12 октомври
Од Википедија, слободна енциклопедија
Шаблон:Октомври 2008
12 октомври е 285-иот ден во годината според григоријанскиот календар (286-и во престапна година). Остануваат 80 денови до крајот на годината.
Настани:
1492 | Прочуениот Италијански морепловец Кристофер Колумбо (1451-1506), во служба на Шпанија, по двомесечно пловење, пристигнал на бахамскиот остров Гуанахани, откривајќи ја на тој начин Америка. Колумбо на овој пат тргнал со три брода : „Санта Марија“, „Ниња“ и „Пинта“. Во текот на патувањето ги открил Куба и Хаити, каде што оставил дел од своите луѓе и се вратил во Шпанија. Подоцна, уште неколкупати одел на слични патувања. |
1822 | Бразил се стекнува со независност. Дотогаш оваа земја била португалска колонија. |
1941 | Во Прилеп, бугарската полиција уапсила 900 граѓани како репресија поради нападот на Прилепскиот партизански одред на бугарската полициска станица, на затворот и на телеграфско-телефонската мрежа, претходниот ден. По малтретирањето биле издвоени членовите на КПЈ и на СКОЈ и префрлени во Битола, а потоа изведени пред суд. |
1964 | Советскиот Сојуз го лансирал вселенскиот брод „Восток-1“ со пилотот Владимир Комаров, со научникот Константин Феоктисов и со лекарот Борис Јегоров. |
1969 | Советскиот Сојуз го лансирал вселенскиот брод „Сојуз-7“ со екипаж од три члена, кои во вселената се сретнале со двајцата членови на екипажот на претходно лансираниот брод „Сојуз-6“. |
1994 | Во селото Гиновци, во близина на Крива Паланка започнала изградбата на железничката пруга Куманово - Бељаковци - Деве Баир. |
1995 | На состанокот на Постојаниот комитет на ОБСЕ во Виена, Република Македонија била премина во редовно членство. |
Родени:
1896 | Еуџенио Монтале, италијански поет, најголем претставник на италијанскиот херметизам. |
1962 | Бранко Црвенковски, третиот претседател на Република Македонија. |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |