Катар
Од Википедија, слободна енциклопедија
|
|||||
Парола: нема | |||||
Химна: Ас Салам ал Амири |
|||||
Официјален јазик: | арапски | ||||
Главен град: | Доха | ||||
Емир: | Хамад бин Халифа Ал-Тани | ||||
Премиер: | Абдула бин Халифа Ал-Тани | ||||
Површина: - вкупно: - % вода: |
164. по големина 11,437 km² занемарливо% |
||||
Население: - вкупно (2006): - Густина: |
158. по големина 839,213 74/km² |
||||
Независност: | Од ВБ, 3 септември 1971 | ||||
Валута: | Катарски ријал (100 дирхами) | ||||
Временска зона: | UTC UTC +3 | ||||
Интернет домен: | .qa | ||||
Повикувачки број: | +974 | ||||
Катар е држава во Југозападна Азија. Се наоѓа на полуостровот Катар. Главен град е Доха. Го опфаќа малиот полуостров на западниот брег на Персискиот залив и неколку соседни островчиња. На југ се граничи со Саудиска Арабија, а на запад по море се граничи со Бахреин. По државно уредување е апсолутна монархија - емират, а службен назив е Држава Катар.
Во последните 150-ина години, во политиката на Катар доминира семејството Ал-Тани, од коешто потекнува и сегашниот емир. По крајот на британскиот протекторат во 1971, земјата не се приклучува во Обединетите Арапски Емирати, одбирајќи целосна независност.
Најзастапена религија е исламот. Јазикот на мнозинството од населението е арапскиот, односно неговиот локален дијалект. Голем број од жителите се странски државјани на работа во индустријата на нафта и на земен плин.
Со нафтената индустрија доминира доминира владата. Приходите од продажбата на нафта овозможија подобрување на животниот стандард и воведување на социјална држава, слична на оние во Европа. Во 2003, БДП по семејство бил 21 500 американски долари.
Катар е седиште на познатата арапска ТВ-станица Ал-Џазира. Во последно време, земјата забрзано се демократизира. Локални избори првпат се спроведени во 1999, а собраниски избори во 2005.
Земји во Азија |
---|
Авганистан | Азербејџан | Бангладеш | Бахреин | Брунеи | Бутан | Виетнам | Грузија | Ерменија | Израел | Источен Тимор | Индија | Индонезија | Ирак | Иран | Јапонија | Јемен | Јордан | Јужна Кореја | Казахстан | Камбоџа | Катар | Кипар | Киргистан | Кина | Кувајт | Лаос | Либан | Малезија | Малдиви | Мијанмар | Монголија | Непал | Обединети Арапски Емирати | Оман | Пакистан | Папуа Нова Гвинеја | Русија | Саудиска Арабија | Северна Кореја | Сингапур | Сирија | Таџикистан | Тајван | Тајланд | Туркменистан | Турција | Узбекистан | Филипини | Шри Ланка |