28 декември
Од Википедија, слободна енциклопедија
Ное - Декември - Јан | ||||||
п | в | с | ч | п | с | н |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |
29 | 30 | 31 | ||||
календар за 2008 г. Сите дати |
28 декември е 362-иот ден во годината според григоријанскиот календар (363-и во престапна година). Остануваат 3 денови до крајот на годината.
Настани:
1895 | Во Париз, во просториите на „Гранд кафе“, браќата Луј и Огист Лимиер, организираа прва филмска проекција. Тоа беа првите „подвижни слики“ во историјата, кратки филмови. Оваа филмска претстава предизвика воодушевување кај публиката и се смета за датум на раѓањето на кинетомаграфијата. Само десет години подоцна, битолските браќа Манаки, Јанаки и Милтон, го снимија првиот филмски кадар на Балканот. |
1908 | Од земјотрес во Месина и Калабрија, во Италија, загинаа околу 83.000 лица. |
1943 | Во селата Прждево и Клисура, кај Неготино, партизанскиот батаљон „Страшо Пинџур“ ги нападна германските делови за врска и деловите за противавионски извидувања. По куса борба кај селото Прждево, загинаа седум германски војници, додека нападот врз селото Клисура, не успеа поради интервенција на бугарските единици од Кавадарци и од Демир Капија. |
1944 | Во Скопје почна тридневната работа на Второто (вонредно) заседание на АСНОМ. |
1944 | Во Скопје почна да работи Радио Скопје на куси бранови од 50 метри на македонски јазик. Првата емисија што ја емитуваше беше преносот од Второто (вонредно) заседание на АСНОМ. |
1995 | Од космодромот во Бајконур, Казахстан, од една руска носечка ракета, е лансиран сателит од индиско производство. Заедно со сателитот беше уште едно летало, наречено „скипер“, сопственост на Универзитетот во Утах, САД. |
1997 | Долготрајните недоразбирања во Австралиската епархија на МПЦ, во Мелбурн кулминираа и со масовна тепачка меѓу приврзаниците на спротивставените страни (на приврзаниците и противниците на владиката Петар), пред редовната богослужба во МПЦ „Свети Ѓорѓи“ и „Пресвета Богородица“, во мелбурншкото предградие Епинг. |
Родени:
1856 | Вудро Вилсон, дваесет и осмиот претседател на САД. Беше претседател од 1913 до 1921 година. |
Починале:
1925 | Сергеј Александрович Есенин, еден од најзначителните руски лиричари и истакнат обновувач на поетската сликовитост. |
1937 | Морис Равел, француски композитор. |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |