1 февруари
Од Википедија, слободна енциклопедија
Јан - Февруари - Мар | ||||||
п | в | с | ч | п | с | н |
1 | 2 | 3 | ||||
4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | |
календар за 2008 г. Сите дати |
1 февруари е 32-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 333 денови до крајот на годината (334 во престапна).
Настани:
1883 | Почна изградбата на Панамскиот канал под раководство на францускиот инженер Фердинанд Лесепс, градител на Суецкиот кана. Изградбата заврши со еден од најголемите финансиски скандали во 19 век. Работите беа прекинати цели 20 години. Целосна контрола над зоната над каналот презедоа САД, со чија финансиска подршка, каналот е завршен во август 1914 година. Каналот е долг 81 километар. |
1887 | Основан е Холивуд, најголемиот филмски град (предградие на Лос Анџелес) во светот. Првиот филм е снимен во 1911 година. |
1924 | Британската лабуристичка влада го призна СССР, што значително придонесе за намалување на дипломатската изолација на првата социјалистичка земја во светот. |
1946 | Норвежанецот Тригве Ли е избран за прв генерален секретар на Организацијата на Обединетите нации. |
1994 | Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Република Финска на ниво на амбасади. |
1996 | Советот за безбедност на ООН го прифати предлогот на генералниот секретар на ООН од овој датум силите за превентивно распоредување на ООН (УНПРЕДЕП), да останат целосно независна операција во Република Македонија. |
2003 | Спејс шатлот Колумбија се распаѓа над небото на Тексас, убивајќи ги сите 7 астронаути. |
Родени:
1834 | Кузман Шапкарев еден од најзначајните собирачи, публикатори, афирматори на македонски народни умотворби и еден од првите македонски учебникари. |
Починале:
1944 | Пит Мондријан, холандски сликар и теоретичар. |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |