Знаме на САД
Од Википедија, слободна енциклопедија
Знамето на Соединетите Американски Држави се состои од тринаесет еднакви ленти наизменично црвени со бели, со син правоаголник во горниот лев агол на кој има 50 мали бели петокраки ѕвезди сместени во 5 реда од по шест наизменично со 4 реда од по 5. 50-те ѕведички ги претставуваат сојузните држави на САД, а 13-те ленти ги претставуваат оригиналните тринаесет колонии кои се побуниле против Британската круна и станале првите сојузни држави.
Знамето на САД е еден од најкористените и најпрепознатливите симболи на земјата. Во САД тоа често се истакнува не само на јавни згради, туку и на приватни домови како и на возила, облека, и сл.
Знамето на САД за првпат е усвоено од Конгресот на САД на 14. јуни 1777, и оттогаш овој ден во САД се прославува како Ден на знамето. Првото знаме на САД имало само 13 ѕвездички, бидејќи тогаш федерацијата се состоела од 13 сојузни држави.