1944
Од Википедија, слободна енциклопедија
< 19 век | 20 век | 21 век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
[уреди] Настани
- 14 март - Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ испраќа писмо до сите народно-ослободителни одбори за избор на делегати за Првото заседание на АСНОМ
- 19 март – Германските сили ја окупираат Унгарија
- 25 април – Започнува Пролетната офанзива во Македонија
- 17 јуни – Исланд прогласува целосна независност од Данска
- 19 јуни – Завршува Пролетната офанзива во Македонија
- 24 јуни – Македонската делегација во состав Методија Андонов - Ченто, Емануел Чучков и Кирил Петрушев остварува средба на Вис со Народниот комитет за ослободување на Југославија на чело со Јосип Броз Тито.
- 1 август – Започнува Варшавското востание
- 2 август – Се одржува Првото заседание на АСНОМ
- 23 август – Романскиот премиер Јон Антоанеску е уапсен и е основана нова влада, која преминува на страната на сојузниците
- 9 септември – Отечествениот фронт доаѓа на власт во Бугарија
- 2 октомври – Задушено е Варшавското востание
- 20 октомври – Ослободен е Белград
- 29 октомври – Излегува првиот број на весникот „Нова Македонија“
- 3 ноември - Во селото Горно Врановци, е донесена одлука за основање на Школата за народни учители во Скопје
- 7 ноември – На претседателските избори во САД Френклин Рузвелт по четврти пат е избран за претседател на САД
- 13 ноември – Ослободено е Скопје
- 23 ноември – Формирана е Народната библиотека „Климент Охридски“ во Скопје
- 24 ноември – Формирана е Македонската филхармонија
- 26 ноември – Во Скопје се одржува Првата национална конференција на Народноослободителниот фронт на Македонија
- 28-30 декември – Во Скопје се одржува Второто заседание на АСНОМ
- 31 декември – Унгарија и објавува војна на Германија
[уреди] Родени
- 7 април – Герхард Шредер, германски канцелар
- 14 мај – Џорџ Лукас, американски режисер
- 21 мај – Мери Робинсон, ирска претседателка
- 25 септември – Мајкл Даглас, американски актер
- 9 октомври – Питер Тош, јамајкански пејач
- 2 декември – Ибрахим Ругова, косовски претседател
[уреди] Починале
- 23 јануари – Едвард Мунк, норвешки сликар
- 26 јули – Реза Пахлави, ирански шах
- 25 февруари - Кузман Јосифовски - Питу, македонски револуционер
- 21 септември – Ибе Паликуќа, македонска партизанка
- 7 октомври – Ацо Караманов, македонски поет
- 14 октомври – Ервин Ромел, германски генерал
- 13 декември – Василиј Кандински, руски сликар
- 30 декември – Ромен Ролан, француски писател
Видете исто: