Дмитриј Донски
Од Википедија, слободна енциклопедија
Св. Дмитриј Иванович Донски (руски:Дми́трий Донско́й) (12 октомври 1350 во Москва- 19 мај 1389 во Москва) бил син на Иван II Кресни, а бил принц од Москва од 1359 година и принц од Владимир од 1369 година, па се до до всојата смрт во 1389 година. Тој е првиот принц од Москва којшто војувал со Татарите,а поради неговата победа над нив во битката кај Куликово во 1380 којашто се водела по течението на реката Дон, Дмитриј го добил псевдонимот Донски.
[уреди] Рано владеење
Дмитриј го преземал тронот како принц на Москва на само 9 години. За време на неговото рано владеење мошне активна била владата на чело со московскиот митрополит Алексеј. Во 1360 годна најголемото достоинство помеѓу руските принцови, принцот од Владимир го трансформирало во Кан на златната орда по Дмитриј Константинович од Нижни Новгород. Во 1363 кога принцот бил сменет, Дмитриј бил крунисан за принц од Владимир. Три години подоцна, тој склучил примирје и сојузништво со Дмитриј Константинович и се оженил со неговта ќерка Евдоксија. Во 1376 година нивните здружени војски ја уништиле Волга Бугарија.