Соединети Американски Држави
Од Википедија, слободна енциклопедија
- САД пренасочува овде. За Скопското астрономско друштво видете Скопско астрономско друштво.
|
|||||
Национална парола од 1789 до 1956: (латински) E Pluribus Unum (Од многуте, едно) | |||||
Национална парола од 1956 до денес: (англиски) In God We Trust (Веруваме во Бога) | |||||
Официјален јазик | Нема, но de facto англиски е национален јазик. | ||||
Главен град | Вашингтон | ||||
Најголем град | Њујорк | ||||
Претседател | Џорџ Буш | ||||
Површина - Вкупно - % вода |
3та во светот 9.631.418 km² 4.87% |
||||
Население - Вкупно (2000) - Густина |
3та во светот 281.421.906 31/km² |
||||
Независност - Датум |
Американска граѓанска војна 4 јули 1776 |
||||
БДП - Вкупно (2002) - по жител |
2ра во светот 12.332.296 милиони $ 41.557 $ |
||||
Валута | Американски долар (USD) | ||||
Временска зона | UTC -5 до UTC -10 (6 временски зони низ САД) | ||||
Национална химна | The Star-Spangled Banner (Ѕвездениот бајрак) | ||||
Интернет домени | .gov .edu .mil .us .um | ||||
Повикувачки број | 1 |
Соединетите Американски Држави - познати уште како Соединети Држави, Америка или (архаично) Колумбија - cе федерална република од 50 држави, претежно сместени во средишниот дел од Северна Америка. Соединетите Држави имаат три копнени граници, две со Канада и една со Мексико, како и две територијални граници по вода со Русија и Бахамите. По вода Соединетите Држави се ограничени со Тихиот Океан, Беринговото Море, Северниот Леден Океан и Атлантскиот Океан. Две од 50-те земји, Аљаска и Хаваи, не се граничат со ниедна друга американска држава. Соединетите Држави исто така имаат и прекуморски територии и поседи во останатите делови од светот. Секоја од 50-те држави има висок степен на локална автономија под федералниот систем. Граѓаните на САД обично се нарекуваат Американци. Главен град на САД е Вашингтон. Најголемите градови во САД се:
- Њујорк, Њујорк- 8,008,278
- Лос Анџелес, Калифорнија - 3,694,820
- Чикаго, Илиноис - 2,896,016
- Хјустон, Тексас - 1,953,631
- Филаделфија, Пенсилванија - 1,517,550
- Феникс, Аризона - 1,321,045
- Сан Диего, Калифорнија - 1,223,400
- Далас, Тексас - 1,188,580
- Сан Антонио, Тексас - 1,144,646
- Детроит, Мичиген - 951,270
- Сан Хозе, Калифорнија - 894,943
- Индијанаполис, Индијана - 791,926
- Сан Франциско, Калифорнија - 776,733
- Џексонвил, Флорида - 735,617
- Колумбус, Охајо - 711,470
- Остин, Тексас - 656,562
- Балтимор, Мериленд - 651,154
- Мемфис, Тенеси - 650,100
- Милвоки, Висконсин - 596,974
- Бостон, Масачусетс - 589,141
[уреди] Политички поделби
Освен сојузните држави, Соединетите Американски Држави содржат и едан Федерален дистрикт; Дистрикт Колумбија, каде е сместен Вашингтон D.C.. Неколку острвски територии се истотака во саставот на САД. Тоа се: Американска Самоа; островот Бејкер; Гуам; островот Хауланд; островот Џарвис; атолот Џонстон; Кингман Риф; атолот Мидвеј; Наваса островот; Северни Маријански острови; атолот Палмyра; Порторико; Девствени острови и Вејк островот.
|
Земји во Северна Америка |
---|
Сoединети Американски Држави Политичка поделба |
|
---|---|
Федерален округ | Округ Колумбија |
Држави | Ајдахо | Ајова | Алабама | Аљаска | Аризона | Арканзас | Вајоминг | Вашингтон | Вермонт | Вирџинија | Висконсин | Делавер | Западна Вирџинија | Илиноис | Индијана | Јужна Дакота | Јужна Каролина | Јута | Калифорнија | Канзас | Кентаки | Колорадо | Конектикат | Луизијана | Масачусетс | Мејн | Мериленд | Минесота | Мисисипи | Мисури | Мичиген | Монтана | Небраска | Невада | Њујорк | Њу Мексико | Њу Хемпшир | Њу Џерси | Оклахома | Орегон | Охајо | Пенсилванија | Род Ајленд | Северна Дакота | Северна Каролина | Тексас | Тенеси | Флорида | Хаваи | Џорџија |
Придружни држави | Американска Самоа | Гуам | Северни Маријански Острови | Порторико | Девствени острови |
Острвски територии | Бејкер | Вејк | Џарвис | Кингмен | Мидвеј | Наваса | Палмира | Атол Џонсон |