението се Сунити-Муслимани.Парична единица во Сирија е сириската фунта. Сирија е густо населена држава со околу 100 жители на километар квадратен. Има доста висок природен прираст, а писменоста не нејзиното население изнесува 78%.
Споре CIA бруто домашниот приход по жител (еден од најдобрите показатели за економијат и стандардот на живот) во Сирија изнесува 3400 долари годишно што ја става во група со државите како Азербејџан, Гана, Еквадор, Индонезија итн. Сепак ова не треба да се сфати како единствен фактор за расудување на економската состојба на една држава, па затоа Обединетите нации секоја година прават листи со станардите на граѓаните во државите. На оваа листа Сирија се наоѓа на 108/177, покрај Индонезија и Туркменистан и се наоѓа во таканречените средно развиени држави.
Сирија граничи со Турција, Ирак, Либан, Израел и Јордан. Освен Дамаск, други поголеми градови се Алеп, Латакија, Хама, Хомс, Деир-ез Зор итн. Тука се наоѓа и исчезнатиот град Палмира. Низ Сирија тече реката Еуфрат како и реките Аси и Кабур. Во северниот дел Сирија е низинска земја, додека во јужниот е малку повисока и тука се наоѓа и Сириската пустина. Сирија била дел од Персија а Дамаск секогаш бил еден од главните центри во империјата, било да се работи за Персија, Рим или Македонија (во овој контекст се мисли на државата на Александар Велики-Македонски). Дамаск бил и главен град на Арабискта империја. Во Сирија најразвиена е петрохемиската индустрија бидејќи земјата е голем производител и извозник на нафта,и е членка на ОПЕК.
Земји во Азија |
---|
Авганистан | Азербејџан | Бангладеш | Бахреин | Брунеи | Бутан | Виетнам | Грузија | Ерменија | Израел | Источен Тимор | Индија | Индонезија | Ирак | Иран | Јапонија | Јемен | Јордан | Јужна Кореја | Казахстан | Камбоџа | Катар | Кипар | Киргистан | Кина | Кувајт | Лаос | Либан | Малезија | Малдиви | Мијанмар | Монголија | Непал | Обединети Арапски Емирати | Оман | Пакистан | Папуа Нова Гвинеја | Русија | Саудиска Арабија | Северна Кореја | Сингапур | Сирија | Таџикистан | Тајван | Тајланд | Туркменистан | Турција | Узбекистан | Филипини | Шри Ланка |