3 декември
Од Википедија, слободна енциклопедија
Ное - Декември - Јан | ||||||
п | в | с | ч | п | с | н |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |
29 | 30 | 31 | ||||
календар за 2008 г. Сите дати |
3 декември е 337-иот ден во годината според григоријанскиот календар (338-и во престапна година). Остануваат 28 денови до крајот на годината.
Настани:
1942 | Во Тетово излезе првиот број на весникот на Окружниот комитет на КПЈ за територијата на Македонија под Италијанска окупација „Востаник“. Излегуваше до февруари 1943 година. |
1967 | Лекарите во Кејптаун, во Јужноафриканската Република, објавија дека во болницата „Гроте Шур“, за првпат во историјата , е извршена успешна трансплатација на човечко срце. Екипата на чело со д-р Кристијан Барнар изврши операција врз заболениот Луис Вашкански, меѓутоа тој умре по десетина дена. |
1993 | САД отворија Канцеларија за врски, а на чело на ова дипломатско претставништво е поставен Роберт Норман. |
1997 | Германското Министерство за одбрана поведе дисциплинска постапка против шестмина војници, кои просториите во нивните касарни ги украсувале со слики на Адолф Хитлер и со нацистички знамиња. |
Родени:
1800 | Франце Прешерн словенечки поет. |
1830 | Фредерик Лејтон, англиски академски сликар |
Починале:
1949 | Димитар Иванов Стојанов, прв оригинален бугарски писател за деца, еден од најдобрите сликари на бугарското село. |
1965 | Благоја Стефановски - Гојчо, македонски револуционерен и воен раководител. |
1980 | Драги Костовски, македонски артист. |
1991 | Стојан Гогов, доајен на народниот театар „Антон Панов“ од Струмица. |
1994 | Франтишек Вацлав Мареш, професор по славистика на Виенскиот универзитет, кој има извонредни заслуги за афирмацијата на македонистиката во светот. |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |