Михаил Горбачов
Од Википедија, слободна енциклопедија
Михаил Горбачов | |
Лидер на СССР | |
Роден | 2 март 1931 Приволнаја, Ставропол, СССР |
---|
Михаил Сергеевиќ Горбачов (на руски: Михаи́л Серге́евич Горбачёв) бил советски политичар, раководтел на СССР во периодот од 1985 до 1991 година. Бил роден во семејство на селани на 2 март 1931 година во село Приволнаја, блиску до Ставропол. Ја имал функцијата генерален секретар на ЦК на КПСС и претседател на Президиумот на Врховниот совет на СССР. Тој всушност бил прв и последен претседател на СССР. Со неговата политика која ја водел, дошло до крај на Студената војна и до повлекување од власта на КПСС, а со тоа и до распаѓање на Советскиот Сојуз. Во 1990 година станал носител на Нобеловата награда за мир. Во 1992 година основал фондација “Горбачов“, во 1996 година се кандитирал за претседател каде освоил само 1 % од вкупните гласови. Во 2001 година создал Социјалдемократска партија која ја напуштил во 2004 година поради недоразбирања со претседателот. Во 2004 година присуствувал на погребот на Роналд Реган.
Руски владетели | ||
Руски кнезови и цареви (1283–1547) | Данил Московски • Јуриј III • Иван I • Симеон • Иван II • Дмитриј Донски • Василиј I • Василиј II • Иван III • Василиј III • Иван IV • Фјодор I • Борис Годунов • Фјодор II • Лажни-Дмитриј I • Василиј IV • Михаил Романов • Алексеј Романов • Фјодор III • Иван V • Петар I | |
Императори на Русија (1721–1917) | Петар I • Екатерина I • Петар II • Ана Ивановна • Иван VI • Елисавета Петровна • Петар III • Екатерина II • Павел I • Александар I • Николај I • Александар II • Александар III • Николај II | |
Лидери на Советскиот Сојуз (1917–1991) | Владимир Ленин • Јосиф Сталин • Георгиј Маленков • Никита Хрушчов • Леонид Брежнев • Јуриј Андропов • Константин Черненко • Михаил Горбачов | |
Претседатели на Русија (1991–) | Борис Елцин • Владимир Путин • Димитриј Медведев |