Архелај I
Од Википедија, слободна енциклопедија
Архелај I бил крал на Античка Македонија од 413 до 399 п.н.е кој стапил на тронот по смртта на неговиот татко, Пердика II. Мајка му на Архелај всушност била робинка, а Архелај успеал да дојде до тронот со тоа што го убил неговиот чичко, братучед и неговиот полубрат кој бил законски наследник, но се докажал како способен и полезен владетел кој од корен ја променил државната административна структура, војската и трговијата.
Кратко по неговото крунисување, Архелај бил соочен со ситуација која му дозволила тотално да ги промени односите на Македонија со Атина, кои представувале голема закана во последните 50-тина годни. Атињаните биле тешко поразени во Сиракуза при крајот на 413 год. и најголемит дел од нивните бродови биле уништени. Поради ова на атињаните очајно им требало огромно количество на дрво за нови бродови и така Архелај бил во состојба да ја постави цената. Потем тој великодушно ги снабдувал со сето дрво кое им требало. Како признание за ова, атињаните го почестиле Архелај и неговите деца со титулата,,Народен Проксенос и Евергет".
Потоа Архелај се зафатил за спроведување на многу внатрешни реформи. Издал големо количество на монети од одличен квалитет, изградил тврдини, направил прави патишта (од важност за мобилноста на војската) и ја подобрил организацијата на војската, особено коњицата и хоплитите.
Архелај исто така бил познат како човек од култура и создал посебни културно-уметнички врски со јужна Грција. Во неговото ново седиште Пела (кое го преместил од Ајга) тој почнал да ги прима големите поети, трагичари, вклучувајќи го и Еврипид (кој ги напишал неговите трагедии Архелај и Бахите за време на неговиот престој во Македонија), музичари, и сликари, вклучувајќи го и Зевкиј (најславниот сликар во тоа време). Архелај исто така и го вовел празникот Олимпија, кој бил верски празник со атлетски натпревари во чест на Зевс и музите во Дион. Најголемите атлетичари и ументници биле собрани на едно место за овој настан.
Архелај бил убиен во 399 п.н.е во лов од страна на еден од неговите пажови. Можно е ова дело да било дел од заговор, иако ништо никогаш не се докажало. Дотогаш тој успеал да ја претвори Mакедонија во голема воена и економска сила. Тукидид дури и има речено дека Архелај направил повеќе за Македонија отколку сите негови предходници заедно.
Аргеади | Каран • Коин • Тирима • Пердика I • Аргеј I • Филип I • Аероп I • Алкет I • Аминта I • Александар I • Алкет II • Пердика II • Архелај I • Кратер • Орест и Аероп II • Архелај II • Аминта II • Павзаниј • Аминта III • Аргеј II • Аминта III • Александар II • Птоломеј I1 • Пердика III • Аминта IV • Филип II • Александар III • Антипатар1 • Филип III Аридеј2 • Александар IV2 • Пердика1 • Антипатар1 • Полиперхон1 • Касандар1 | |
Антипатриди | Касандар • Филип IV • Александар V • Антипатар II | |
Антигониди | Деметриј I Полиоркет • Лизимах и Пир Епирски • Птоломеј II Керавн • Мелегар • Антипатар II • Состен • Антигон II Гонат • Деметриј II • Антигон III Досон • Филип V • Персеј | |
1 Регент на Македонија 2 Формално крал |