1991
Од Википедија, слободна енциклопедија
< 19 век | 20 век | 21 век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
[уреди] Настани
- 8 јануари - Се одржува конститутивната седница на првото повеќепартиско Собрание на Република Македонија.
- 9 јануари - Претседателството на СФРЈ усвојува наредба со која изречно се бара расформирање на сите нерегуларни вооружени формации на територијата на државата.
- 10 јануари - Одржан е референдум за независност на Нагорно-Карабах.
- 25 јануари - Македонското собрание ја усвојува Декларацијата за сувереност на Социјалистичка Република Македонија.
- 27 јануари - Киро Глигоров е избран за Претседател на Република Македонија.
- 1 февруари - Македонското собрание го избра Љубчо Георгиевски за потпретседател на Република Македонија.
- 9 февруари - Граѓаните на Литванија гласаат за независност на нивната земја од СССР.
- 20 март - Формирана е првата посткомунистичка влада во Република Македонија, на чело со Никола Кљусев.
- 6- 7 април – Во Прилеп се одржува Првиот конгрес на ВМРО ДПМНЕ, официјално Деветти.
- 18 април – Македонското собрание донесува одлука за промена на името на Радио телевизија Скопје во Македонска радио телевизија.
- 20 април - На 11-от Конгрес на СКМ - Партија за демократска преобразба е формиран Социјалдемократскиот сојуз на Македонија
- 6 мај - Во Сплит е убиен Сашко Гешовски, прва македонска жртва во конфликтот во поранешна Југославија. Тој ден Гешовски бил на должност стражар во командата на воено поморската област во Сплит каде на протести излегле околу 30.000 демонстранти.
- 29 мај - ФК Црвена звезда во Бари, Италија го освои Купот на европски прваци, со победа во финалето над Олимпик Марсеј.
- 7 јуни - Од официјалното име на Македонија е избришана одредницата „социјалистичка“.
- 25 јуни - Хрватска и Словенија ја објавуваат својата независност од Југославија.
- 27 јуни - Започна т.н. 10-дневна војна во Словенија, а со тоа и воениот конфликт во поранешна СФРЈ.
- 18 јули - Претседателството на СФРЈ усвои одлука за повлекување на силите на ЈНА од Словенија.
- 6 август - Донесена е одлука за распишување на референдум за независност на Република Македонија.
- 24 август - Силите на ЈНА и српските паравоени формации ги започнаа нападите врз Вуковар.
- 8 септември - Одржан е референдум за независност на Македонија од СФРЈ на кој македонските гласачи, со 95% од гласовите, се изјаснуваат за независност.
- 17 ноември - Собранието на Република Македонија го усвои Уставот на Република Македонија, прв по прогласувањето на сувереност и самостојност.
- 18 ноември - Српските сили го освоија хрватскиот град Вуковар, по 87-дневна опсада.
- 18 ноември - Во Босна и Херцеговина е прогласена Хрватската заедница Херцег-Босна.
- 19 ноември - Собранието на Република Македонија едногласно донесe Декларација за меѓународно признавање на Република Македонија како суверена и независна држава.
- 22 ноември - Египетскиот политичар Бутрос Гали е избран за генерален секретар на Обединетите Нации.
- 1 декември - Украинските гласачи со огромно мнозинство гласаат позитивно за независност од Советскиот Сојуз.
- 19 декември - Во близина на Врање во сообраќајна несреќа загина македонскиот министер за внатрешни работи Јордан Мијалков.
- 21 декември - Во Минск, БССР формирана е Заедницата на независни држави.
- 25 декември - Михаил Горбачов поднесува оставка на функцијата претседател на СССР.
- 31 декември - СССР официјално престанува да постои.
[уреди] Родени
[уреди] Починале
- 21 мај - Раџив Ганди, индиски премиер
- 30 септември - Тома Здравковиќ, српски пејач
- 24 октомври - Џин Роденбери, американски режисер
- 9 ноември - Ив Монтан, француски актер и пејач
- 24 ноември - Фреди Меркјури, американски пејач
Видете исто: